Македонија
Премиерот Ковачевски на Самит во Тирана пречекан од премиерот на Албанија
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска во Тирана беше пречекан од премиерот на Република Албанија, Еди Рама, каде се одржува Самитот за Западен Балкан – Европска Унија. Ова е првиот Самит на ЕУ што се организира во регионот на Западен Балкан и тоа кај нашиот сосед Албанија, што уште повеќе ја зголемува неговата важност и значење. ЕУ покажа силно партнерството кон земјите од овој регион, со што уште еднаш потврди дека во нас гледа партнер од доверба.
Уште една силна потврда за нашата европска иднина е хајлатот на овој Самит – потпишувањето на договорот за намалување на цените во роамингот, за разговорите во роаминг помеѓу корисниците од Западен Балкан и земјите од ЕУ. Со овој договор ќе сме поповрзани со земјите од ЕУ и ќе можеме полесно и побрзо да одиме по европскиот пат. Европската Унија сака да сме поврзани, а од целото тоа имаме и практична и економска придобивка и за граѓаните и за бизнисот.
Лидерите од Западен Балкан денеска ќе имаат можност да дискутираат со европските лидери како Шарл Мишел и Фон Дер Лајен и шефовите на европските држава, за европската иднина на целиот регион и јакнењето на соработката, не само помеѓу земјите од Западен Балкан, но и со земјите од ЕУ. Оваа соработка се однесува во делот на обезбедување континуитет и стабилност во снабдувањето со електрична енергија во услови на тешка енергетска криза за што заеднички со земјите од ЕУ се справуваме со овие предизвици. Република Северна Македонија веќе спроведува Стратегија зелена трансформација на земјата и со насочување кон вложување во капацитети за производство на струја од обновливи извори на енергија со што обезбедуваме енергетска независност на земјата. Исто така, тема на Самитот е заедничката европска иднина на земјите од Западен Балкан односно нашата цврста решеност и визија со заеднички напори да обезбедиме мир, стабилност и демократија во време кога само на неколку граници од Западен Балкан имаме разорна војна во Украина.
Самитот е одлична можност да се продолжи оваа успешна соработка за надминување на заедничките предизвиците како што се обезбедување храна, енергенси, закана од хибридни напади и миграција, бидејќи само со цврсти меѓусебни врски помеѓу земјите од Западен Балкан и Европската Унија можеме да дејствуваме како едно, исклучиво во интерес на граѓаните и перспективите на државите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај во Скопје
Денеска со почеток од 12 часот од страна на Сојузот на синдикати на Македонија ќе биде одржан протест пред Стопанска Комора на Р.С. Македонија на улицата „Димитрие Чуповски“ и улицата „Даме Груев“ и сообраќајот ќе биде пренасочен по околните сообраќајници.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје.
„Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници“, велат од МВР.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Адвокатите на Заев вршеле притисок, предметот „Пуч“ останал неотворен во СЈО
Специјалното јавно обвинителство (СЈО) наместо како независнa институција, функционирало како партиски штаб на СДСМ, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста, повикувајќи се на изјави од поранешната обвинителка Лејла Кадриу.
Според Кадриу, четворица адвокати на Зоран Заев во времето на СЈО вршеле притисок врз обвинители за предметот „Пуч“.
„Во СЈО дошле 4 адвокати на Зоран Заев, да ги убедуваат обвинителите да се пуштат лица од притвор за предметот „Пуч“. Биле убедувани да дадат позитивно мислење за да може предметот да се преземе од ОЈО ГОКК, за да може предметот да биде работен од СЈО“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што се наведува, предметот потоа бил донесен во СЈО, спакуван во кутии и фолија, и доделен на обвинителките Ленче Ристоска и Лиле Стефановска, но не бил процесуиран.
„Предметот бил оставен да фаќа прашина, а обвинителките не оделе на рочиште, што според обвинителката Кадриу, тој предмет и денес ако се најде, се уште би бил со заштитна фолија, ниту отворен, ниту разгледан. Кадриу тврди дека предметот бил префрлан и чуван без суштинска постапка, што отвора сомнежи за неговото реално процесирање“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Кадриу посочува и дека најмалку уште два предмети, меѓу кои случаите поврзани со Гордана Јанкуловска и Нешковски, биле политички мотивирани и користени за постигнување одредени политички цели, велат од партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ бараат Јавното обвинителство да ги истражи наводите темелно и непристрасно, со цел, како што наведуваат, да се утврди вистината и евентуалната одговорност.
Македонија
СДСМ: Владата сака авион за Мицкоски, но не и 600 евра минимална плата
СДСМ обвини дека Владата ги игнорира барањата за покачување на минималната плата на 600 евра, додека истовремено најавува набавка на нов владин авион.
„Додека над 200.000 работници едвај врзуваат крај со крај, а вредноста на синдикалната кошница одамна надмина 66 илјади денари, Владата одбива да ја покачи минималната плата на 600 евра“, се наведува во партиското соопштение.
Според СДСМ, пратениците од коалицијата ВМРО-ЗНАМ го блокираат предлог-законот за зголемување на минималната плата и поддршка на компаниите, поднесен од оваа партија. Партијата оценува дека со тоа директно се ускратува финансиска помош за работниците и стопанството.
„Владата сака да купи нов авион за Мицкоски, за нови туристички патувања, како она во Давос“, стои во соопштението, во кое се наведуваат и споредби со луксузите од времето на Никола Груевски, како и со, како што велат, личниот луксуз на актуелниот премиер.
СДСМ истакнува дека ќе продолжи да се бори за „економска правда и враќање на достоинството на граѓаните“.

