Македонија
Средба на Џафери со европратениците Ќучук и Валсман во Брисел
Денес во Брисел претседателот на Собранието, Талат Џафери, оствари средба со европратениците Илхан Ќучук и Марион Валсман.
На средбата претседателот Џафери ги запозна Валсман и Ќучук со тековните состојби во Собранието, работата на комисиите и текот на дебатата на пленарните седници, како и за активностите коишто се планирани во насока на усвојување предлог-закони до крајот на годинава. Претседателот се осврна и на средбите на Работната група за учество на Дијалогот Жан Моне, којашто остварува средби самостојно, без присуство на европратениците и ги извести за постигнатиот напредок во рамките на тие средби кои се фокусирани на усогласување на консензуален Деловник за работа на Собранието.
Во овој контекст, европратениците се согласија со претседателот дека клучна алатка за демократските процеси е постоењето на добро структуриран Деловник, којшто ќе овозможи да се слушне мислењето на сите учесници во процесот на донесување одлуки, без разлика на владејачкото мнозинство и кој нема да биде алатка за ограничување или блокирање нa законодавната постапка, особено не на усвојувањето на законите кои се во интерес на граѓаните; затоа што граѓаните се уморни од трошење време и чекање за да се реализира конечната цел – европски стандарди во Република Северна Македонија.
Во однос на регионалната соработка, претседателот Џафери го потенцираше вниманието кое се посветува на Берлинскиот процес и Резолуциите на Европскиот парламент, а во светло на последната Резолуција на ЕП се осврна на иницијативата Отворен Балкан, која се гледа како полезна платформа за економска соработка и намалување на разликите меѓу соседите, а не како замена за Берлинскиот процес.
Во однос на глобалните геополитички состојби, претседателот Џафери го подвлече приклучувањето на Северна Македонија кон сите одлуки и санкции на ЕУ против Руската Федерација и дека согласно своите државни капацитети ги поддржува сите одлуки и активности на НАТО кои произлегуваат од нашето полноправно членство.
Европратениците имаа прашања во однос на процедурата за усвојување на уставните измени, согласно Договорот со Бугарија, за односите меѓу политичките партии во Собранието и очекувањата на учесниците во Работната група во однос на временската рамка за финализирање на нацрт – текстот на новиот Деловник и искажаа безрезервна поддршка за забрзување на преговарачкиот процес со ЕУ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

