Регион
Ноќта помина мирно на северот на Косово, барикадите влегуваат во шестиот ден
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/12/3205_kosovo-serbia-tensions_f.jpg)
На северот на Косово и оваа ноќ помина мирно, а Србите сè уште се на барикадите во знак на протест поради апсењето на Дејан Пантиќ и присуството на специјалните единици на косовската полиција, јавува РТС.
Српските барикади влегуваат во шестиот ден.
Шефот на ЕУЛЕКС, Ларс Гунар Вигемарк, вчера изјави за „Танјуг“ дека безбедносната ситуација на северот на Република Косово е многу сериозна и дека ЕУЛЕКС тројно ги зголемил своите сили, но дека не е надлежен да ја преземе контролата на север наместо косовската полиција и дека барикадите треба да се отстранат на мирен начин.
Во меѓувреме, 14 нови советници дадоа заклетва во собранието на општина Северна Митровица, кое избра ново свикување и формира нова законодавна власт.
Меѓу новите советници, во општина со мнозинско српско население, еден од 16-те е Србин – Душан Милуновиќ од листата „Граѓанска иницијатива српски опстанок“.
Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера се сретна со специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина и други регионални прашања од Западен Балкан, Мирослав Лајчак, и заменик-помошникот државен секретар на САД, Габриел Ескобар.
Ескобар за РТС изјави дека загриженоста на луѓето што се наоѓаат на барикадите на северот на Косово се „легитимни, а во некои случаи и оправдани“.
Тој додаде дека САД го отфрлаат враќањето на српските сили на Косово бидејќи се против, како што вели, милитаризацијата на проблемот, а наместо тоа, се залага за дијалог и повтори дека Вашингтон се залага за формирање заедница на српски општини.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Регион
Земјотрес го погоди Крит
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/08/zemjotres2.jpg)
Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала го погоди Крит.
Земјотресот бил на длабочина од пет километри, а епицентарот на 73 километри од Ираклион.
Засега нема информации за жртви и материјална штета.
Регион
13-годишно девојче загина од гром на плажа на Халкидики
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2020/07/Grcija-1.jpg)
Трагичен настан се случи денеска на Халкидики кога 13-годишно девојче го загуби животот откако го удри гром.
Трагичниот инцидент се случил околу 16:30 часот кога девојчето било на плажата Посеиди, на песокот, а според првите информации полесно е повредена и нејзината мајка.
Времето на Халкидики денеска е лошо со обилни врнежи од дожд, пренесуваат локални медиуми.
Полициската управа Касандра води прелиминарна истрага за инцидентот, пишуваат грчките медиуми.
Регион
Додик: Има ли некој што може да ги тргне бошњачките политичари од погрешен воз
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/04/dodik-1.jpg)
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик денеска изјави дека кога ќе се качите во погрешен воз сите постојки се погрешни и праша дали има кој да ги извади бошњачките политичари од тој воз.
„Има ли некој што може да им објасни дека Боно Вокс и „U2“ никогаш повеќе нема да свират бесплатно во Сараево, а CNN ќе го емитува концертот? Дека веста за резолуцијата за Сребреница не е објавена во ниту еден светски медиум. Дека Босна и Херцеговина никому не му е важна, освен луѓето што живеат во неа“, напиша Додик на социјалната мрежа Икс.
Дваесет години, посочува, се обидува да им објасни, а тоа ќе го покаже на претстојната средба во Мостар.