Забава
Најмоќниот човек во Катар – шеикот Ал Тани – има 3 сопруги и 13 деца
Очите на светот се вперени во Катар, каде што во моментот се одржува Светското првенство, прво во арапскиот свет, а катарскиот емир, шеикот Тамим бин Хамад ал-Тани, привлече големо внимание кај светската јавност на отворањето на Светското првенство.
За време на свеченото отворање на стадионот „Ал Бајт“ тој срдечно го поздрави својот татко бакнувајќи му ја раката, а фотографиите за неколку секунди го обиколија светот.
Тој е познат како голем љубител на спортот, а иако мундијалот во Катар е проследен со критики за човековите права во оваа земја, тој го карактеризира како безобразна кампања против неговата земја.
Катар е управуван од династијата Тани како наследна монархија. Тие се на власт откако Мухамед ибн Тани потпиша договор со Британците во 1868 година, со кој се признава неговиот посебен статус. Сегашниот емир е Тамим ибн Хамад ал-Тани, кој ги има речиси сите извршни и законодавни овластувања според Уставот на Катар, со контрола на судството.
Шеикот Тамим ибн Хамад ал-Тани е емир на Катар. Тој е четвртиот син на претходниот емир Хамад ибн Калифа. Тој е владетел на Катар од 2013 година кога неговиот татко абдицирал од тронот. Тој е наследник од 2003 година кога неговиот постар брат, шеикот Џасим, абдицирал од правото на тронот.
Тој е монарх на Катар, учествуваше во подигање на меѓународниот профил на земјата со организирање спортски настани, а го купи и фудбалскиот клуб Пари Сен-Жермен. Роден е на 3 јуни 1980 година во Доха. Тој е четвртиот син на шеикот Хамад ибн Калифа ал-Тани и вториот син на шеикот Моза ибнт Насер ал-Миснед, втората сопруга на Хамад. Високото образование го завршил во Англија. Течно зборува англиски и француски јазик.

Шеикот Тамим ибн Хамад ал-Тани има три жени и 13 деца. Катарскиот шеик стапи во својот прв брак во 2005 година. Неговата прва сопруга, со која се појавува во јавноста, шеиката Ал Мајаса бинт Тамим бин Хамад Ал-Тани, е и негова роднина. Имаат две ќерки и два сина. Пред осум години се ожени третпат. Неговата избраничка е Шеиха Нора бинт Хатал ал-Досари. Третиот брак му донесе три сина и ќерка.
Колективното нето-богатство на владејачкото кралско семејство се проценува на речиси 335 милијарди долари. Само главата на кралското семејство, шеикот Тамим бин Хамад ал-Тани, се проценува дека вреди околу две милијарди долари.
Семејството Тани поседува многубројни имоти во светот вклучувајќи го и лондонскиот облакодер Шард, Олимпиското село, стоковната куќа „Хародс“, Канари Варф, касарната „Челси“ и Емпајер стејт билдинг во Њујорк. Членовите на кралското семејство имаат удел и во банката „Баркли“, „Бритиш ервејс“ и во „Фолксваген“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Снуп Дог застана во одбрана на Дејвид Бекам по обвинувањата од синот Бруклин
Снуп Дог застана во одбрана на Дејвид Бекам и Викторија Бекам, откако нивниот син Бруклин Бекам јавно ги нападна родителите и порача дека не сака помирување со нив.
Во интервју за „Мирор“, Снуп Дог, кој повеќе од 20 години е пријател со Дејвид Бекам, изјави дека тој е „семеен човек“ и дека без оглед на успехот, ништо не му е поважно од семејството. Тој додаде дека се надева оти Бруклин со текот на времето ќе се помири со родителите, за кои рече дека се длабоко погодени.
Снуп Дог нагласи дека ниту едно семејство не е совршено и дека притисокот е уште поголем кога семејниот живот е постојано под лупа на јавноста, но изрази уверување дека проблемите ќе бидат надминати.
Во својата објава, Бруклин Бекам ги обвини родителите дека се обидуваат да му го нарушат односот со сопругата Никола Пелц, а наведе и дека неговата мајка на свадбата во 2022 година „непримерено“ танцувала со него.
Диџејот на свадбата, Диџеј Фет Тони, кој гостуваше во емисијата „This Morning“ на ITV, инцидентот го опиша како „навистина непријатен“ и потврди дека Никола Пелц во солзи го напуштила приемот.
Забава
(Фото/Видео) Сидни Свини профитираше од својот сексапил, ја распродаде долната облека за само неколку часа
Се чини дека Сидни Свини реши да „заработи“ на своите луксузни облини и неодолив изглед, па лансираше линија долна облека наречена „Syrn“.
Линијата брзо стана глобален успех, а моделите на интимна долна облека беа распродадени во рок од неколку часа од нејзиното лансирање. Исто така, треба да се напомене дека контроверзното рекламирање на брендот вроди со плод, дополнително зголемувајќи ја неговата цена и популарност.
Самата колекција е комбинација од филмски гламур и женска сексапилност. Меѓу парчињата што се истакнуваат се чипканите корсети и долната облека што ја одразуваат старата холивудска естетика, по која е позната и самата Свини.
„Сакав бренд за долна облека што навистина ги разбира жените. Syrn ја слави самодовербата без притисок, тоа чувство да се биде секси, моќен, нежен, разигран или сите тие работи во ист ден.
Имав јасна визија, сакав нешто што функционира во реалниот живот и не наметнува ограничувања на никого“, изјави актерката за ELLE.
Забава
(Видео) Меланија Трамп блесна на премиерата на нејзиниот документарец
Меланија Трамп блесна на премиерата на документарецот „Melania: Twenty Days to History“ во Центарот Кенеди во Вашингтон. Нејзино друштво на црвениот тепих беше, секако, нејзиниот сопруг и претседател на САД Доналд Трамп.
THE PREMIERE OF "MELANIA" AT THE TRUMP-KENNEDY CENTER 🤩🍿pic.twitter.com/MEy6VLmcZW
— The White House (@WhiteHouse) January 30, 2026
Првата дама на САД одлучи да остане верна на својот специфичен моден израз за оваа пригода, и избра црн фустан од „Долче и Габана“. Станува збор за креација која претставува совршена комбинација од чиста елеганција и вечерна облека, а е украсена со здолниште со рамен крој и струкирано сако.
За да го „разбие“ овој деловен фустан и да го истакне струкот, таа додаде тенок ремен. Признаваме, овој моден детаљ ја однесе целата комбинација на следно ниво, а не треба да ги заборавиме и црните потпетици кои го заокружија стилот.
Ја стилизираше косата на наједноставен начин – се одлучи за брановидна фризура што паѓаше по рамената, а што се однесува до шминката – Меланија остана верна на нежните, невпечатливи тонови.

