Контакт

Забава

Режирал некои од најдобрите филмови на сите времиња, а за актерите има посебни правила

Објавено пред

Легендарниот режисер Мартин Скорсезе во четвртокот (17 ноември) го прослави својот 80. роденден, а во оваа пригода повеќе медиуми се навратија на некои од неговите најинтересни режисерски техники.

dobivaj vesti na viber

Имено, Скорсезе има специфични правила за актерите со кои работи, а за некои од овие правила и самиот Леонардо ди Каприо призна дека се практично нечуени во филмската индустрија.

Едно од првите правила на Скорсезе е дека заплетот е спореден во однос на неговиот однос со актерите во филмовите.

„Секогаш е фокусиран на она што актерот го дава и таа динамика еден на еден. Заплетот е спореден за него. Неговиот фокус е да ја пронајде суштината на приказната преку актерите со кои работи“, изјави Ди Каприо за „Њујорк тајмс“ во 2020 година.

Претходно, во друго интервју за „Холивуд репортер“, Ди Каприо нагласи колку Скорсезе ја усовршува врската меѓу актерот и режисерот.

„Тој го почитува процесот на актерот. Тоа го гледате на филмовите што ги прави и навистина нема подобар. За него, вашата изведба е најважна работа, а филмот на крајот е структуриран на она што вие го правите како актер и на она што тој го дава… тоа е процес што треба да се негува и тоа е нешто што е талент само по себе затоа што е тешко да нè натерате како актери да се чувствуваме удобно на снимањето и да бидеме најдобри“, рече Ди Каприо.

Актерите што работат под режисерската палка на Скорсезе треба да очекуваат да бидат заглавени на многу долги проби пред да почне снимањето.

Снимателот Мајкл Ни зборува за Story First за неговото време со Скорсезе на филмот Shutter Island од 2010 година.

„Тој поминува доста време со актерите на многу долги приватни проби. Кога ќе почнат пробите пред камера, актерите се исклучително подготвени“, вели снимателот.

Во едно неодамнешно интервју сценаристот Теренс Винтер потврди колку Скорсезе е посветен на својот занает откривајќи дека режисерот се мачел да внесе една од најпознатите сцени на „Волкот од Волстрит“ во филмот. Винтер откри дека сцената со јахтата што тоне за малку немало да влезе во финалната верзија бидејќи била прескапа.

„Бидејќи сценариото беше предолго, се плашевме дека ќе има работи што ќе треба да ги исечеме – како што е секвенцијата кога бродот тоне и тие се спасени на море. Беше толку диво и толку скапо. Марти продолжи да се бори и рече: „Мораме да го имаме овој кадар. Морам да го имам“, изјави сценаристот во интервју за „Холивуд репортер“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

„Д фестивал“ и официјално избран меѓу топ-10 најдобри фестивали во Европа

Објавено пред

„Д фестивал“, водечкиот летен фестивал во Македонија, е официјално избран меѓу топ-10 најдобри фестивали во Европа за претстојните Европски фестивалски награди (European Festival Awards 2025), најпрестижното признание на европската фестивалска индустрија.

dobivaj vesti na viber

„По завршувањето на јавниот избор во кој за номинираните фестивали гласаше публиката од цела Европа, нашиот фестивал влезе во потесната листа на 20 најдобри, а потоа, по гласовите на меѓународно жири, составено од водечки експерти од музичката индустрија,’Д фестивал’ се пласира и во финалниот shortlist на најдобрите 10 фестивали во својата категорија – историски успех и огромно признание за македонската независна фестивалска сцена“.

Според европските стандарди за музички фестивали, „Д фестивал“ е во најтесниот избор во категоријата „Најдобар мал европски фестивал“, односно со капацитет 10.000 посетители дневно, а во финалето е заедно со фестивали од Швајцарија, Данска, Италија, Холандија, Романија, Бугарија и Србија.

„Д фестивал“ влегува во финалето со најдобрите во 2025 како единствен настан од Македонија, а во децениската историјата на фестивалските „оскари“ тој е втор македонски фестивал што успеал да се искачи до листата на 10 најдобри по „Таксират“, кој се запиша во оваа селекција со своите изданија во 2016 и 2022 година.

Пласманот, како што велат од организацијата, меѓу најдобрите фестивали во Европа претставува силна меѓународна валидација за долгогодишната посветеност на фестивалот – за уникатниот програмски концепт, продукција, уметничката програма, доживувањето за посетителите и развојот и брендирањето на нови локациски идентитети.

Победниците во секоја категорија ќе бидат објавени на официјалната церемонија на Европските фестивалски награди, што ќе се одржи на 14 јануари 2026 година во Гронинген, Холандија.

„’Д фестивал’, основан во 2011 година, е препознатлив како единствениот open-air фестивал во Македонија, кој се одржува секоја година со тридневна мултидимензионална програма. Фестивал што секоја година гради уникатна фестивалска заедница, посветена на слободниот креативен дух, инклузивноста и одржливите практики.

Годинава, сепак, останува забележана и како една од најтешките во историјата на фестивалот. Неколку месеци пред одржувањето на настанот трагедијата што ни се случи во Кочани остави длабока траума и трага врз целата музичка сцена и заедницата. По трагедијата во Кочани, ‘Д фестивал’ се посвети на хуманитарната мисија откажувајќи се целосно од приходот од влезниците и го донира во соработка со иницијативата Support Кочани. На хуманитарниот ‘Д фестивал’ оваа година во Штип настапија: Д систерс оф мерси, Соулфлај, Инер Сркл, Томи Кеш, Кирил Џајковски, Буч Кесиди, Мизар, Архангел, Фолтин, Прљаво казалиште, Љубојна, С.А.Р.С., Драган Мијалковски, Дина Јашари, Паркети, Пијан Славеј, Доуп Куќата и уште десетици други музички артисти од Македонија.

Следното издание на ‘Д фестивал’ веќе е закажано за 26-28 јуни во Штип, а објавен е и првиот хедлајнер – IDLES – британските панк-рок ѕвезди и моментно еден од најважните live-бендови во светот. Во зенитот на својата кариера пристигнуваат првпат кај нас! Во продажба се и првите влезници „Ран Корморан“, достапни на веб-страницата и на благајните на Мк тикетс“.

Прикажи повеќе...

Забава

(Фото) Мадона измамува воздишки во секси облека

Објавено пред

Пејачката Мадона долго време е тема на јавноста поради нејзиниот љубовен живот. Странските медиуми неодамна објавија дека поп-дивата треба да се омажи за својот 38 години помлад партнер, Акем Морис, а извори блиски до неа тврдат дека таа е вљубена во него до уши.

dobivaj vesti na viber

„Морис ја прави среќна, никој никогаш не се однесувал така со неа“, велат изворите.

Сега таа објави серија жешки фотографии на „Инстаграм“ покажувајќи дека годините за неа се само бројка и дека на 68 години изгледа како вистинска дива.

Носеше розов фустан од корсет, кој ги нагласува нејзината вита фигура и градите, а на својот изглед додаде и крзнено палто, исто така во розова боја.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Madonna (@madonna)

Изгледот го надополни со брановидна фризура и впечатлива шминка, а ова издание многу потсетува на нејзината ера Blond Ambition од 1990 година.

Судејќи според објавите на социјалните мрежи, поп-дивата ужива во љубовта со својот 38 години помлад партнер, а за него носи комбинации што привлекуваат погледи и измамуваат воздишки.

фото: Depositphotos

Прикажи повеќе...

Забава

(Фото) Сè што ви треба за најмодерниот зимски изглед се овие чевли

Објавено пред

Како што се приближуваат празниците, модните љубители во светот бараат совршена облека за божиќни вечери, вечерно излегување со пријатели или гламурозна новогодишна забава.

dobivaj vesti na viber

Додека фустаните со светки и екстравагантните парчиња секогаш имаат свој шарм, Французинките – апсолутните кралици на шикот без напор – нè потсетуваат дека вистинската софистицираност често лежи во деталите. Оваа година тој детаљ е чифт црвени чевли.

Црвената боја веднаш испраќа порака за самодоверба, празничен дух и женственост. За разлика од очигледните празнични изгледи, црвените чевли може да ја трансформираат дури и наједноставната облека давајќи ѝ моментен карактер и енергија. Французинките го знаат ова и затоа ги избираат одново и одново – од класични чевли до удобни балетанки и минималистички сандали.

Црвени чевли за секоја пригода
За време на празниците црвените чевли лесно се приспособуваат на секоја ситуација. За гламурозни вечери, чифт црвени чевли со зашилен врв или тенка потпетица веднаш додава софистициран и елегантен допир. За понеформални моменти – како што е излегување со пријатели или семејно собирање – црвените балетанки или „мери џејнс“ со ниски потпетици се идеални бидејќи обезбедуваат удобност, без да се жртвува стилот.

Дури и црвените сандали може да бидат хит, особено кога се комбинираат со монохроматски комбинации, што им овозможуваат на чевлите да блеснат.

Друга голема предност на црвените чевли е нивната разноврсност – тие не се само за празниците. Може да се носат преку целата година, со фармерки, здолништа или елегантни панталони. Значи, наместо да инвестирате во нов фустан што можеби ќе го носите само еднаш, црвените чевли нудат бесконечни можности за стилизирање.

фото: unsplash

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Муцунски: Оваа Влада ниту водела, ниту ќе води политика за прифаќање мигранти во каква било форма

Владата е целосно посветена на економскиот развој и на подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. Градиме партнерства што носат...

Македонија6 часа

Не може потпис на правен акт да е предизвикувач на пожар, рече Шилегов, бранител на државниот советник Шофкет Хазари обвинет во „Пулс“

Нешто повеќе од половина час, денес, во судницата во „Идризово“, адвокатот Петре Шилегов, бранител на државниот советник во Министерството за...

Топ9 часа

(Фото) Претрес во Тетовско, пронајдени дрога, оружје и муниција

Денеска околу 08:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода 30-годишниот Ф.Р. од село Орашје, општина Јегуновце....

Македонија9 часа

Обвинение за таткото и двете ќерки: спречиле службени лица да одземат добиток во Крива Паланка

Основното јавно обвинителство Крива Паланка поднесе обвинителен предлог против три лица за кривично дело спречување службено лице во вршење службено...

Македонија9 часа

(Видео) „Филипче работел на изградба на прифатен центар за мигранти во Македонија“: Лефков објави документи

„Филипче не е лидер, туку потрчко на Заев, едно дугме-политичар кој има единствена улога да го покрива и штити неговиот...

Топ9 часа

Уапсено лицето што насилно упадна во студиото на „Инфомакс“

Полициски службеници од ПС Кисела Вода го лишија од слобода 43-годишниот Г. С. од Скопје веднаш по добиената пријава на...

Македонија10 часа

Насилен упад во студиото на „Инфомакс“, ЗНМ бара најстрога санкција за напаѓачот

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) најостро го осудува бруталниот напад што вчера се случи во редакцијата на „Инфомакс“ за...

Топ10 часа

Приведен навивач од Словачка, на 10 други не им беше дозволен влез во државата поради агресивно однесување во авион за време на лет

Вчера околу 20:30 часот во СВР Скопје, од службите на Меѓународен аеродром Скопје и од Регионалниот центар за гранични работи...

Европа12 часа

(Видео) „Невозможно е да се запрат, тие се насекаде“: Покровск е нападнат од огромен број руски војници

Во една од најжестоките битки од почетокот на војната, украинските сили го бранат Покровск од огромни руски сили од околу...

Регион12 часа

Црногорскиот премиер рече дека ќе влезе во ЕУ пред Србија; Вучиќ: Прво скокни, па кажи оп

Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера во Брисел ја коментираше реакцијата на црногорскиот премиер Милојко Спајиќ на неговата идеја земјите од...

Европа12 часа

(Видео) Зеленски: Во руската историја никој никогаш не бил толку зависен од Кина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави, по извештајот на шефот на киевската служба за надворешно разузнавање, дека Русија и Кина преземаат...

Свет13 часа

Трамп: Поканети сме на состанок во Европа, на кој би учествувал и Зеленски

САД се поканети на состанок во Европа овој викенд, каде што се очекува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, изјави вчера...

Свет13 часа

(Видео) Американците упаднаа на танкер кај Венецуела, објавена снимка: „Транспортира нафта“

САД запленија танкер за нафта крај брегот на Венецуела, изјави американскиот претседател Доналд Трамп, со што се ескалираа тензиите со...

Македонија1 ден

Градот Скопје обезбедува сопствен стан, шелтер центар за заштита на жртвите од родово базирано насилство

На денешната седница на Советот на град Скопје беше донесена одлука со која се отвора можност еден стан во сопственост...

Свет1 ден

Зеленски: Го финализираме мировниот документ што наскоро ќе им го претставиме на Американците

Претседателот на Украона, Володимир Зеленски вели дека земјата го финализира мировниот документ од 20 точки и ќе го претстави на...

Македонија1 ден

Пазарот на недвижности расте – Аеродром со најмногу склучени купопродажби во првата половина од годината

Пазарот на недвижности во земјава во првите шест месеци од оваа година бележи зголемена динамика, а гледано на територијата низ...

Топ1 ден

Скопјанец го онесвестил брата си со дрвена ногарка по глава и си легнал да спие, ОЈО го гони за обид за убиство

Скопското Обвинителство, по спроведена истражна постапка, поднесе обвинение против едно лице, за обид за убиство врз неговиот брат. Обвинетиот 37-годишник,...

Топ1 ден

Уапсени 12 лица од Скопје, купувале оружје и муниција од Косово, го криеле во Сингелиќ и Брест

По неколкумесечна предистражна постапка, денес во раните утрински часови, под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење...

Македонија1 ден

ДЗС не е детективска служба да открива нелегални објекти, ги има околу 100.000, рече Шабан Салиу и тврди дека немал ништо со „Пулс“

Актуелниот министер без ресор, Шабан Салиу, обвинет за трагедијата во кочански „Пулс“ како директор на Дирекцијата за заштита и спасување...

Македонија1 ден

Тројца бугарски државјани осомничени за неовластена трговија со македонски народни носии

Основното јавно обвинителство Битола отвори против тројца бугарски државјани, жители на Пловдив, поради основано сомнение дека вршеле кривично дело неовластена...