Македонија
Првиот контејнер со контамирана земја од ОХИС замина за Германија
Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини направи обиколка на локацијата во Охис каде што е спакувана контаминираната земја со HCH од малата депонија. По комплетирањето на сите потребни дозволи за извоз на земјата, компанијата Polyeco денес го започна транспортот на 126 тони земја контаминирана со HCH, која е спакувана во 7 контејнери.
Крајна дестинација на контаминираната земја е Германија, каде ќе биде испорачана во постројка лиценцирана за третман на ваков тип отпад. Со тоа завршуваат активностите во кои како имплементациона агенција учествуваше UNIDO. Во реализацијата на вториот лот е вклучена имплементационата агенција UNOPS со средствата обезбедени во Повеќе-партнерскиот фонд за животна средина и веќе се ископани, спаковани и транспортирани до крајната дестинација за уништување 480 тони на HCH отпад од вториот лот, известува Министерство за животна средина и просторно планирање.
Во наредниот период се очекува да започнат активности за чистење на третиот лот за што во завршна фаза е евалуацијата по огласот за избор на изведувач за чистењето и се очекува во најскоро време постапката да заврши и избраниот изведувач да потпише договор со UNOPS.
Досега вкупно се ископани, спаковани и извезени 960 тони на HCH отпад од првиот и вториот лот, од кои 480 тони се веќе спалени, соопшти Министерство за животна средина и просторно планирање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Кисела Вода, Сопиште и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00-13:00 часот дел од улицата Архитект Сотир Томовски, општина Кисела Вода;
· од 09:00-11:00 часот корисниците од село Гврлево, општина Сопиште;
· од 09:00-15:00 часот корисниците на ул. 101 во населба Волково, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Без вода денеска дел од Бутел
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно, во утринските часови повремен локален дожд, а во текот на денот кратки сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно, во утринските часови со повремен локален дожд, а во текот на денот со кратки сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во утринските часови и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во почетокот на новата седмица врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и на некои од повисоките места.

