Забава
Гери Олдман: Не сакам да глумам кога ќе имам 80 години
Актерот Гери Олдман навести дека ќе се повлече од актерството.
Олдман има долга филмска и телевизиска кариера која му донесе „Оскар“, „Златен глобус“, една САГ и три БАФТА награди.
Но, додека се подготвува да се врати за втората сезона на Slow Horses на „Епл ТВ-плус“, се чини дека актерот можеби ќе ги закачи чизмите во догледна иднина.
Во интервју за „Сандеј тајмс“, во пресрет на новата сезона, Олдман призна дека почнал да размислува за пензионирање.
„Имав завидна кариера, но кариерите бледнеат, а имам и други работи кои ме интересираат надвор од актерството. Кога си млад мислиш дека ќе направиш сè, а потоа годините минуваат. Следната година ќе имам 65, 70 се зад аголот. Не сакам да бидам активен кога ќе имам 80 години“, изјави актерот.
Фановите не треба да се грижат бидејќи заминувањето на Олдман од „Бавни коњи“ е прилично далеку. Трилер серијата, која се базира на Slough House – бестселер сага на писателот Мик Херон – го обврзува Олдман на уште најмалку две сезони, тврди „Дедлајн“.
„Бавни коњи“ е приказна за шеф на дисфункционален тим на поранешни агенти на МИ5. Тој очекува агентите да ги напуштат своите здодевни канцелариски работни места, и тие набрзо ќе се најдат во опасна ситуација.
Трилер серијата нуди помалку гламурозен поглед на британските тајни служби и се фокусира на група отфрлени шпиони.
Покрај овој проект, Олдман ќе соработува со Кристофер Нолан на „Опенхајмер“, филм за проектот Менхетен и создавањето на атомската бомба во кој ќе глумат и Силијан Марфи, Роберт Дауни Џуниор, Флоренс Пју, Мет Дејмон, Рами Малек и Емили Блант.
Олдман во филмот ќе го портретира американскиот претседател Хари Труман.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Кафуле стана сензација со понудата да им понуди бесплатно кафе на оние кои влегуваат танцувајќи
Kафуле во Мидлборо, Масачусетс стана вистинска сензација со понудата за бесплатно кафе за клиентите кои влегуваат танцувајќи.
Видеото сега стана вирално на интернет, и предизвика голем број коментари на социјалните мрежи.
Сопственикот на кафулето обајви дека планира еднаш во месецот да се држи до оваа интересна акција.
Забава
Жена од Онтарио го насмеа интернетот со изгледот на нејзината кукла: „Делува возбудено“
На „Тик-ток“ се шири вирално видео во кое Ники Калвер од Онтарио ја покажа својата божикна кукла со детали 18+, што го насмеа Интернетот.
Ники објаснила како ја купила дрвената кукла во продавница за ситни производи за само еден долар. Откако нејзиниот син почнал да си игра со неа, барабанот паднал, оставајќи мало дрвено испакнување на кое бил прикачен инструментот.
„Ова се случи пред една година и уште ме смее“, напиша таа со видеото кое собра два милиони прегледи, но и бројни коментари.
„Не знам што очекував, но не го очекував ова“, „Куклата е без тапан или само си среќен што ме гледаш?“, „Изгледа доста возбудено“, „Ова е многу среќен оревокршач”, „Не би го заменил“ и „Ова ме насмеа“ се дел од коментарите.
Инаку, тиктокерката откри дека во таква состојба ќе ја зачува куклата и можеби ќе стане интересно семејно наследство.
Забава
Кои хороскопски знаци се најпривлечени – сајт за запознавање спроведе истражување
Сајт за запознавање направи истражување за тоа кој хороскопски знак е најпривлечен за другите.
Иако можеби не се согласувате со нивните резултати, оваа апликација за запознавање претстави податоци кои покажуваат дека еден знак генерира најголем интерес за романса.
Излегува дека на врвот на листата се Рибите со нивната чувствителна и шармантна природа која привлекува повеќе од кој било друг знак.
Последното место го зазедоа Раковите, кои изгледа премногу ги кријат своите емоции и чувства, но тоа за нив е веќе стара приказна.
Листата е исклучително интересна бидејќи 5-то место го делат Шкорпијата и Девицата, а 7-то Лавот, Близнаците и Бикот.
Во прилог листата на знаци според привлечноста:
1. Риба
2. Овен
3. Водолија
4. Јарец
5. Шкорпија и Девица
6. Вага
7. Близнаци, Лав и Бик
8. Стрелец
9. Рак