Македонија
Инфлуенсерката Маја Миа од Охрид пронајдена мртва во Африка

Познатата инфлуенсерка и мејкап артистка Маја Миа Јанеска е пронајдена мртва. Јанеска е по потекло од Охрид, повеќе од една деценија живеела во Танзанија, а периодот пред смртта го поминала во Јужна Африка.
Нема детали за смртта. Африканските медиуми ги пренесуваат објавите на нејзиното момче, познатиот музичар Оми Димпоз, на социјалните мрежи.
„Почивај во мир љубов“- пишува во објавата на социјалните мрежи.
Маја Миа пред извесен период беше во Скопје и објави фотографии со неколку политичари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Одбележани 60 години од формирањето на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија во Скопје

Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија има важна улога во гарантирањето на инфраструктурната стабилност и сигурност, а со тоа и на безбедноста и спокојот на граѓаните. Убедена сум дека и во иднина ќе остане столб на инженерската наука и синоним за безбедност, извонредност и меѓународна соработка, рече министерката за образование и наука, Весна Јаневска, на свечената академија по повод 60 години од формирањето на институтот.
„Денешната свеченост не е само одбележување на едно значајно времетраење, туку и сведоштво за континуирана научна, образовна и општествена посветеност во служба на јавниот интерес. Институтот остави длабоки траги во развојот на високото образование во Македонија, беше и остана генератор на знаење и квалитетен кадар, на млади истражувачи и научници, а импресионира и истражувачката активност на меѓународен план – особено учеството во европските рамковни програми за истражување и иновации“, рече Јаневска.
Министерката посочи дека улогата на ИЗИИС како признат центар на знаење на меѓународната сцена ја почувствувала лично, при посетата на Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија (JRC), во март годинава.
„Бев искрено горда кога од страна на оваа еминентна институција бевме пречекани со зборовите дека со задоволство би ги „украле“ истражувачите од ИЗИИС. Особено беше нагласена плодната соработка во областа на Еврокодовите – европските стандарди за проектирање и градба. Институтот како активен партнер во нивниот развој и адаптација во земјите од Југоисточна Европа, придонесува кон усогласување на инженерските практики и зголемување на сеизмичката безбедност на објектите во ризични региони“, додаде министерката.
Јаневска изрази благодарност до сите кои учествувале во градењето на институтот, во извршувањето на стручната и во развојот на научната и образовната дејност, а се заблагодари и на оние кои моментов работат и ја продолжуваат успешната институционална мисија.
„Сметајте на поддршката од оваа Влада. Имаме особено голем интерес да ја унапредиме научната дејност и затоа годинава одвоивме двојно повеќе средства од минатата, за реализација на научно – истражувачки проекти. Вие сте јавна научна установа и имате 5 лаборатории. Искористете го сиот потенцијал и учествувајте на активните повици на министерството за распределба на средствата во износ од 370 милиони денари за иновативни научни проекти“, рече министерката Јаневска.
Македонија
ДУИ се жали за етничка дискриминација при вработувањата во ХЕЦ Маврово–Вруток

Демократската унија за интеграција (ДУИ) изразува, како што велат, длабока загриженост поради најновите вработувања во хидроелектраната Маврово – Врток, каде што се ангажирани 12 нови лица, без вклучување на ниту еден припадник на албанската заедница, иако, како што велат од ДУИ, станува збор за институција лоцирана во регионот на Гостивар, каде што Албанците претставуваат мнозинство.
Оваа одлука, според ДУИ, претставува јасен пример на етничка исклученост од јавните институции и е во спротивност со принципите на правична застапеност, врз кои е изграден институционалниот модел на државата.
„Овој пристап не само што ја нарушува довербата на граѓаните, туку и го поткопува меѓуетничкиот соживот и ги компромитира темелите на демократското и мултиетничко уредување на Република Северна Македонија. ДУИ нагласува дека овој случај не е изолиран, туку дел од систематска тенденција на маргинализација на Албанците од јавната сфера, за што повеќепати имаме укажувано во изминатиот период. Го повикуваме Народниот правобранител итно да ги преземе потребните постапки за испитување на оваа провоцирачка тенденција, како и да утврди дали има прекршување на правото на еднаков пристап и недискриминација при вработувањата. Упатуваме апел и до претставниците на меѓународната заедница во земјата со внимателност да ги следат ваквите загрижувачки појави, кои се во спротивност со заложбите за изградба на инклузивно и фер општество“, велат од ДУИ.
Македонија
Делови од Аеродром и Карпош без струја

Од ЕВН Македонија АД добиено е известување дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа на ден 28.05.2025 година (среда) без електрична енергија ќе останат:
· од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од ул. Горноврановска, ул. Горно Лисиче, и ул. Божидар Рајковиќ (општина Аеродром)
· од 10.00 до 12.00 часот, корисниците од с. Горно Нерези (општина Карпош