Македонија
Општина Аеродром за прес-конференцијата на Ангелов: Измешани термини, поими и надлежности

Измешани термини, поими и надлежности. Ова е единствениот впечаток од денешната прес конференција на директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов, кој наместо да ја врши работата што согласно законот треба да ја извршува оваа институција, тој во јавноста пласира невистини и неточни информации и ја префрла одговорноста, соопштуваат од општина Аеродром.
„Доколку Ангелов ги познаваше законите ќе знаеше дека обврска на институцијата која тој ја води е да ги координира надлежните институции во процесот на управување со кризи. Координација помеѓу државните институции подразбира писмена комуникација, активна соработка и редовни состаноци, а не прес-конференции и јавни паради. Дополнително, Директорот на ЦУК треба да знае и дека надлежност за решавање на проблемот кој тој го посочи има исклучиво градот Скопје“ се вели во општинското соопштение.
Оттаму порачуваат „пред да зборува за ветер и магла, Ангелов треба да даде одговор зошто неговата институција не презеде никакви активности при последните обилни дождови кои неодамна ја зафатија Општина Аеродром, чии граѓани беа најпогодени. Дополнително, пред јавноста треба да даде и одговор и на прашањето до каде е постапката за обесштетување на граѓаните кои претпреа материјални штети од последното невреме. Ова се многу посуштествени теми, во споредба со ланскиот снег и дождот во 2023 година за кои тој милува да говори“.
„Системот за управување со кризи и потенцијалните опасности во него се решаваат со меѓусебна работа и координација, а не со прес конференции и паради во јавност. Ова не е твитер и кршење керамиди. Станува збор за проблем, кој треба да го реши градот Скопје, а решавање го координира Центарот за управување со кризи. Поради ова уште еднаш апелираме сите институции да си ги извршуваат законските надлежности, да постапувааат согласно со законите и да внимаваат какви информации споделуваат со јавност. Споделувањето информации кои се неточни и непроверени може да предизвикаат непотребна паника и страв, што пак повлекува морална и кривична одговорност“ се вели во соопштението од општина Аеродром.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
За влез и излез од државава на граничните премини се чека до 15 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за влез и излез е околу 10-15 минути.
На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.
Македонија
Свежо утро, а преку ден до 33 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 30 степени.
До средината на следната седмица ќе преовладува претежно стабилно време со дневни температури малку под просекот за овој период од годината. Потоа времето ќе биде сончево и потопло со пораст на дневната температура.
Македонија
(Видео) Елитната полициска единица ЕБР прослави 24 години постоење

Со свечена церемонија вечерва на градскиот плоштад во Кавадарци беше одбележан 23 август – Денот на Единицата за брзо распоредување (ЕБР) и 24 години од формирањето на оваа елитна полициска единица при Министерството за внатрешни работи. Настанот се одржа во присуство на премиерот Христијан Мицкоски, раководството на МВР, министри, пратеници, претставници на институциите и локалната самоуправа, полициските синдикати, како и семејства на загинати и починати припадници на ЕБР.
Граѓаните на Кавадарци имаа можност да се запознаат со опремата на единицата преку концептот „До вас, за вас“ и да се дружат со припадниците на полицијата.
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, во своето обраќање истакна дека ЕБР е симбол на сигурност и доверба, формирана врз темелите на професионализам, пожртвуваност и верност кон државата.
„Во изминатите две и пол децении, ЕБР се втемели како симбол на сигурност и брза реакција, вистински штит на државата и граѓаните. Ниту еден припадник не се двоуми да преземе одговорност и да дејствува во најризични ситуации, каде што секунда одлука може да значи спас на човечки животи“, порача министерот Тошковски.
Тој додаде дека токму оваа единица има незаменлива улога во борбата против криминалот и корупцијата.
„Разбиени се опасни криминални групи, расветлени стотици дела, запленета е дрога која ќе завршеше кај младите, спречени се илјадници обиди за нелегален влез во државата. Дојде време да покажеме дека државата е посилна од криминалот и дека институциите ја враќаат довербата кај граѓаните“, истакна Тошковски.
На свеченоста зборуваа и досегашниот командант на ЕБР, Зоран Јанаќијев, кој даде свое видување за иднината на единицата, како и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, кој ја поздрави иницијативата „До вас, за вас“.
Беа доделени плакети на најистакнатите припадници на ЕБР, а претходно во текот на денот беше положено свежо цвеќе пред спомен-обележјето во чест на загинатите херои на единицата.