Македонија
(Видео) Томовски: Собрани се 845 идеи од граѓани и истите ќе бидат преточени во буџетски проекти за реализација за 2023 година
„Во текот на изминатиов викенд градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, заедно со нивните стручни тимови беа дел од проектот ‘Биди дел од промените што носат иднина’. Тие ги отворија вратите на општините за граѓаните, кои во огромен број дојдоа и дадоа придонес за креирање на општинските буџети. Како резултат на исцрпни разговори, со илјадници граѓани ширум Македонија, во сите општини каде градоначалниците се од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, собрани се над 800 идеи за проекти, или поточно 845 идеи кои ќе бидат разгледани и добар дел преточени во буџетски проекти, и за истите ќе бидат предвидени средства за нивна реализација“, рече денеска на прес-конференција Ивица Томовски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој напомена дека „од јануари до декември 2023 година, оние проекти кои ќе бидат прифатени и за кои ќе има финансиска сила и можности ќе се реализираат! Следува година на изградба на училишни и културни сали, училишта, градинки, улици, водоводни и канализациски системи, паркови и обнова на веќе постоечки инфраструктурни објекти“.
„Оваа акција ја спроведовме за заедно со граѓаните, да го трасираме патот за развој на секое населено место. Само граѓаните кои живеат во населените места ширум државата знаат што е најпотребно за нивната непосредна околина. Затоа нема повеќе луѓе во кабинети да одлучуваат како ќе се трошат нивните пари, туку тие самите“, рече Томовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВЛЕН: Ако СПАК-от на ДУИ не е само за спектакл, нека побара екстрадиција на Артан Груби од Албанија
ДУИ во Чаир помпезно го најавува формирањето на локален СПАК (Специјално обвинителство против организиран криминал и корупција), како да ја открила Америка. Но, прашањето што веднаш се поставува е: дали овој СПАК ќе го истражи и сопственото раководство или е само уште еден театар за измама на граѓаните, прашуваат од ВЛЕН.
„Корупцијата има познати лица: Фатон Ахмети, поради сомневања за злоупотреба на средства во ФЗО, Арбер Адеми, како министер за образование со отворени случаи за злоупотреба, Бујар Османи, за случајот „Пациент“ и многу други кои денес седат во раководството на ДУИ како недопирливи. ВЛЕН го поздравува овој СПАК на ДУИ и сугерира дека, ако е навистина за акција, а не за спектакл, треба да ги започне истрагите токму со овие имиња. Првото нешто што треба да го направи е да воспостави комуникација со СПАК на Албанија и да побара екстрадиција на Артан Груби, симбол на ароганција и злоупотреба на моќ“, пишува во соопштението.
Ако овој СПАК е сериозен, велат од ВЛЕН, нека се обиде да ги истражи сопствените недопирливи.
„Само тогаш граѓаните ќе веруваат дека транспарентноста не е фасада, туку реалност. Дотогаш, ова останува потсмев, „СПАК за Фејсбук“, а не за правда“, велат од ВЛЕН.
Македонија
(Фото) Мицкоски објави дека е реконструиран дел од локалниот пат Драчево – мотел „Китка“
Премиерот Христијан Мицкоски на социјалните мрежи објави дека е завршена реконструкцијата на дел од локалниот пат Драчево – мотел „Китка“.
Како што извести премиерот, проектот опфаќа поставување нов асфалтен слој со дебелина од 8 сантиметри, уредување на банкини од двете страни на коловозот, изградба на армирано-бетонски пропусти и потпорни ѕидови, како и оформување отворени канали, риголи, тротоари и ивичници на клучните делови од трасата.
„Со вкупна должина од 6,42 километри и ширина на коловозот од 3,5 метри, патот доби стабилна, функционална и долготрајна сообраќајна инфраструктура.
Инвестицијата во износ од 63.537.537 денари е обезбедена од Владата преку Министерството за транспорт. Овој проект има значајно влијание врз подобрувањето на руралната поврзаност, олеснување на секојдневниот транспорт и создавање услови за локален развој“, пишува Мицкоски.
Македонија
Исчезна Виктор Илиоски од Прилеп, мајката очајна
Семејството на Виктор Илиоски од Прилеп очајно бара помош за негово пронаоѓање.

Според објавата на социјалните мрежи, трагата му се губи од саботата попладне, околу 14 часот.
Облечен бил во тегет јакна, црни тренерки и сиви патики.

