Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Се сомневаме дали Арсовска е деловно способна да го води Градот, таа е обичен пион во рацете на Ковачевски
Арсовска и Тачела-коалицијата првин народот го нарекоа багра, а сега измислуваат непостојни работи и разговори, кои не се случиле. Отворено се сомневаме дали Арсовска е деловно способна да ги води Градот и институциите под нејзина ингеренција. Данела Арсовска очигледно има потреба од поинаква помош. Зборува за работи и ситуации што никогаш не се случиле во реалноста, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека сериозно се загрижени за градоначалничката и ја повикуваат да достави документ со кој ќе се потврди деловната способност.
Освен со Ковачевски и со Стевчо Јакимовски, нема човек со кој не се скара. Нејзиното однесување е неурамнотежено и станува кралица на лагата, велат од партијата.
Не само што не се огради од изјавата на заменик-градоначалникот Александар Трајановски дека превозниците што протестираат се багра, со што ја прифати како своја, туку вчера отиде и чекор понатаму и очигледно раскажуваше ситуации што само таа може да ги види и никогаш не се случиле, се вели во соопштението.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека додека Арсовска зборува за некој имагинарен свет во реалноста, Градот го однесе во банкрот. Нема пари за превозниците, доцнат платите, претпријатијата се во долгови. Таа е обичен пион за криминалните интереси на Ковачевски. А додека градот тоне во банкрот, Арсовска и луѓето околу неа се богатат.
Не знаеме дали Арсовска глуми лудило или не, но таа повеќе за градоначалник не е. Оставка веднаш, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

