Забава
Боб Дилан се огласи по контроверзијата за автограмот на новата книга
Боб Дилан се извини за погрешната процена, како што рече, откога се покажа дека користел „автопен“, односно машина за автоматска репродукција на потписи, на ексклузивните примероци од неговата нова книга, а кои биле рекламирани како рачно потпишани.
Фановите што платија по 599 долари за едeн од 900. примероци од книгата на музичката легенда со наслов „Филозофија на модерната песна“ беа огорчени кога почнаа да споделуваат фотографии од своите примероци на форумите, па набргу стана јасно дека секоја книга има речиси идентичен потпис, пренесува Си-ен-ен.
Дилан се огласи на социјалните мрежи минатиот викенд. Тој им се извини на своите фанови и објасни дека му било советувано да користи „автопен“ бидејќи од 2019 година страда од тешка вртоглавица, што го спречило да ги потпишува книгите со рака.
„Со години го потпишував секој уметнички печат рачно и никогаш до сега немав проблем со тоа“, напиша тој на својата фејсбук-страница. „Но, во 2019 година почнав да страдам од тешка вртоглавица, што продолжи дури и во екот на пандемијата. Ми требаа најмалку пет соработници да ми помогнат да потпишувам, што беше невозможно во времето кога беснееше вирусот“.
Тој додаде дека врз него вршеле притисок договорните рокови и дека колегите го советувале да користи „автопен“. Ме уверуваа дека во светот на литературата и уметноста постојано се прават такви работи.
„Но, тоа беше погрешна процена и сакам веднаш да ја поправам. Работам со издавачката куќа Simon & Schuster („Сајмон и Шустер“) и со моите партнери за да ја исправиме и изразувам најдлабоко жалење“, напиша тој.
Издавачот продаде 900 потпишани примероци од новата збирка есеи на пејачот, но суперфановите и т.н. интернет-детективи забележаа дека нешто не е во ред со автограмот. Сега издавачот издава поврат на средствата, дознава „Њујорк тајмс“.
Од таму признаа дека потпишаните примероци од новата збирка есеи на Дилан го имаат потписот на пејачот „во форма на испишана реплика“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи
Победникот на Евровизија, Немо Метлер, ја повика швајцарската влада да признае трет пол во официјалните документи.
Метлер истакна дека е апсолутно неприфатливо таква можност веќе да не постои во Швајцарија, пишува „Гардијан“.
„Треба да бидеме застапени и во политиката. Многу е важно луѓето да се чувствуваат видени“, рече Метлер, кој на прашањето по победата со кого првин би сакал да разговара, без размислување, го именува швајцарскиот министер за правда, Бит Јанс.
Во средата, според неговиот портпарол, министерот му испратил СМС-порака на Метлер, во која му ја честитал победата на Евровизија и го поканил да се видат.
Пред 18 месеци швајцарската влада го отфрли токму овој предлог.
Забава
Џенифер Лопез и Бен Афлек вторпат се соочуваат со развод
Американскиот актер, режисер и продуцент Бен Афлек и пејачката и актерка Џенифер Лопез се на работ на развод вторпат, а според американскиот магазин In Touch Weekly, Афлек веќе се иселил од нивниот заеднички дом.
Обожавателите забележаа дека Бен и Џенифер поминуваат сѐ повеќе време разделени во последните неколку недели.
„Тие имаат намера да се разведат – и овој пат не е виновен Бен“, рекол изворот.
Забава
По 20 години, Аврил Лавињ проговори за теоријата на заговор дека ангажирала двојничка: „Тоа ми е многу глупаво“
Аврил Лавињ неодамна зборуваше за митот што ја следи со години, а се работи за тоа дека на врвот на кариерата решила да ангажира двојничка по име Мелиса.
Во средината на 2003 година се појавија шпекулации дека панкерката решила да ја ангажира Мелиса по албумот Let Go и од оваа гледна точка ѝ е смешно.
„Мислам, едноставно, смешно ми е. Од една страна, некои велат: „О, боже, изгледаш потполно исто. Не си остарела ни ден“, а потоа други луѓе велат дека постои теорија на заговор дека тоа не сум јас“, рече Аврил додавајќи дека тоа е глупост.
View this post on Instagram
Сепак, таа не сакаше да прави драма за ова, а на сѐ гледаше од попозитивна страна.
„Искрено, не е толку лошо. Можеше да биде и полошо, нели? Мислам дека добив добра реклама. Не го гледам како нешто негативно. Не е ништо страшно“, рече таа во поткастот Call Her Daddy.
Оваа бизарна теорија се појавила на почетокот на овој век, а причината била наведена дека Аврил била исцрпена поради славата и популарноста. Некои отидоа и чекор подалеку и мислат дека пејачката починала меѓу албумите Let Go од 2002 година и Under My Skin од 2004 година, а потоа ја замениле со Мелиса.
Теоретичарите на заговор повторно ја почнаа оваа тема пред неколку години на „Твитер“ во тоа време (сега X) и сакаа да ја поддржат оваа тема со докази засновани на промената во нејзиниот изглед со текот на годините, како и тетоважата, која изгледаше како да пишува Мелиса.