Свет
Велика Британија: Путин е очаен поради својата војска, затоа ја уништува инфраструктурата на Украина

Руските воздушни напади врз критичната инфраструктура на Украина се знак на очај на рускиот претседател Владимир Путин, изјави британскиот министер за одбрана, Бен Валас, за време на посетата на бродоградилиштето во Глазгов.
Валас рече: Украинците се обидуваат да ја заштитат националната цивилна инфраструктура, што Путин намерно се обидува да ја ликвидира, со надеж дека ќе ја уништи нивната економија и ќе ги натера да страдаат во текот на зимата.
Британскиот министер тврди дека нападите врз цивилната инфраструктура се нелегални според меѓународното право и е дециден дека Велика Британија нема да дозволи овој тип на заплашување и бруталност да биде успешен.
„Овие удари покажуваат дека рускиот претседател е очаен бидејќи неговата војска не е успешна на бојното поле“, рече Валас.
Министерот за одбрана потсети и на недамнешното повлекување на Русија од јужниот украински град Херсон сугерирајќи дека е интересно што се разрешени голем број руски команданти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Мерц: Прво прекин на огнот во Украина, потоа долгорочен мировен договор

Украина „мора да биде на масата“ во преговорите што ќе следат по средбата на Доналд Трамп и Владимир Путин во Алјаска в петок, изјави денес германскиот канцелар Фридрих Мерц.
Мерц одржа заедничка прес-конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски по нивните видео-конференциски разговори со европските лидери, генералниот секретар на НАТО и американскиот претседател Доналд Трамп.
Германскиот канцелар нагласи дека мора да се следи единствениот правилен редослед на настани: прво треба да се договори прекин на огнот, а потоа да следи долгорочен мировен договор.
„Прекин на огнот“ меѓу Москва и Киев „мора да дојде на прво место“ за да можат сите преговори да продолжат „по правилен редослед“, рече тој по видео-конференцијата.
Мерц нагласи дека мора да има силни безбедносни гаранции, почитувајќи го суверенитетот на Украина.
Мерц вели дека Европа прави сè што може за да „помогне во поставувањето на агендата“ за средбата меѓу претседателот на Соединетите Американски Држави и рускиот претседател во Алјаска.
Тој вели дека се надева дека Трамп ќе биде успешен на средбата.
„Безбедносните интереси на Европа и Украина мора да бидат заштитени во Алјаска“, рече Мерц на прес-конференција, а за тоа, како што изјави, разговарал и со Трамп.
Европа
Макрон: Трамп се согласи дека Украина мора да биде вклучена во разговорите за територијата

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Украина мора да биде вклучена во разговорите за територијата како дел од секој договор за прекин на огнот со Русија, изјави францускиот претседател Емануел Макрон.
Тврдењето на Макрон е прв показател за исходот од разговорите меѓу Трамп, европските лидери и украинскиот претседател Володимир Зеленски, со цел обликување на состанокот на Трамп со рускиот претседател Владимир Путин во Алјаска во петок.
Инсистирањето на Трамп за вклучување на Украина, доколку се потврди, би можело да значи одредено олеснување за Украина и нејзините сојузници, кои стравуваа дека Трамп и Путин би можеле да постигнат договор што би им наштетил на европските и украинските безбедносни интереси и би ја поделил украинската територија.
Трамп и Путин ќе се сретнат в петок во Алјаска за да разговараат за тоа како да се стави крај на три и полгодишниот конфликт, најлошиот во Европа од Втората светска војна.
Европа
Шефот на НАТО: Топката сега е во дворот на Путин

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека „топката сега е во дворот на Путин“ по учеството во видеоповик со американскиот претседател Доналд Трамп, украинскиот претседател Володимир Зеленски и европските лидери.
Great call with @POTUS, @ZelenskyyUA & European leaders ahead of President Trump’s meeting with Putin in Alaska. We are united in pushing to end to this terrible war against 🇺🇦 & achieve just and lasting peace. Appreciate @realDonaldTrump leadership & close coordination with…
— Mark Rutte (@SecGenNATO) August 13, 2025
„Ние сме обединети во нашите напори да ја завршиме оваа ужасна војна против Украина и да постигнеме праведен и траен мир“, објави Руте на социјалните мрежи.
„Го ценам лидерството на Трамп и тесната координација со сојузниците. Топката сега е во дворот на Путин“, додаде тој, осврнувајќи се на претстојната средба меѓу Трамп и Путин во Алјаска.