Црна хроника
201 санкционирани возачи во Скопје, 24 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (24.11.2022) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на Град Скопје изречени се вкупно 201 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 24 санкции, 11 мерки возење без возачка дозвола, четири санкции за нерегистрирани возила.
Изречени се осум мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), 11 санкции за користење мобилен телефон при возење, шест мерки за возење под дејство на алкохол, четири санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Загина возач во Чаир, со автомобил удрил во камион

Седумдесет и петгодишен скопјанец загина во сообраќајна несреќа што се случила вчера во Чаир.
Според информациите на МВР, вчера било пријавено дека на ул.„Цветан Димов“ во Скопје, автомобил „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Д.(75) од Скопје, удрило во товарно возило „фиат дукато“ со кумановски регистарски ознаки, паркирано од Х.И.(60) од Куманово, кое по инерција од ударот удрило во товарно возило „ман“ со скопски регистарски ознаки, паркирано од Л.Ш.(42) од Скопје, а потоа и во Х.И., кој стоел до возилото кое претходно го паркирал.
На местото на настанот починал М.Д., а од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на Судска медицина за обдукција. Со телесни повреди се здобил Х.И., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Грозоморен случај во Кичево: старец силувал малолетничка

Седумдесет и двегодишен старец од Кичево е притворен под сомнение дека силувал малолетничка.
Според информациите на СВР-Охрид, поднесена е кривична пријава против А.А. (72) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување дете кое не наполнило 15 години“ и одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена по што е спроведен во казнено поправната установа „Затвор-Битола“.
„Пријавениот, во периодот од ноември 2024 до април 2025 година, во неговиот дом во Кичево и на други места, извршил други полови дејствија врз малолетничка од Кичево. По насоки на јавен обвинител, А.А. е лишен од слобода, а со малолетничката, по извршен медицински преглед, извршен е разговор во присуство на член на нејзиното семејство, претставник на Центарот за социјални работи и адвокат за малолетници“, информира полицијата.
Црна хроника
Приведен возач од Тетово, кој со „бмв“ возел 151 километар на час на место на кое е дозволено 80

Вчера на патот Гостивар-Тетово, кај клучката Жеровјане, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го привеле Н.Р.(40) од селото Мала Речица, поради брзо возење.
Од МВР велат дек управувал автомобил ,,бмв“, со гостиварски регистарски таблици, со брзина од 151 километар на час на место каде максимална дозволена брзина е 80 километри на час.
Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок за безобѕирно управување со моторно возило“