Македонија
(Видео) Мицкоски: Оваа кампања е значаен момент, првпат граѓаните директно можат да го креираат буџетот

Денеска и утре повторно ќе имаат можност граѓаните да ги презентираат своите гледишта, да предложат по некој проект кој што ќе биде дел од проектите кои што ќе се реализираат во општините ширум Македонија, така и овде во Аеродром, изјави денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Тој додаде дека тука има навистина амбициозен тим во општината и покрај тоа што немаше никакви проекти изминатата година буквално од почеток се проектираше и можеме да кажеме дека еве веќе две градинки, доградба, надградба на две училишта, паркови, плоштади итн. ќе бидат дел од проектите кои што ќе бидат реализирани, вклучително и делот од оние проекти кои што граѓаните преку овие отворени денови ќе ги предложат.
Мицкоски истакна дека ова е исклучително значаен момент за македонската демократија, првпат граѓаните директно да можат да го креираат буџетот на некоја од институциите. Повеќе од 800 проекти се пристигнати од страна на граѓаните преку директните средби и преку веб страницата budzet.mk. Значи повеќе од 800 проекти се резултат на оваа кампања „Биди дел од промените, иднина што носат“.
Мицкоски изјави дека ќе продолжат да иновираат и понатаму ќе работат во интерес на граѓаните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На граничниот премин Богородица задржувањето од македонска страна е околу половина час

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, извести АМСМ.
На граничниот премин Табановце времето на чекање за влез во државата изнесува околу 40 минути, додека на граничниот премин Богородица задржувањето од македонска страна е околу 30 минути.
На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Незгода на патниот правец Бошков мост – Дебар, сообраќајот во прекин

На патниот правец Р1202 Бошков мост – Дебар поради случена сообраќајна незгода сообраќајот е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Македонија
СДСМ: Мицкоски да каже за парите од осомничени од Кочани кои завршиле во ВМРО-ДПМНЕ, да не се секира за нашата стратегија

„Кога наместо да деде одговор на конкретно поставено прашање во врска со донации кои неговата партија ги добивала од сега осомничен за трагедијата во Кочани, Мицкоски би требало да одговори на тоа прашање наместо да се секира за нашата стратегија“, велат од СДСМ.
„За нас најважна е вистината и разобличувањето на обидот на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски да ја затскријат вистината за трагедијата во Кочани, но и обидот да ги сокријат нивните партиски функционери од одговорност.
Дополнително, апелираме до Христијан Мицкоски да не се секира за нашата стратегија премногу. Се оптеретува, и тоа е очигледно. А никој не сака премиер кој наместо да е оптеретен со подобрување на животот на граѓаните е оптеретен со СДСМ.
Еве и еден бесплатен совет до Мицкоски – најлоша комуникациска стратегија е стратегијата на лажење, манипулација и бегање од одговори. Реалноста Мицкоски не се поврзува со твоите пораки.
На пример, се уште никој не може да ги почувствува ефектите од четвртата најдобра економија во светот.
Никој се уште не може да ги почувствува придобивките од наводното зголемување на платата.
Сите ги чувствуваат ефектите од рекордните задолжувања, инфлацијата и безочното трошење на пари за папаја, манго, бејби биф, приватни авиони и скапи хотели. Парите на граѓаните се потрошени на луксуз за функционерите на ВМРО-ДПМНЕ додека граѓаните живеат во најсиромашната и економски најслабата држава во Европската Унија.
Никој ги нема видено туристите за кои Мицкоски зборува дека биле за 20% повеќе. Дотолку што Охрид се соочува со најлошата туристичка сезона со години.
Мицкоски, нека не те лажат дека ти поминуваат пораките. Никој не го чувствува тоа што го зборуваш.
Уште еднаш да повториме, нема поголем предавник на Македонската идеја од врховизмот. Врховизмот е авторитарност“, соопшти СДСМ.