Македонија
Мицкоски: Криминалците од Арачиново се шерифи во овој град зашто добиваат заштита од МВР
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешната негова посета во Бутел зборуваше за МВР предводено од Оливер Спасовски каде истакна дека криминалците од Арачиново се шерифи во овој град зошто добиваат заштита од МВР.
-Мислам дека е добро да се почне од почеток, да се направи една ретроспектива од снимените разговори на обвинители и судии кои што завршија во депото на МВР, а никој до ден денеска не понесе одговорност како тоа обвинители и судии се снимени, па да завршиме со ова последно дивеење на една криминална банда за која што сите ние знаеме дека функционира на територијата на општина Арачиново и кој што се однесуваат како газди во овој град. МВР поради тоа што врвот на министерството е соработник на оваа банда е немоќно да им се спротивстави и тие луѓе кои што, зборувам за полицајците кој што се нашле во една непријатна ситуација можеле многу лесно да бидат жртви на оваа криминална нарко-банда кое што цело Скопје знае која е, каде живее и како изгледа, а никој за жал до сега не им застана на патот, затоа што се ортаци со нив. Просто е едноставно, е. Така да ќе почнеме од таму, па ќе завршиме со ова. Периодот кој што следи ќе ја разгледаме и таа можност за интерпелација на министерот Спасовски“, рече Мицкоски.
Мицкоски укажа дека поради сето ова што се случува во државата се потребни избори.
-Точно знаеме во Арачиново која е групата, точно знаеме кој возила ги возат, точно знаеме каде живеат, точно знаеме со што се занимаваат и точно знаеме со кои полициски функционери се на линија. Зошто не ги уапсат? Еве оставаме државата односно министерството да си го заврши она за што е надлежно, ние не сме ниту министерство за внатрешни работи, ниту судии, ниту обвинители. Ако видиме дека и понатаму продолжуваат, нормално е дека ние ќе ги објавиме, но со објавување ние ќе влеземе во чевлите на воајерски пристап во политиката. Нас ни требаат дела, конечно нешто да се направи, не само да зборуваме, ние ќе зборуваме, еве ќе зборуваме, ние ги немаме институциите, затоа велиме дајте да идеме на избори, да ги имаме институциите, да видите тогаш како се постапува, додаде Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е значајна победа за правната држава
За првпат и самиот обвинител го признава тоа што целата јавност го кажуваше: дека Јавното обвинителство не може да продолжи да функционира со изгубен легитимитет, под товар на политички влијанија и со селективна правда, изјави Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Фактот што оваа оставка доаѓа дури сега, а не уште од првиот ден кога беше очигледно дека институцијата е компромитирана, само дополнително ја потврдува длабочината на проблемот и обидите со месеци да се одржи статус кво кое служеше на поранешната власт. Со оваа оставка се става крај на еден мрачен период, во кој обвинителството беше перципирано како партизиран механизам, а не како независна институција во служба на законот“, вели тој.
Според Петрушевски, оставката е јасен сигнал за крајот на практиките на заштита на поранешната власт на СДС и ДУИ и почеток на процесот на департизација и европеизација на јавнообвинителската дејност.
„Оставката на Коцевски не е персонално, туку единствено системско решение. Ова е јасна порака дека никој не е недопирлив“, вели Петрушевски.
Македонија
Општина Бутел додели 4.000.000 денари финансиска помош на спортски клубови
Општина Бутел додели 4.000.000 денари финансиска помош на спортските клубови од општина Бутел.
„Локалната самоуправа секоја година ги поддржува спортските клубови и доделува спортски стипендии на најдобрите спортисти од Бутел. Во општина Бутел се градат спортско-рекреативни центри во секое населено место. Во општина Бутел вредноста на спортот и спортските успеси е најголема“, изјави градоначалникот Дарко Костовски.
Тој изрази надеж дека финансиска поддршка ќе поттикне напредок во сите спортови и спортистите ќе освојат европски и олимписки медали.
Македонија
(Видео) СДСМ бара оставка од директорката на ГАК по смртта на новороденчето: „Има сомнежи за лекарска грешка“
СДСМ бара оставка од директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство по смртта на новороденчето.
„Денеска со огорченост стоиме пред оваа Клиника, ГАК, и бараме одговорност за последниот скандал со смртта на бебе. Овде не умрело само едно бебе кое го имало целиот живот пред себе, овде умрела, вистината, лекарската грижа, моралот и одговорноста. А директорката се обидела да го сокрие случајот. Новородено бебе, со реална шанса за живот, починало на интензивна нега. На родителите им било кажано дека смртта била неизбежна. Дека ништо не можело да се направи“, вели Елена Радеска, од Комисијата за здравство СДСМ.
Според неа, документите од самата Клиника говорат поинаку.
„Внатрешни пријави, изјави на лекари и официјални записници велат дека има сомнежи за лекарска грешка. Началничката на интензивна нега, писмено пријавила дека несоодветно лекување од страна на педијатарка довело до компликации и смрт на бебето. Според таа пријава, реинтубацијата траела дури 20 минути. Не секунди. Дваесет минути. Во тие 20 минути, на бебето му биле нанесени повреди по што настанала и смрт. Ништо од ова не им било кажано на родителите. Ниту дека постои сомнеж за сериозна лекарска грешка. За тоа дознале од новинари. Од свиркачи. Не од Клиниката. Не од институциите“, рече Радеска.
Според неа, клучното прашање зошто директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство, д-р Ирена Алексиовска Папестиев, иако била формално известена за сомнежите и за смрт со можни пропусти во лекувањето, два месеца не известила никого.
„Ова е огромен скандал кој ја покажува катастрофалната состојба во здравството. Бараме итна оставка на директорката на Клиниката, д-р Ирена Алексиовска Папестиев. Каква е таа докторка за која Хипократова заклетва е само на хартија? Бараме целосна, независна истрага и одговорност од сите инволвирани – без разлика на функцијата, титулата или хиерархијата“, рече Радеска.

