Македонија
(Видео) Ковачки: Славјанка Петровска крие луксузна хациенда со базен во Радишани
„Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, крие луксузен имот. Како што кажав во дуелот со министерката во средата, таа во својот анкетен лист до ДКСК пријавила само долгови, два кредита и една кредитна картичка, но не и луксузна хациенда во Радишани. Во дуелот ја прашав Петровска дали крие имот во Скопско по што таа негира и рече дека сè што поседува е во нејзиниот анкетен лист, односно дека не поседува имот. Петровска е фатена во лага како крие имот“. Ова, меѓу другото, денеска на прес-конференција го објави Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Ковачки посочи дека „Славјанка Петровска поседува огромна хациенда со базен во Радишани. Во таа хациенда има голем базен, целиот имот е ограден со голема двометарска ограда, што може да се види од следните фотографии“.
„Овој имот на Петровска е евидентиран и во Агенцијата за катастар на недвижностите, забележан во евидентен лист во катастарската општина Радишани. И се наоѓа на улицата Радишанска. Жителите од тој дел на улицата Радишанска, според Избирачкиот список, гласаат во избирачкото место 2948/1, кое се наоѓа во ОУ ‘Ацо Шопов’. Тоа е истото избирачко место на кое гласа и Славјанка Петровска по што може да се заклучи дека адресата на луксузната хациенда на Славјанка Петровска е и адреса на живеење што таа ја има во личната карта“, рече Ковачки.
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ напомена дека „ги повикуваме надлежните институции да постапат, а Славјанка Петровска, наместо на ВМРО-ДПМНЕ, како што вети, оваа луксузна хациенда да ја донира на здруженијата на бранителите од 2001 година“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

