Црна хроника
Акциска контрола за незаконит лов, констатирани 6 кривични дела, одземени 9 ловни пушки и муниција
Денеска (20.08.2022), во периодот од 04.00 до 08.00 часот, на подрачјето на сите Сектори за внатрешни работи, полициски службеници од Одделот за униформирана полиција извршиле контрола во реоните каде се врши ловство.
При контролата, со која биле опфатени 132 локации, биле констатирани шест кривични дела „незаконит лов“ по член 228 од Кривичниот законик и еден прекршок по член 83А од Законот за оружје.
Во 06.00 часот во Богданци, кај рампата за ветерници, шест лица биле затекнати при незаконит лов и од нив биле одземени осум ловечки пушки и повеќе парчиња патрони и муниција.
Притоа, од Љ.Ш.(60) од с.Стојаково била одземена ловечка пушка „BAIKAL“ и 18 патрони калибар 12мм., од П.Ѓ.(42) од Валандово биле одземени ловечка пушка „BAIKAL“, ловечка пушка „Чешка Збројевка“, 15 патрони и 19 куршуми, од Т.Т.(35) од Богданци биле одземени две ловечки пушки „BAIKAL“ и 15 патрони 12 мм, од В.Б.(47) од с.Ѓавато биле одземени ловечка пушка „BAIKAL“ и 26 патрони 12 мм, од К.Б.(37) од с.Ѓавато биле одземени ловечка пушка „Бергара“ и 18 куршуми калибар 30 60 и од Л.П.(32) од с.Ѓавато биле одземени ловечка пушка „Huglu“ и 17 патрони калибар 12 мм.
Во 06.45 часот, пак, на место викано „Витанска крстосница“, на подрачјето на Чашка, од И.Т.(61) од с.Горно Оризари биле одземени ловечка пушка ,,М-80“ и 12 патрони 12 мм, поради сторен прекршок по член 83А од Законот за оружје.
По целосно документирање на случајот против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешка кражба во барака на „Паркови и зеленило“: украдени неколку парчиња огнено оружје
Вчера околу 09:00 часот во СВР Скопје, од Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ во Скопје е пријавено дека во периодот од 02.01.2026 до 05.01.2026 во барака на подрачјето на Карпош, сопственост на Јавното претпријатие, со употреба на физичка сила и алат е извршена тешка кражба, при што од сефот биле одземени неколку парчиња на огнено оружје, кои биле користени од Службата за обезбедување на јавното претпријатие.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Семејно насилство во скопско: жената го истепала сопругот
Вчера полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со двајца сопружници од скопско, постапувајќи по претходна пријава од 37-годишен маж дека на 01.01.2026 во семејниот дом во скопско, по претходна расправија, бил нападнат од неговата 33-годишна сопруга.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
20-годишник од Скопје нападнат и ограбен во Аеродром
Вчера во 10:10 часот во СВР Скопје, 20-годишниот Д.Ј. од Скопје пријави дека на 01.01.2026 околу 02:00 часот на паркинг простор во близина на угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, бил физички нападнат од едно лице, кое исто така му го одзело часовникот.
По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

