Македонија
Тренчевска: Инклузивните градинки се нашата цел, јавните детски установи се место за сите деца
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, денеска го посети објектот „Пчелка“ на јавната детска установа „Ангел Шајче“ во Куманово и донира инклузивни сликовници со Брајово писмо за децата со оштетен вид. Сликовниците се издадени од страна на Здружението на граѓаните „Свет на различни, а еднакви“.
Министерката на својата посета ја истакна важноста на инклузивните материјали во предучилишното згрижување на децата. Таа истакна дека заложбите на Министерството за труд и социјална политика за овозможување пристап за секое дете во градинките се големи. Инклузивната средина, можноста секое дете да има пристап до едукативни материјали, ги поддржува развојот на детето и неговата полесна интеграција во социјалната средина.
Тренчевска посочи дека секоја градинка е место за секое дете и дека тоа ќе продолжи да биде позитивната пракса и во новите градинки што се во план да се изградат во 2023 година.
Посетата на министерката беше и во предновогодишен дух. Беше одиграна предновогодишна претстава од страна на Снежана Конеска-Руси, која преку уметност им ги долови придобивките на инклузивните сликовници на децата и ја објасни нивната намена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Преку денот сончево и топло со мала до умерена локална облачност
Времето денеска, наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла или ниска облачност. Преку денот сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14, а максималната ќе достигне од 24 до 29 степени.
Во Скопје наутро со услови за појава на слаба магла или ниска облачност. Преку денот претежно сончево и топло со слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 28 степени.
Во наредните денови следува период на стабилно и релативно топло време за овој дел од годината со сончеви периоди во текот на денот. Утре наутро ќе има услови за појава на слаба магла, или ниска облачност понекаде во котлините. Во петок ќе има зголемена облачност и услови за повремен локален дожд со појава на ретки грмежи, а во сабота ќе дува засилен до силен претежно северозападен ветер.
Македонија
Ѓорѓиевски: Градоначалниците или ќе го реализираат ветеното или предвреме да бидат отповикани
Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски учествуваше на панел-дискусијата ,,Гласот на граѓаните: Отповикување на градоначалникот како алатка за локална демократија”, во организација на Либералниот институт Скопје, на која говореа и Ристо Пенов, Никола Пановски и Висар Ганиу.
Ѓорѓиевски истакна дека имајќи го во предвид фактот дека сеуште зборуваме за населени места каде треба да се градат фекални и атмосферски канализации, како и целокупниот хаос во градот Скопје, можеме да заклучиме дека во изминативе 30-тина години имало и сеуште има градоначалници кои својот мандат го поминуваат во хибернација, и токму затоа ова мора да биде променето со законски измени за предвремено отповикување на одреден градоначалник.
-Многу пати нашите граѓани биле изманипулирани, ветувајќи им одредена реализација на програма од страна на некој функционер, и кај градоначалниците по нивниот избор согласно актуелната законска регулатива не може да понесат одговорност за работата за која се избрани. Се произлегува од волјата на граѓаните, и се може да заврши со волјата на граѓаните. Затоа секој градоначалник откако ќе биде избран, уште од првиот ден треба да биде свесен дека многу порано од истекот на мандатот може да биде отповикан. Затоа ние како ЗЕЛС заедно со невладините организации, експертите и сите останати чинители треба да поддржиме законски измени кои би придонеле по ажурна локална самоуправа, изјави Ѓорѓиевски.
Тој додаде дека активно се работи и на законските измени со кои би овозможиле одземање на ингеренции во дадена сфера на одредена локална самоуправа, со цел да не постои простор за злоупотреби или неажурност на било кој градоначалник.
Македонија
Северна Македонија избрана за членка на Советот за човекови права на Обединетите Нации за периодот 2025 – 2027
Со 168 гласа „за“, Република Северна Македонија денес стана нова членка на Советот за човекови права на Обединетите Нации за периодот 2025-2027, на изборот што се одржаа во Генералното собрание на ОН во Њујорк, информира МИнистерството за надворешни работи.
Поддршката од земјите членки на ОН е потврда за придонесот на нашата држава како посветен промотор и заштитник на човековите права и слободи.
Во својата објава на социјалните мрежи, министерот Муцунски нагласи дека една од главните цели по овој дипломатски успех ќе биде активното учество во Советот, придонесувајќи за глобална промоција на човековите права и подобрување на ситуацијата ширум светот, што е основа и на нашата кандидатура за членство
Во најновиот Национален извештај за Универзалниот периодичен преглед презентиран пред Советот за човекови права во Женева, нашата земја е високо на листата на земји кои ги почитуваат и гарантираат човековите права и оценета како квалификуван кандидат кој ги исполни неопходните услови за да биде дел од работата на ова меѓународно тело.
Инаку, според информацијата од МНР, Република Северна Македонија по вторпат е избрана за членка на Советот за човекови права, откако претходно членуваше во периодот 2014-2016.