Забава
Рајан Џонсон се надева дека наскоро ќе се снима „Нож во грб 3“

Рајан Џонсон, сценограф и режисер на крими-драмата Knives Out („Нож во грб“) се надева дека третото продолжение ќе се снима што е можно побрзо.
Продуцентот Рем Бергман соработуваше со режисерот на двата филма од серијалот мистерија за убиство и посочи дека трет филм е приоритет, но дека тоа ќе биде тежок предизвик.
Во интервју за „Комик-бук.ком“ Бергман изјави: „Првиот филм, Рајан со години ја имаше идејата во главата, но дури во јануари почна да го пишува и до крајот на октомври го снимавме, што е супер брзо.“
„Што се однесува до вториот филм, тој навистина немаше идеја. Едноставно престана да размислува и потоа – од моментот кога почна да го пишува – девет месеци подоцна, една година подоцна, снимавме.“
„Значи, добрата работа е што тој е многу мотивиран да го направи следниот што е можно побрзо. Ќе видиме колку е брз, но ова ќе биде поголем предизвик. Ќе видиме колку време ќе потрае.“
Рајан Џонсон призна дека допрва треба да започне да го пишува сценариото за третиот филм, треба да разработи и заплет и опкружување за детективот Беноа Блан, ликот што го глуми Даниел Крег, да го расчисти својот следен случај.
48-годишниот режисер рече: „Сè уште не сум почнал да го пишувам третото продолжение.“
„Морам да откријам која е следната мистерија на Беноа Блан, како се вика, каде е поставена. Значи, имам многу работа. Не сакам да си дадам себеси краен рок, затоа што дефинитивно нема да го испочитувам.“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Познатата црвенокоса актерка не се плаши да го покаже своето лице без ниту малку шминка

Познатата актерка Џулијан Мур (64) ги помина изминатите неколку дена во Италија со своето семејство, споделувајќи фотографии од таму секој ден.
Оваа добитничка на Оскар се смета за една од најубавите природни жени во Холивуд, а со својата најнова фотографија без ни трошка шминка, буквално ги сруши социјалните мрежи.
Грациозното стареење е нешто за кое зборувала и претходно. Џулијан позираше во црно бикини, но фокусот беше на нејзиното лице, а таа не се срамеше да покаже како изгледа кога е далеку од рефлекторите и шминкерите.
„Постојат толку многу мислења за терминот грациозно стареење. Дали постои непристоен начин на стареење? Стареењето не е опција, никој не избира да старее, па затоа не е ниту позитивно ниту негативно, едноставно е“, изјави таа за списанието „As If“.
„Шминката треба да биде нешто што сакате да го носите, а не нешто што мора да го носите. Мислам дека идејата дека користиме шминка за да ги прикриеме недостатоците или да изгледаме професионално е застарена. Можете да бидете професионални и без шминка. Шминката треба да биде желба, а не неопходност“, нагласува таа.
Џулијан постојано повторува дека ги обожава своите пеги и природната боја на кожата и дека не сака да ги прикрива со шминка.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) На прославата на 30-от роденден носеше фустан кој откриваше многу повеќе отколку што треба

Дуа Липа има полни раце работа овие денови. Таа наскоро треба да го прослави својот 30-ти роденден, а се чини дека со славењето започнала малку порано.
Таа веќе објави компилација од атрактивни фотографии на Инстаграм кои доловуваат само дел од атмосферата, а нејзината провокативна комбинација привлече големо внимание.
Пејачката одлучи да облече фустан за дневната забава кој беше специјално креиран за неа од францускиот дизајнер Симон Порт Жакуму.
Креацијата се одликува со прав крој, но и со резови на грбот и долниот дел од телото. Токму овие шлицови го привлекоа вниманието, бидејќи откриваат малку повеќе отколку што треба.
Стајлингот го надополни со сребрени додатоци, едвај забележлива шминка и брановидна фризура.
„Рани роденденски прослави на мојот омилен остров со моите омилени луѓе во најубавиот фустан што ми го направи Симон… Едвај чекам да наполнам 30“, напиша таа во описот на објавата.
На прославата присуствуваа семејството и блиските пријатели, како и свршеникот Калум Тарнер, кој цело време беше покрај својата сакана.
фото: принтскрин
Забава
Тие се најсреќни во љубовта: астролозите издвоија шест хороскопски знаци

Ако сте на листата на луѓе родени под овие хороскопски знаци, според астролозите, не знаете колку сте среќни.
Астролозите издвоија шест хороскопски знаци кои се особено фаворизирани од ѕвездите за романтични можности. Нивната интуиција, емоционална зрелост и способност да ја препознаат вистинската личност ги прават најуспешни во љубовта.
Јарец – избира со срце, но мудро
Иако делува резервиран, има исклучително развиен осет за луѓе. Брзо ја препознава разликата помеѓу искреност и преправање, па кога ќе се заљуби – тоа е сериозно. Неговото чувство за хумор и потребата за стабилност го прават идеален партнер за долги врски.
Риби – интуитивниот романтичар
Романтиката е на врвот на неговата листа на приоритети. Неговата интуиција го води до вистинската личност, а кога ја следи, ретко прави грешки. Гледа длабочина кај другите и знае како да изгради емотивна врска полна со разбирање и нежност.
Девица – Љубов преку анализа
Тој ништо не остава на случајност. Постојано работи на себе и точно знае што бара кај партнерот. Неговата способност да учи од своите грешки и да ги следи и срцето и умот му овозможува да ја пронајде личноста што вистински му одговара.
Бик – лојален и решителен
Тој не бара совршенство, туку целовитост. Уште на првата средба може да процени дали некој е достоен за следниот чекор. Кога се заљубува, тоа е длабоко и трајно – без игри и без полусрдечни емоции.
Рак – емоционален заштитник
За него, љубовта и семејството се свети. Неговата интуиција го води кон вистинската личност, а кога сака, се предава целосно. Партнерот мора да биде сочувствителен и креативен, бидејќи не губи време на површни врски.
Вага – мајстор на хармонијата
Тој знае како да создаде рамнотежа во врската. Неговата потреба за хармонија и естетика го прави исклучително привлечен. Во љубовта, тој е нежен, внимателен и секогаш подготвен за компромис – што го прави еден од најпосакуваните партнери во зодијакот.
фото: принтскрин