Забава
Би-би-си: „Нож в грб 2“ го продолжува Whodunit лудилото
Прашањето за тоа што го поттикна неодамнешното оживување на жанрот Whodunit е практично тој самиот, оценува британски Би-би-си во анализа на крими-драмата „Стаклен кромид: нож в грб“ (Glass Onion: Knives Out Mistery) и сè поголемата популарност на овој жанр.
Дали американската ТВ-серија „Убиства во зградата“ стои зад ненадејната популарност на овој жанр? Големиот успех на „Нож в грб“ на киноблагајните во 2019 година? Повторната имагианција на Херкул Поаро на Кенет Брана? Или, пак, континуираната продажба на романите на Агата Кристи, што покажува дека Whodunit всушност никогаш не исчезна.
Без оглед на причината, тие се секако голем бизнис во моментов. „Нетфликс“, наводно, платил 450 милиони долари за првото од двете продолженија на Knives Out. Првото, Glass Onion, излегува во петок.
Во оригиналниот филм глуми Даниел Крег како детектив Беноа Блан, заедно со Крис Еванс, Џејми Ли Кертис и Ана де Армас.
Старомодна, но иновативна мистерија за убиство – не е филм за суперхерои или научнофантастичен блокбастер што ги освојува киноблагајните. А всушност, токму тоа го направи, оценува Би-би-си.
Glass Onion, во кој глуми сосема нова актерска екипа освен Крег, е првото од многуте продолженија. Неговиот сценарист и режисер Рајан Џонсон не е изненаден од трајната популарност на Whodunit-жанрот.

„Сметам дека има смисла, бидејќи тоа е истото нешто што отсекогаш било привлечно за овој жанр“, изјави Џонсон за Би-би-си.
„Што не треба да сакате? Имате галерија интересни ликови, имате харизматичен детектив, интриги, мистерија, комедија, човечка драма, сите состојки се тука.
„А што се однесува до мене, јас сум зависник од Whodunit, во моментов сум во рајот, фактот дека сè повеќе има вакви работи и дека таленти како Стив Мартин пишуваат мистерии токму сега, за мене тоа е рајот“.
Актерската екипа на новиот филм – каде сите се осомничени за убиство – ги вклучува и Едвард Нортон, Џенел Монае, Кејт Хадсон и Лесли Одом Џуниор.
Филмот е свежа интерпретација на whodunit-жанрот, односно низ целиот филм се провлекува прашањето кој го стори тоа? Кој е убиецот?
Крег треба да глуми стереотипен детектив сезнајко како Херкул Поаро или Шерлок Холмс, но тој дава една своја интересна перспектива. Во ликот на детективот вметнува можност за човечка немарност, наивност и одлична интуиција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Ќерката на Ким Кардашјан повторно шокира: „И ова е 12-годишно дете?“
Модните избори на 12-годишната Норт Вест долго време се предмет на вниманието на јавноста. Не е тајна дека Ким Кардашјан како нејзина мајка трпи критики од општеството, но таа не се грижи за коментарите и често ги оправдува постапките на својата ќерка со една реченица – тоа е нејзиниот креативен начин на изразување и не сака да ја спречува.
Се чини дека младата Норт повторно го привлече вниманието на јавноста, а овој пат со објава на „Тик-ток“. Имено, таа претстави нов имиџ и е потценување да се каже дека ги шокира сите.
@kimandnorth♬ original sound – flxxsohard
Таа носеше целосно црна комбинација, што ја комбинира со скапи ѓердани. Сепак, најголемо внимание привлекоа нејзините избелени веѓи, како и вештачките трепки што го заокружуваа изгледот на 12-годишното девојче.
Набргу потоа следуваа лавина коментари.
„А ова е 12-годишно дете!“, рече еден корисник на „Тик-ток“, а друг напиша: „Нема шанси 12-годишно дете да има пирсинг на прстот, избелени веѓи и такви нокти!“
@kimandnorth💧💧♬ original sound – ꜰɪɴɴ
„Ким треба да научи да биде мајка, а не најдобра пријателка на своите деца“, коментира трет корисник на социјалната мрежа.
Забава
(Видео) Дакота Џонсон ги воодушеви сите во фустан од тантела
Пејачката Лили Ален пееше на сцената на Saturday Night Live по 18 години, а Дакота Џонсон стави свој печат на сè. Убавата актерка се појави за време на изведбата на песната Madeline и ги воодушеви сите со својот изглед.
Познато е колку Дакота ги сака голите фустани, а ниту сега не отстапи од своето правило.
За сцената таа избра навидум едноставен црн, проѕирен фустан, врз кој додаде светкава наметка украсена со циркони и цветни апликации.
Dakota Johnson made a surprise appearance on the most recent episode of Saturday Night Live as the mistress in Lily Allen‘s song “Madeline.” https://t.co/wCOy6INVVf
— The Hollywood Reporter (@THR) December 15, 2025
Сензуален и драматичен, така може да се опише најновиот во низата провокативни појавувања на Дакота Џонсон поради кои речиси ги остави Лили и нејзиниот настап во сенка.
Спектакуларниот накит беше таму за да заокружи сè, а Дакота повторно не отстапи од својот препознатлив стил што го негува со години.
Забава
(Видео) Најстариот син на Доналд Трамп се сврши
Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека неговиот најстар син, Доналд Трамп Јуниор, се сврши со Бетина Андерсон, членка на високото општество во Палм Бич.
Трамп ја објави веста на празнична забава во Белата куќа. Портпаролот на двојката подоцна ја потврди среќната вест, а набргу се појави и видео од самиот претседател Доналд Трамп како ја објавува веста.
BREAKING NEWS:
President Trump just announced at the White House that his son @DonaldJTrumpJr and his girlfriend Bettina Anderson are getting married! They just got engaged.
Congratulations to them both. pic.twitter.com/psb38nTGla
— Laura Loomer (@LauraLoomer) December 16, 2025
„Тие се сложуваат многу добро и објавија дека ќе се венчаат“, рече претседателот пред да ја покани двојката на сцената.
Дон Помладиот потоа ѝ се заблагодари на својата свршеница што го прифати неговиот предлог.
Ова е третпат Доналд Трамп Јуниор да се свршува. Претходно, 12 години беше во брак со Ванеса, поранешна манекенка и актерка, со која имаат пет деца заедно. Ванеса поднесе барање за развод во 2018 година.
Подоцна се сврши со Кимберли Гилфојл, американска телевизиска водителка.
Романсата, пак, со Бетина почна минатата година, приближно во исто време кога Дон Јуниор ја раскина свршувачката со поранешната водителка на „Фокс њуз“.
фото/депозитфотос

