Црна хроника
Казни за 177 возачи во Скопје, 80 за брзо возење
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2021/03/thumbnail_IMG_4455.jpg)
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (27.11.2022) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 177 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 80 санкции, 14 мерки возење без возачка дозвола, 21 санкција за возење под дејство на алкохол.
Изречени се четири мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), три санкции за нерегистрирани возила…
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Црна хроника
Се степаа двајца војници од Кондово и од Матка
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2020/08/20539791135dc836e5ac577403487268_v4_big.jpg)
Вчера во 12.57 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 09.00 часот на воениот отпад на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходно меѓусебно недоразбирање и нетрпение, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу војниците Ј.Ј.(43) од с.Кондово, скопско и С.С.(41) од с.Матка, скопско.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Охриѓанец проголтал пакетче кокаин при полициски претрес
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/12/kokain.jpg)
СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.Н.(32) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
При преглед во возило „ауди“ во кое се превезувал, пријавениот проголтал пакување со кокаин, по што полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, го лишиле од слобода и бил пренесен во Општата болница во Охрид.
Црна хроника
Вработен во СВР Битола заработи кривична, агресивно се однесувал во ноќен клуб
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/04/340069856_758760485816444_7071669737011483402_n.jpg)
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против Џ.Р. од Битола – вработен во Одделение за заеднички работи во СВР Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ по член 144 став 4 од Кривичниот законик.
На 05.01.2025 околу 02.30 часот во ноќен клуб во Битола, пријавениот агресивно се однесувал и се заканувал на едно лице, а при интервенцијата на лица од обезбедувањето, тој се однесувал агресивно и кон нив.
Откако бил отстранет од објектот, исто така, продолжил со агресивното однесување.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и ќе изрече задолжителна мерка лицето да биде суспендирано од работното место до завршување на дисциплинската постапка.