Македонија
(Видео) Ковачевски: Петровска професионално ја извршува функцијата, една од најдобрите министри за одбрана
Во одговор на пратеничко прашање, премиерот Димитар Ковачевски истакна дека министерската за одбрана Славјанка Петровска е еден од најдобрите министри за одбрана што државата го имала.
„Славјанка Петровска управува со Министерство за одбрана на земја членка на НАТО и нејзиниот начин на управување е оценет со највисоки оцени од сите земји членки на НАТО и нашите стратешки партнери и тоа може да се види од извештаите кои се наоѓаат во седиштето во НАТО. Дополнително, Петровска како министерка најбрзо ја има спроведено воената интеграција во системот на НАТО споредено со сите други земји членки на НАТО“, рече Ковачевски.
Истакна дека во време кога ВМРО-ДПМНЕ блокираше помош од 100 милиони евра, Петровска со својата посветеност успеала да обезбеди помош од САД во висина од 80 милиони долари.
„Петровска има изградено највисоко ниво на доверба со земјите членки на НАТО и со стратешките партнери за што сведочат и одлуките што тие го носат, а последната од нив е финансиска помош од САД од 80 милиони долари за Министерството за одбрана. Со нејзината работа и со својата професионалност, Петровска успеа да донесе 80 милиони долари и тоа се случува во исто време кога вашата партија, ВМРО-ДПМНЕ, блокираше кредит од 100 милиони евра од ЕБОР, кој е со најповолни каматни стапки во услови на светска економска криза“, порача Ковачевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска посебен режим на сообраќај во Скопје за Водици
Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје денеска ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во Скопје поради празникот Водици.
Во центарот на Скопје за сообраќај ќе биде затворена ул. „Филип Втори Македонски“ на потегот од крстосницата со бул. „Гоце Делчев“ до крстосницата со ул. „11 Октомври“ во двете насоки.
Во општина Ѓорче Петров за сообраќај ќе бидат затворени сообраќајницата од црквата „Свети Петар и Павле“, бул.„Партизански Одреди“ до ул.„Ѓорче Петров“, ул.„Ѓорче Петров“ до ул.„Васил Чакаларов“, како и од црквата „Свети Пантелејмон“, ул.„Козле“, дел од ул.„Васил Чакаларов“ до Железничкиот мост на реката Вардар. Во општина Аеродром за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон Горно и Долно Лисиче.
СВР Скопје апелира со сите учесници во сообраќајот да ги прочитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.
Македонија
Гаши со честитка за празникот Водици
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, упати честитка по повод празникот Водици.
„Во име на Собранието на Република Северна Македонија и во мое лично име, Ви упатувам честитки по повод празникот Водици. Овој празник ја носи пораката на духовно прочистување и надеж, потсетувајќи нѐ на значењето на заедништвото и посветеноста во градењето на напредна и праведна држава. На православните верници им посакувам овој ден да донесе внатрешен мир, а во нивните домови да владеат здравјето, благосостојбата и спокојот“, пишува во честитката.
Македонија
Облачно и студено време, од утре внрежи од снег
Утрото ќе биде малку до умерено облачно и студено, а во текот на денот сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 0, а максималната ќе достигне од 0 до 6 степени, информира УХМР.
Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 4 степени.
Утре преку денот времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури. Кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег.
Од четврток ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. По котлините ќе има услови за појава на магла.

