Македонија
Спасовски и албанскиот колега Чучи потпишаа обновени аранжмани со ЕК за борба против тероризмот во Западен Балкан
Комисијата денеска потпиша ревизија на билатералните аранжмани со Албанија и Северна Македонија, обновувајќи ги активностите за спроведување на Заедничкиот план за акција за борба против тероризмот во Западен Балкан. Ова дополнително ќе ја надогради соработката во полето на борбата против тероризам, спречување и борба против насилен екстремизам. Аранжманите ги потпишаа комесарката за внатрешни работи Илва Јохансон, министерот за внатрешни работи на Албанија Бледар Чучи и министерот за внатрешни работи на Северна Македонија Оливер Спасовски.
Комесарката за внатрешни работи Илва Јохансон изјави: „Заедничкиот план за акција за борба против тероризмот останува столб на нашата соработка со Западен Балкан за да осигураме заедничка безбедност. Го поздравуваме напредокот постигнат од Албанија и Северна Македонија во спроведувањето на приоритетните акции, а потпишувањето на овие обновени аранжмани е конкретен знак за нашата континуирана вклученост и поддршка за нашите партнери.“
![]()
Министерот за внатрешни работи на Албанија Бледар Чучи изјави: „Потпишувањето на ревидираниот аранжман ќе ни овозможи, заедно со ЕУ, подобро да се соочиме со заканата што ја поставува тероризмот, да го усогласиме нашето законодавство со законодавството на ЕУ и да ги подобриме нашите капацитети. Размената на информации во рамките на овој договор ќе обезбеди појасна слика за вистинските закани и подобра подготвеност за справување со тероризмот и насилниот екстремизам.“
Министерот за внатрешни работи на Северна Македонија Оливер Спасовски изјави: „Задоволен сум што сум тука да го потпишам овој ревидиран аранжман со Европската комисија. Се појавуваат нови безбедносни закани и предизвици и покажуваме дека меѓународната соработка е од најголема важност. Ревидираниот аранжман ќе им овозможи на Северна Македонија и на ЕУ поблиску да соработуваат за да предвидат, спречат, заштитат и одговорат на терористичките закани. Тој исто така ја покрива областа на спречување на насилниот екстремизам и поларизацијата на нашите општества поттикнати од дезинформации“.
![]()
Ревидираните аранжмани меѓу Комисијата и властите на Албанија и Северна Македонија идентификуваат конкретни приоритетни акции во областа на соработката против тероризмот што ќе се спроведуваат во текот на 2023 година и 2024 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Битола, Охрид и околината: епицентарот во Албанија
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 23 часот и 10 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Албанија, на околу 150 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.7
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Битола, Охрид и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
За потребите на сеизмолошките истражувања, доколку сте го почувствувале земјотресот, пополнете го прашалникот за почувствуваност достапен на линкот: https://seismobsko.pmf.ukim.edu.mk/prasalnici или јавете се на 112.
Македонија
Земјотрес во Охрид
Земјотрес со епицентар во Грција е почувствуван во Охрид и околината, вечерва во 19 и 50 часот.
„Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 19 часот и 50 минути регистрираа земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 100 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.7“, соопшти Сеизмолошката опсерваторија.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Охрид и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
За потребите на сеизмолошките истражувања, доколку сте го почувствувале земјотресот, пополнете го прашалникот за почувствуваност достапен на линкот: https://seismobsko.pmf.ukim.edu.mk/prasalnici или јавете се на 112.
Македонија
Андоновски на состаноци во Стејт департментот: Соработката во областа на сајбер безбедноста и дигитализацијата во фокусот
Во рамки на работната посета во Вашингтон, денеска се реализираат работни средби во Стејт департментот на САД. Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, утринава оствари работна средба со Russ Headlee, Senior Bureau Official (SBO), прв човек на Бирото за Сајбербезбедност и дигитални политики на Стејт Департментот на САД.
„На средбата беше потврдена заедничката определба за унапредување на билатералната соработка меѓу Република Македонија и Соединетите Американски Држави во областа на дигиталната трансформација и сајбер безбедноста. Разговорите се фокусираа на продлабочување на соработката во клучни области: сајбер безбедноста и дигиталните политики; привлекување на инвестиции од САД во областа на дигитализацијата и сајбер безбедноста; доверливо поврзување на институциите и безбедна инфраструктура; отпорност и доверба“, соопштија од Министерството.
Дополнително, во рамки на дискусијата биле опфатени и прашања поврзани со јакнење на капацитетите помеѓу партнерските влади, размена на експертиза, како и јавно-приватна соработка во доменот на сајбер безбедноста, со цел развој на безбедни и доверливи дигитални јавни услуги и заштита на критичната дигитална инфраструктура.
„Дигиталната трансформација мора да оди рака под рака со сајбер безбедноста и довербата во технологијата. Соработката со Стејт департментот и со Бирото за сајбер безбедност и дигитална политика е значаен чекор за зајакнување на нашите капацитети и за побрза модернизација на јавните услуги“, истакна министерот Андоновски.
Во продолжение на работната агенда, заедно со македонската делегација предводена од претседателот на Собранието, Африм Гаши, министерот Андоновски оствари средба и со Daniel J. Lawton, заменик помошник секретар во Стејт департментот.
Според Министерството, оваа средба претставува значаен чекор кон зајакнување на соработката, градење институционални капацитети, размена на експертиза и меѓусебна поддршка помеѓу Македонија и САД.
Средбите завршија со договор за наредни чекори, вклучително и утврдување приоритетни области за соработка и редовна комуникација меѓу тимовите, со цел подготовка и реализација на конкретни активности и проекти во претстојниот период.

