Црна хроника
Претрес во Скопје, пронајдени пиштол и муниција
Денеска (09.12.2022) во Скопје, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија го лишиле од слобода И.Ч.(43) од Тетово, со живеалиште во Скопје.
При петрес во домот во кој живее, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол „Browing“ со 12 куршуми калибар 7,65 и рамка за пиштолот.
Лицето било задржано во полициска станица и за настанот бил запознаен Јавен обвинител. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 396 од Кривичниот законик.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен маж од струмичко, со ловечка пушка усмртил куче
Вчера во 17:00 часот во с.Куклиш, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Д.Б.(50) од истото село, соопшти МВР.
Тој се сомничи дека околу 14:00 часот испукал еден истрел од ловечка пушка, при што усмртил куче, сопственост на М.Ѓ. од с.Куклиш.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Струмица и ветеринарен лекар. Од Д.Б. е одземена пушката и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Нуркачи спасиле двајца верници кои се фрлиле по крстот во Вардар во Скопје
Нуркачите спасија двајца верници кои вчера се фрлаа по крстот во водите на реката Вардар во Скопје.
Според информациите на МВР, вчера околу 12:30 часот на кеј на реката Вардар во Скопје, при одржување на верска манифестација по повод празникот Водици, П.А.(20) од с.Визбегово, скопско и Х.П.(27) од с.Сопиште, скопско, кои учествувале на манифестацијата и влегле во водата, почнале да се дават, по што од нуркачки тимови биле извадени надвор од водата.
Двајцата со возила на Итна медицинска помош биле пренесени во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје.
Црна хроника
Уапсен водич на навивачка група во Тетово
Вчера во 20:10 часот во населба Дреновец во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Р.Е.(23) од Тетово, водач на навивачка група.
Тој се сомничи дека околу 19:20 часот на улица „Иво Лола Рибар“ во Тетово заедно со неколку лица со маски на главите физички ги нападнале А.Ј.(22) и Д.П.(22), двајцата од Скопје, при што употребиле и тврди предмети и му нанеле повреди на А.Ј. и го оштетиле нивното возило „мазда 3“.
Тој е задржан во полициска станица, извршен е увид и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.

