Свет
Зеленски до Украинците: Доаѓаат нови напади, Русите нема да се смират сè додека имаат проектили

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави доцна синоќа дека Русија сигурно ќе изврши нови ракетни напади врз неговата земја и ги повика армијата и граѓаните да се подготват да го издржат товарот на електричната мрежа следната недела.
Во Киев падна снег, а температурата на воздухот е околу нулата. Градските власти најавија дека работниците набргу ќе го обноват снабдувањето со струја и вода, но поради високата потрошувачка се воведени одредени ограничувања.
Милиони луѓе во и околу Киев се соочуваат со прекин на електричната енергија поради руските ракетни напади.
„Знаеме дека терористите планираат нови напади“, рече Зеленски во своето ноќно видеообраќање.
„За жал, сè додека имаат проектили, нема да се смират“, додаде тој.
Зеленски рече дека претстојната недела може да биде исто толку тешка како и минатата недела, која беше обележана со руски напади врз електроенергетската инфраструктура, што ги остави Украинците да се соочат со најголемите прекини на електричната енергија од почетокот на инвазијата во февруари.
„Нашите одбранбени сили се подготвуваат. Целата земја се подготвува“, рече Зеленски. „Ги разработивме сите сценарија, вклучително и со нашите партнери“, додаде тој.
Неделата беше релативно мирна без разорни напади врз Киев или други поголеми градови. Командата на украинската армија соопшти дека руските сили извршиле четири ракетни напади во реонот на Днепропетровск и дека повеќепати биле насочени кон цивилни објекти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Скандал во Белата куќа, Трамп наводно ја избркал Фон дер Лајен од состанокот

Германскиот десничарски канал „n-tv“ објави сензационални информации дека на 18 август, за време на состанокот со европските лидери во Белата куќа, американскиот претседател Доналд Трамп наводно ја замолил претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, да ја напушти просторијата.
Според пишувањата, Трамп наводно рекол дека сака „зрел разговор со важни луѓе“ и дека „разговара само со државни лидери“.
Како аргумент, тој наводно истакнал дека претседателот на Европската комисија не е државен лидер, туку институционален претставник, и затоа не припаѓа на најтесниот круг учесници на средбата.
Но, веднаш по објавата, Европската комисија остро реагираше. Заменик-портпаролката Аријана Подеста ги нарече тврдењата „целосно неточни“ и истакна дека фон дер Лајен учествувала во сите дискусии рамноправно со другите лидери.
„Видовме извештаи во кои се тврди дека претседателката фон дер Лајен ја напуштила просторијата за време на состанокот со претседателот на САД и претседателот на Украина. Тие извештаи се целосно лажни“, напиша Подеста на мрежата „Х“.
We have seen reporting which claims President @vonderleyen left the room temporarily during meetings with @POTUS and @ZelenskyyUA in DC on Monday.
These reports are completely false.
The President participated in all meetings, at all times, with the other European leaders.
— Arianna Podestà (@arianna_podesta) August 20, 2025
На состанокот во Белата куќа, покрај фон дер Лајен, учествуваа и претседателот на Украина Володимир Зеленски, британскиот премиер Кир Стармер, францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Фридрих Мерц, италијанската премиерка Џорџа Мелони, претседателот на Финска Александар Стуб и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.
Свет
(Видео) Сомнителен пожар повреди пет лица, три сериозно

Пет лица се повредени, од кои три потешко, во сомнителен пожар што вчера избувна во ресторанот „Индијан Арома“ во Илфорд, во близина на Лондон, соопшти полицијата.
Три жени и двајца мажи беа пренесени во болница, а три од нив се со животозагрозувачки повреди, додека останатите две се надвор од непосредна опасност.
„Дел од приземјето на ресторанот беше тешко оштетен, но девет лица успеаја да избегаат од запалените простории“, соопшти Лондонската противпожарна бригада (LFB).
Главниот инспектор Марк Роџерс од Одделот за специјални кривични дела на полицијата во Северен Лондон изјави:
„Пожарот беше изгаснат до 22:32 часот. Разбираме дека овој инцидент ќе предизвика загриженост во локалната заедница. Тим детективи работи со полно работно време за да го истражи овој инцидент. Во моментов нема апсења.“
Полицијата нагласува дека причините за пожарот сè уште се предмет на истрага и дека ќе бидат преземени сите мерки за откривање на сторителот.
Свет
(Видео) Украинците тешко ранија руски генерал, Абачев изгуби рака и нога по нападот

Украинските специјални сили објавија видео и детали од операцијата во која рускиот генерал-полковник Еседула Абачев беше тешко ранет, јавува „Украинска правда“.
Нападот врз возилото на генералот се случил пред една недела, на пет километри од градот Риљск во Курската област, длабоко на руска територија. Целта било возило во кое се наоѓал Абачев, заменик-командант на руската група на сили „Север“.
По нападот, генералот бил итно префрлен во Москва, каде што наводно му се ампутирани раката и ногата поради сериозноста на повредите.
Рыльский р-н, КурНР, трасса Рыльск-Хомутовка (на границе с БрНР), 16/08/25: весёлая дорогаhttps://t.co/0kBKz0OWqQ #RussianUkrainianWar pic.twitter.com/IgPXfPtaBa
— Necro Mancer (@666_mancer) August 16, 2025
Во соопштението на Силите за специјални операции се наведува дека украинското обвинителство уште во 2023 година поднело обвинение против Абачев. Првата вест за нападот ја објавила Одбранбената разузнавачка служба на Украина, која истакнува дека украинските единици погодиле руски конвој на автопатот Рилск-Хомутовка.
Абачев е ветеран на бројни воени операции предводени од Кремљ. Дипломирал на Високата тенковска командна школа во Харков во 1989 година, а неговата кариера вклучува учество во конфликтите во Ерменија и Азербејџан, Втората чеченска војна, руската инвазија на Грузија во 2008 година и воена кампања во Сирија. За секој од овие подвизи, му бил доделен Орден за храброст од рускиот претседател Владимир Путин.
The commander of the 2nd Army Corps, Esedulla Abachev, was wounded on the night of August 16-17, when the Ukrainian Armed Forces attacked a column of the Armed Forces of the Russian Federation on the road Rylsk — Khomutovka in the Kursk region, intelligence of Ukraine. pic.twitter.com/wLAvLk3ZMK
— big ben (@alternative_war) August 17, 2025
Од почетокот на инвазијата на Украина во февруари 2022 година, Абачев командувал со Вториот армиски корпус на таканаречената „Луганска Народна Република“. Украинската страна го поврзува со воени злосторства против цивили во Лисичанск.