Економија
Rebecca одбележа 4 години во Македонија со промоција на 4 нови колекции накит
Низ поинакво модно дружење, во друштво на истакнати имиња од модната индустрија, но и бројни претставнички и претставници на бизнис-секторот, Rebecca Macedonia пригодно одбележа 4 години постоење на македонскиот пазар, преку презентација на 4 нови колекции накит од богатото производно портфолио на италијанскиот бренд.
Stockholm Oceana, Tulip Luxury, Brame, и Jolie Fashion се стилски приказни на одржлива мода, луксуз и безвременски гламур.
Новите парчиња на Rebecca накитот, кои наскоро ќе бидат достапни во продажните салони на брендот во Рамстор и Ист Гејт, за целите на промоцијата беа искомбинирани со моќните креации на истакнатите македонски дизајнери: Јована Филиповиќ, Тамара Стерјова, Тања Кокев, Игор Марков и ZERO Brand.
Совршените креации на нашите дизајнери беа комплетирани со беспрекорен мејкап и фризури од страна на познатиот артист за коса и шминка, Даниел Николовски. Ова автентично модно шоу, беше збогатено и со присуството на претставници на компанијата „Индустри Тести“ со седиште во Фиренца, Италија – производител на брендот за накит, Rebecca.

Rebecca накитот на македонскиот пазар е присутен од 2018 година.


Каролина и Кики – бренд амбасадори на Rebecca Macedonia од првиот ден

Модел: Кики Мукаетова
Фотографија: Ани и Дими

Модел: Каролина Гочева
Фотографија: Дарко Мораитов
ИНФОРМАЦИИ ЗА НОВИТЕ КОЛЕКЦИИ
Brame – Колекција наменета за вистинските вљубенички во природата, кои се доволно авангардни за храбра помпа!
Средновековeн римски раскош преточен во впечатливи парчиња накит инспирирани од времето на италијанскиот триумф на уметноста, барокот. Во согласност со провокативното безредие на новото време, скапоцените камења ја предаваат палката на новиот рециклиран полимер, кој никогаш претходно не се употребувал во индустријата за моден накит. Имено, пластиката која секојдневно се собира од морињата и океаните, преку иновативен процес на рециклирање се претвора во колоритна смеса чија боја зависи од селекцијата на материјали (се бираат по случајност) и динамиката на изработка. Еднаш добиениот колорит на полимерот можно е да не се повтори. Ваков полимер Rebecca за прв пат го користи во индустријата за моден накит.
BRAME Колекцијата е достапна само во ексклузивните салони на накитот REBECCA!

Stockholm Oceana – моќен и впечатлив накит за нагласена експресија на стилот

Бронза и 24-каратна позлата со кристали и одржлив полимер е можеби вистинската ДНК на брендот Ребека: Моќен, одржлив а сепак впечатлив.
Stockholm Oceana Колекцијата е наменета за дами кои се своевидни стилски икони, со уникатен вкус во модата, нагласена самодоверба, индивидуалност и посебна експресија на стилот!
Tulip Luxury – суптилна емоција врамена во ведри парчиња накит

Лалињата, како симбол на будењето на природата пренесуваат позитивна енергија и најубави вибрации. Tulip Luxury e изработена од разиграни фини синџири од бронза со додаден колорит кој може да го прилагодите на расположението: светкави елементи кои даваат доза на гламур и луксуз и парчиња со природни камења од жад во нови есенски нијанси.
Jolie Fashion – композиција на висока мода и безвременска класика

Колекцијата Jolie е проект кој отвора ново поглавје во историјата на брендот Rebecca. Jolie означува грацилност, софистициранот и безвременскa убавина.
Колекцијата е специјално дизајнирана за дами кои сакаат парче ексклузивен накит, минималистички, ненаметлив, скапоцен но сепак достапен. Парчињата од оваа колекција се изработени од чисто сребро и дијамантски прав достапен во неколку бои.
(ПР)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Македонија добива можност да учи AI од Google, Microsoft, Amazon и IBM
AIatWork од денес овозможува 14-дневен целосно бесплатен пристап до својата платформа, со цел вештачката интелигенција да стане разбирлива, применлива и достапна за поширок круг корисници во Македонија.
Со бесплатниот 14-дневен пристап, корисниците добиваат можност практично да ја испробаат платформата и да користат водечки AI модели како ChatGPT, Gemini и Claude, над 50 практични AI алатки за пишување, анализа, дизајн и автоматизација, како и онлајн курсеви во живо, водени од AI практичари со искуство во глобални технолошки гиганти како Google, Microsoft, IBM и други.

Во Македонија вештачката интелигенција сè уште често се доживува како нешто нејасно и тешко совладливо за луѓето без ИТ позадина. Исто така AI често се поистоветува со една алатка, наместо да се разбере како поширок сет на практични решенија што веќе се користат во секојдневната работа низ светот. Голем дел од популацијата би сакала да знае да користи AI, но не знае кои алатки се навистина релевантни и како AI реално може да им помогне во работата.
Токму тука AIatWork се појавува како практичен одговор, нудејќи јасна насока за практична употреба на AI во секојдневната работа.
Во видеото што е дел од објавата, тимот на AIatWork објаснува дека изминатите месеци биле посветени на унапредување на корисничкото искуство и поддршката на платформата, со јасна цел: секој нов корисник уште од првиот момент да знае точно од каде да започне со изучување на вештините и алатките на иднината.
Само овој месец, на платформата се одржуваат 12 активни AI курсеви, во соработка со експерти и компании како Boeing, Google и Salesforce.
Во време кога AI станува составен дел од работата ширум светот, за земји како Македонија таа претставува можност за побрза дигитална трансформација и зголемена конкурентност. Бесплатниот пристап им овозможува на корисниците самите да проверат како AI може да им помогне во секојдневната работа, без ризик и без обврска.
Прашањето повеќе не е дали AI ќе стане дел од работата, туку дали ќе бидете подготвени кога тоа ќе се случи.
Пробајте AIatWork бесплатно – 14 дена, без обврска.
(ПР)

