Свет
Кина го укинува карантинот во некои области
Кина го намалува бројот на локации со статус на висок ризик за ширење на коронавирусот.
Бројот на области со висок ризик падна на околу 4.500 во понеделникот, што е пад од 85 отсто во однос на 7 декември, покажаа официјалните податоци.
Властите во градот Женгжу, каде што снабдувачот на iPhone Foxconn има голема фабрика, објавија дека ги укинуваат ограничувањата во сите зони со висок ризик.
Минатиот месец, илјадници работници избегаа од фабриките поради стравувањата од ограничувањата на коронавирусот, кои го намалија производството.
Според еден од најновите кинески протоколи, областите со висок ризик можат слободно да ги укинат ограничувањата доколку нема случаи на зараза пет последователни дена.
Локалните власти, исто така, се предупредени произволно да не го продолжуваат опсегот на ограничувањата или да ги прошируваат.
Економистите веруваат дека транзицијата на Кина кон „живот со Ковид-19“ ќе го намали бројот на ограничувања што ја влечеа економијата надолу, особено во текот на оваа година поради позаразниот вид омикрон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
„Макрон сакаше да страдаме поради Брегзит“ – Борис Џонсон со експлозивни тврдења во неговите мемоари
Францускиот претседател, Емануел Макрон, се обиде да ја натера Британија да страда поради напуштањето на Европската унија, напиша поранешниот британски премиер Борис Џонсон во своите нови мемоари.
Во најновиот извадок од неговите мемоари „Oслободен“, Џонсон го обвини францускиот претседател дека ја користел нередовната миграција како „оружје“ за да го поткопа Брегзит, објави „Политико“.
Тој рече дека Макрон изгледал подготвен да замижи пред бандите кои шверцуваат луѓе преку Каналот и тврди дека францускиот лидер го гледал Брегзит како „ужасно навредлив потег за ЕУ и неговиот поглед на светот“.
Двајцата лидери имаа ладен однос кога Џонсон беше на функцијата, со остри несогласувања околу Брегзит, војната во Украина и правата за риболов, меѓу другите прашања.
Свет
Путин потпиша указ со кој повика 133.000 Руси на задолжителна воена служба
Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ со кој се повикуваат 133.000 Руси на задолжителна воена служба оваа есен, според веб-страницата за правни информации.
Во уредбата се наведува дека граѓаните на возраст помеѓу 18 и 30 години, кои ги исполнуваат условите за воена служба и не се во резервни единици, се поканети да бидат регрутирани од 1 октомври до 31 декември.
Уредбата ги иззема војниците, кои веќе ја отслужиле воената служба, пренесе ТАСС.
Генералштабот на руските вооружени сили нагласи дека оние што ќе бидат регрутирани оваа есен нема да учествуваат во војната во Украина.
Свет
Зеленски: Путин се плаши да користи нуклеарно оружје
Владимир Путин се плаши да користи нуклеарно оружје затоа што го сака својот живот и ги контролира животите на другите, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски.
Рускиот претседател на 25 септември изјави дека ја менува руската нуклеарна доктрина и може да ги прошири околностите под кои може да се користи такво разорно оружје.
Но, Зеленски рече дека не мисли оти Путин ќе ризикува да користи нуклеарно оружје.
„Никој не знае што навистина има во главата на Путин. Тој може да користи нуклеарно оружје за да нападне која било земја во секое време. Или не. Не сум сигурен дека ќе го стори тоа. Споделувам со вас што мислам, но јас не сум Путин. Не можам да знам точно. Тој ги сака својот живот и својот начин на живеење и управување со животите на другите“, рече Зеленски.
Во саботата рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, му порача на Вашингтон да ја подготви Европа за самоубиствен потфат поради бесмисленоста и опасноста од самата идеја за борба до победа со нуклеарна сила како Русија.