Македонија
Зајкова: Изгласавме резолуција за укинување на роаминг и признавање на универзитетските дипломи меѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан, ЕУ е на потег
Алијансата на либерали и демократи за Европа (АЛДЕ) денеска ја усвои резолуцијата предложена од Либерално-демократската партија (ЛДП) за укинување на трошоците за роаминг услуги во јавните мобилни комуникациски мрежи и меѓусебно признавање на универзитетски дипломи и професионални квалификации меѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан, вели претседателката на ЛДП Моника Зајкова.
– Бесплатната роаминг зона ќе ја подобри мобилноста, соработката, регионалниот развој, интеграцијата за речиси 18 милиони граѓани и е “отскочна штица“ во дигиталната трансформација на регионот. Ова е значаен чекор на Западен Балкан во усогласувањето со принципите и практиките на единствениот дигитален пазар на ЕУ. Очекуваме дека за примената на оваа мерка ќе се преземат конкретни чекори на претстојниот европски самит за земјите од Западен Балкан кој ќе се одржи на 6-ти месецов во Тирана. Заемното признавање на универзитетските дипломи и професионалните квалификации меѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан ќе се усогласат со принципите на Европската област за високо образование наведени во поглавјата на Болоњскиот процес и Конвенцијата за признавање на квалификации за високото образование во европскиот регион. Со тоа конечно граѓаните од Македонија и Западен Балкан полесно ќе комуницираат и ќе бидат конкурентни на европскиот пазар. Се надеваме дека и оваа мерка ќе биде имплементирана до крајот на 2023 година како што истакнавме во резолуцијата – истакна Зајкова.
Таа додава дека воведување на концептот „Рим како дома“ помеѓу земјите-членки на ЕУ и земјите од Западен Балкан. Треба да се отстранат сите тарифи за роаминг, што значи дека нема доплата на домашната малопродажна цена за разговори, СМС и податоци додека сте во роаминг во предвидениот период.
Потребно е итно меѓусебно признавање на универзитетските дипломи и професионалните квалификации меѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан до крајот на 2023 година.Како и итно ставање на овие две теми на агендата на самитот ЕУ-Западен Балкан на 6ти декември 2022 година во Тирана.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

