Македонија
СДСМ: Мицкоски да ја прекине блокадата на Скопје, повлекувањето на Ленин е провидна игра
„Одговорноста за блокадите и хаосот што му се случуваат на Скопје е единствено кај Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Заминувањето на Ленин Јовановски како еден од организаторите на протестите е само провидна игра на Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ“ соопштуваат од СДСМ.
Оттаму посочуваат дека „и градоначалничката и претседателот и мнозинството во Советот на Град Скопје, и директорите и членовите на управните одбори се поврзани со ВМРО-ДПМНЕ“.
„Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги имаат сите механизми да ја прекинат блокадата и тоа треба да го сторат веднаш. Мицкоски треба да се покрие од срам за сето она што му го прави на сопствениот град, на своите сограѓани“ е ставот на владејачката партија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, попладне наместа со локално невреме, пороен дожд и грмежи
Времето денеска сончево со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално ќе има услови за краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветер и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 13, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени. УВ=6
Во Скопје, времто ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне во делови од котлината нестабилно со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 26 степени.
И во четврток ќе има повремен пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме. Од петок дневната температура ќе биде во значителен пораст и на повеќе места ќе биде над 30 степени. Сепак во попладневните часови можна е изолирана појава на пороен дожд и грмежи.
Македонија
Мицотакис: Очекувам од новиот премиер изјава дека името на неговата земја е Северна Македонија и тоа ќе го користи во и вон неговата земја
„Очекувам од новиот премиер да даде јасна изјава дека го почитува Договорот од Преспа и дека името на неговата земја е Северна Македонија и тоа ќе го користи во и вон неговата земја“ рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервју за телевизијата Стар.
Говорејќи за надворешната политика, тој се осврна и на односите со Северна Македонија, посочувајќи дека Атина се стреми кон добри односи, но неопходно е почитување на Договорот од Преспа.
„Видов некои изјави на претседателката на Северна Македонија и мислам дека направи некои чекори назад од првичните изјави. Ние се стремиме кон добри односи со Северна Македонија, но многупати имаме кажано дека добрите односи поминуваат преку почитувањето на јадрото на Договорот што го потпишаа двете земји“, истакна тој.
„Договорот одреди едно име за сите и ова соседите мора да го почитуваат. И очекувам од новиот премиер, кога и штом ќе положи заклетва да даде јасна изјава дека го почитува Договорот од Преспа и дека името на неговата земја е Северна Македонија и тоа ќе го користи во и вон неговата земја“, кажа грчкиот премиер.
Македонија
Маричиќ – Бока: Европската интеграција на Северна Македонија мора да продолжи со превземање на одговорноста и обврските на патот кон ЕУ
Првиот заменик претседател за европски прашања Бојан Маричиќ денес оствари средба со Јанос Бока, министерот за европски прашања на Унгарија.
На средбата се говореше за приоритетите на унгарското претседателство со цел зајакнување и поддршка на процесот на европските интеграции на Северна Македонија во периодот што следи. Унгарија како претседавач ќе биде фокусирана на проширувањето на Европската Унија со земјите кои се дел од пакетот за проширување со фокус на Западен Балкан и Северна Македонија и со посебен акцент на спроведување на реформите.
Унгарија претседава со Советот на Европа од 1 Јули 2024 до крајот на годината.
Маричиќ изјави дека државата мора да го продолжи процесот на евроинтеграција, кој е дел од меѓународните заложби и обврски за просперитет на регионот, Европа и сите граѓани на државата.
Превземањето на обврските и исполнувањето на долгорочните планови со Европската Комисија се од витално значење за прогрес на државата, меѓународните стратешки партнери и за развојот на геополитичката мапа на регионот и Европа.
Маричиќ ја истакна важноста од носење на важни одлуки за понатамошно реализирање на стратешките цели на Северна Македонија и регионот за која се залагаат и земјите членки на ЕУ, регионот на Западен Балкан и сите стратешки партнери на државата.
На средбата во фокус беше и одлучноста односно заложбата на Европската Комисија за Планот за раст за земјите на Западен Балкан, можностите и конкретните мерки со кои земјите кои се дел од Планот за раст ќе ги почувствуваат придобивките од неговата имплементација во претпристапниот период се до полноправно членство во унијата, каде што природно, географски и идеолошки припаѓаат.
Маричиќ и Бока се сложија дека во последните 2 години беа постигнати значајни резултати во процесот на евроинтеграција на Северна Македонија, со реализација на скрининг процесот, отпочнувањето на преговорите за државата и комплетната подготовка за реализација на европската агенда на државата.
Европската интеграција мора да продолжи со превземањето на обврските на патот кон ЕУ со кои државата ќе се движи во правец на прогрес и значаен развој. Реализацијата на Планот за раст е исклучително важен процес, бара детално и вредно вклучување на сите капацитети со големи придобивки за државата и за сите граѓани во неа – рече Маричиќ.