Црна хроника
Расчистена кражба во Ресенско, уапсени тројца крадци

Полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола во соработка со Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен, ОВР Прилеп и ПО Ропотово на 24 и 25.11.2022 лишија од слобода три лица Е.С. (38)од Битола, И.Н. (48) од Прилеп и А.А. (46) од с. Лажани, општина Долнени, поради основи на сомнение дека на 27.04.2022 во с. Подмочани, Ресенско, во дворно место украле трактор ИМТ, сопственост на лице од Ресен.
Тракторот е пронајден и ќе биде вратен на сопственикот, а против приведените ќе биде поднесена кривична пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Приведен возач од Тетово, кој со „бмв“ возел 151 километар на час на место на кое е дозволено 80

Вчера на патот Гостивар-Тетово, кај клучката Жеровјане, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го привеле Н.Р.(40) од селото Мала Речица, поради брзо возење.
Од МВР велат дек управувал автомобил ,,бмв“, со гостиварски регистарски таблици, со брзина од 151 километар на час на место каде максимална дозволена брзина е 80 километри на час.
Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок за безобѕирно управување со моторно возило“
Црна хроника
Kриминалец oд Скопје фатен на границата со Грција, се барал со потерница за да издржува затвор

Полицијата вчера го приведе 44-годишниот С.А. од Скопје, кој претходно се обидел илегално да ја премине државната граница.
„При извршена проверка констатирано било дека за него била распишана потерница за издржување на затворска казна во траење од четири години и 10 месеци“, велат од МВР.
Спроведен е во штипскиот затвор.
Црна хроника
Истрага против дилер на марихуана од Радовиш

Основното јавно обвинителство Струмица донесе наредба за спроведување истражна постапка против жител на Радовиш за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
Осомничениот, во период од неколку месеци, од непознато лице набавил 80 пакувања марихуана со вкупна нето маса од околу 400 грама, која ја држел во гаража пред зградата во која живее. Од октомври 2024 до април 2025 година дрогата неовластено ја препродавал на наркозависници.
При извршениот претрес на 17 април во гаражата биле откриени 36 пакувања со вкупно 180 грама марихуана наменети за натамошна продажба.
Јавниот обвинител, ценејќи дека се исполнети законските основи, за осомничениот предложи да биде определена мерка притвор.