Македонија
(Видео)Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ е партија на паразити, тендери на Мицкоски и Томовски во ЕЛЕМ од 60.000 евра

„ВМРО-ДПМНЕ е партија на паразити, тоа е масовна појава која трае со години и тоа е потврдено со факти и документи. Во време на режимот над 93.000 евра народни пари завршиле кај сегашниот шеф на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, а над 67.000 евра завршиле кај неговата блиска соработничка Гордана Димитриевска-Кочовска“ рече на прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
Таа напомена дека „Ивица Томовски, човекот кој секојдневно од белиот дворец зборува за паразити, е вистинскиот паразит кој како управител на АД ЕЛЕМ турс само од плати добил над два милиони денара или над 30.000 евра народни пари“.
„Пари од граѓаните Томовски добивал и пред да биде назначен на функцијата и тоа преку фирмата ‘Сити логистик’ каде бил управител. Компанијата на Томовски од АД ЕЛЕМ, односно од Мицкоски добила тендери во вредност од над 3,6 милиони денари или речиси 60.000 евра. Но она што е уште позагрижувачко од висината на тендерите е плаќањето на одредени фактури во готово“, рече Кузеска.
Таа посочи за бројни примери на паразити кои ги има во ВМРО-ДПМНЕ.
„Меѓу нив се и сопругите на поранешните генерални секретари на Владата, Кирил Божиновски и Мартин Протуѓер, вработени во Агенцијата за електронски комуникации, како и деца на поранешни министри, пратеници и градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ вработени на високи позиции во државните и јавните претпријатија. Додека платите на работниците во тоа време на ВМРО-ДПМНЕ беа 20.000 денари, а минималната плата 8.000 денари, функционери на ВМРО-ДПМНЕ и нивни блиски роднини, се богателе на грбот на граѓаните кои цели 11 години беа заглавени во долгови и сиромаштија“, рече таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ВМРО-ДПМНЕ со една реченица одговара на честитката од Заев до Ципрас: Она со кое паметниот се срами, недоветниот се гордее

ВМРО-ДПМНЕ му одговара на честитката на Заев до Ципрас по повод Преспанскиот договор во една реченица.
„Зоран Заев упати честитка до Алексис Ципрас по повод седумгодишнината од Преспанскиот договор. Одговорот е само еден: она од кое паметниот се срами, недоветниот се гордее“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Заев му честиташе на Ципрас за седумгодишнината од договорот потпишан на 17 јуни 2018 година во Преспа, кој овозможи членство на Северна Македонија во НАТО.
Договорот го потпишаа тогашните министри за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, во присуство на тогашните премиери Зоран Заев и Алексис Ципрас, посредникот во преговорите, Метју Нимиц, поранешниот еврокомесар за проширување, Јоханес Хан, поранешната висока претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, и други високи меѓународни претставници, како и претставници на двете земји.
Македонија
Владата ја усвои новата стратегија за конфискација на незаконски стекнат имот

Со задоволство информирам дека на денешната седница на Владата беше усвоена Стратегијата за зајакнување на капацитетите за финансиски истраги и конфискација на имот за периодот 2025–2028, заедно со Акцискиот План, изјави вицепремиерот за добро владеење, Арбен Фетаи.
„Овој документ ја одразува непоколебливата посветеност на Владата на Република Северна Македонија за борба против организираниот криминал и корупцијата, преку зајакнување на надлежните институции со структуриран и систематски пристап, кој има за цел зголемување на ефикасноста при конфискацијата на незаконски стекнат имот“, рече тој.
Една стратегија, додаде Фетаи, колку и да е добра, останува само документ доколку не се спроведува ефикасно.
„Поради тоа, ги зајакнуваме механизмите за следење и надзор, преку основање на Националниот совет за финансиски истраги и конфискација на имот, кој ќе обезбеди успешно спроведување на утврдените цели“, рече тој.
Кабинетот на заменик-претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење ќе има централна улога во координирањето и поддршката на овие напори, обезбедувајќи постојана посветеност за реализација на оваа стратегија.
Македонија
Муцунски – Калас: Континуирана поддршка за европската интеграција на Македонија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Мучунски, попладнево оствари телефонски разговор со високата претставничка на Европската унија за надворешна политика, Каја Калас.
Во разговорот, високата претставничка Калас ја потврди континуираната поддршка за европската интеграција на Република Северна Македонија.
Министерот Мучунски ја реафирмираше посветеноста на нашата земја на европските вредности – владеење на правото, дијалог и добрососедска соработка – како темели на процесот на пристапување кон Европската унија.
Во рамки на разговорот стана збор и за регионалното поврзување, при што министерот ја подвлече поддршката за Коридор 8 како стратешки приоритет за инфраструктурна интеграција на регионот.
Соговорниците разменија мислења и за состојбите на Блискиот Исток, заеднички нагласувајќи ја потребата од почитување на меѓународното право и избегнување на понатамошна ескалација.