Контакт

Свет

Катар ја предупреди ЕУ дека ги загрозува преговорите за гас поради истрагата за корупција

Објавено пред

Во ескалирачкиот корупциски скандал во Европскиот парламент, Катар ја предупреди Европската Унија дека истрагата за наводите оти луѓето поврзани со Парламентот добивале пари од земјата може да ги загрози разговорите за енергетската безбедност.

dobivaj vesti na viber

Предупредувањето од Доха дојде по другите критики од Европа кон Катар, кој е сè поважен како извор на течен природен гас (ЛНГ), а европските земји се обидуваат да најдат алтернатива за руските енергетски извори.

По обвинувањата за корупција и обидите на Катар да влијае врз функционерите во Европскиот парламент, европратениците минатата недела гласаа за прекин на работата на договорот за визна либерализација со Катар и забрана на катарските службеници или претставници на компании да влезат во институцијата.

Како одговор Катар го критикува Европскиот парламент предупредувајќи дека дискриминаторскиот потег може да ѝ наштети на пошироката соработка меѓу Европската унија и Катар во областите во кои Унијата зависи од Доха, вклучително и енергетиката, посочува „Политико“.

Во изјавата на катарскиот дипломат од 18 декември се вели дека е жално што некои дејствувале врз основа на неточни информации и предрасуди кон Катар и истакна дека земјата домаќин на Светското првенство силно ги отфрла наводите дека „ја поврзува нејзината влада со недолично однесување“.

Белгиските власти обвинија четири лица поврзани со Европскиот парламент, вклучително и една од потпретседателките на институцијата, Ева Каили, за учество во „криминална организација, корупција и перење пари“ поради наводите дека добиле пари во замена за застапување на Катар во Парламентот.

Катар исто така ја критикува Белгија што не ја информирала за истрагата за која белгиските власти велат дека траела повеќе од една година пред првите апсења овој месец.

Катар ги предупреди европските земји, особено Белгија, која истражува корупциски скандал во Европскиот парламент, да имаат на ум дека емиратот во Персискиот Залив е важен извор на снабдување со енергија за ЕУ, пишува „Тајмс“.

Катарските дипломати ја негираа вмешаноста на земјата во скандалот со трговија со влијание и го осудија фокусот на Катар и покрај сомневањата за вмешаност на Мароко.

Од избувнувањето на војната во Украина, Катар се појави како една од најголемите надежи на Европа за ослободување од зависноста од рускиот природен гас, според „Волстрит џурнал“.

Минатиот месец Катар се согласи да ѝ испраќа на Германија два милиона тони течен природен гас годишно најмалку 15 години, почнувајќи од 2026 година, што би покривало околу три отсто од потрошувачката на гас во Германија според податоците од 2021 година.

Покрај Германија, Франција, Белгија и Италија исто така преговараа за долгорочно снабдување со ЛНГ со Катар.

Сепак, според американскиот весник, катарската објава означила нагла ескалација на скандалот со малопродажба на влијанија во Европскиот парламент, кој се заканува да прерасне во конфликт со пошироки дипломатски и економски последици.

Катар им продава супер ладен течен природен гас на Кина, Јужна Кореја, Јапонија и на други азиски потрошувачи според долгорочни договори, што ја прави земјата со помалку од три милиони жители еден од најголемите извозници на гас.

Иако Доха предупреди дека справувањето со корупцискиот скандал од страна на ЕУ се заканува негативно да влијае на безбедносната соработка и дискусиите за глобалната енергетска безбедност, Катар не се закани дека ќе го прекине снабдувањето со ЛНГ во Европа или ќе го политизира извозот на гас, изјави катарски дипломат запознаен со ситуацијата за „Фајненшл тајмс“.

„Не се закануваме дека ќе ги запреме испораките или ништо. Едноставно, велиме дека прекинувањето на комуникацијата во Парламентот на ЕУ на овој начин ја ограничува соработката“, изјави дипломатот за британскиот весник.

Скандалот во Европскиот парламент, по кој полицијата заплени речиси еден и пол милион евра во куќите на еден сегашен и еден поранешен европратеник во Брисел, следува по серијата критики во Европа против Катар, кој беше домаќин на Светското првенство во фудбал.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Шпанија ги осуди нападите врз Иран, Санчез повикува на деескалација

Објавено пред

Шпанскиот премиер Педро Санчез остро ги осуди нападите на САД и Израел врз Иран, предупредувајќи дека тие би можеле да ги зголемат тензиите во регионот и да придонесат за „понесигурен и непријателски расположен меѓународен поредок“. Одговорот на Мадрид беше подиректен од многу други светски лидери, кои најчесто повикуваа на воздржаност и почитување на меѓународното право без директно да ги критикуваат САД или Израел, објави Euronews.

dobivaj vesti na viber

„Ја отфрламе едностраната воена акција на САД и Израел, што претставува ескалација и придонесува за понесигурен и непријателски расположен меѓународен поредок“, напиша Санчез на социјалната мрежа Икс.

Неговата изјава дојде по серијата напади од страна на САД и Израел низ Иран. Целите наводно вклучувале објект во центарот на Техеран за кој се верува дека е резиденција на 86-годишниот врховен лидер на Иран, Али Хамнеи.

Прикажи повеќе...

Свет

Иран тврди дека 201 лице загинало во нападите; САД: Нема американски жртви

Објавено пред

Американската војска не претрпе жртви во борбените дејствија откако Иран одговори на американско-израелските напади со стотици ракети и беспилотни летала, соопшти во саботата Централната команда на САД.

dobivaj vesti na viber

Во исто време, иранските медиуми, повикувајќи се на Црвената полумесечина, објавија дека 201 лице загинале во израелските и американските напади во 24 провинции.

Американската команда соопшти дека иранските контранапади предизвикале минимална штета на американските инсталации и дека тоа не влијаело на операциите.

Според војската, целите на нападите биле командни пунктови на иранската армија и Револуционерната гарда, како и објекти за лансирање ракети и беспилотни летала.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Нетанјаху: Постојат многу знаци дека ајатолахот е мртов

Објавено пред

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им се обрати на иранскиот народ, велејќи им дека имаат „можност што се јавува еднаш во генерација“ да го соборат режимот таму. Тој рече дека нападите на Израел ќе им помогнат „да се ослободат од тиранијата“.

dobivaj vesti na viber

„Излезете масовно на улиците и завршете ја работата“, рече тој. „Крајно време е да се обединиме во историска мисија“, додаде Нетанјаху.

Нетанјаху, исто така, тврди дека „постојат многу знаци дека тиранинот Хамнеи повеќе не е жив“.

Тој не понуди докази за тоа тврдење.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 минути

Претседателката за утре го свика Советот за безбедност

По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за...

Свет21 минута

(Видео) Нетанјаху: Постојат многу знаци дека ајатолахот е мртов

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им се обрати на иранскиот народ, велејќи им дека имаат „можност што се јавува еднаш во...

Свет30 минути

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов, тврдат Израелците

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов и неговото тело е пронајдено, изјави за Ројтерс висок израелски функционер. We...

Свет4 часа

(Видео) Погоден е аеродромот во Кувајт, гори хотел во Дубаи

САД и Израел го нападнаа Иран утрово. Најмалку три експлозии се слушнаа во Техеран, главниот град на Иран, а беа...

Македонија5 часа

Евакуација од Израел побарале 11 македонски државјани

Единаесет македонски државјани досега побарале евакуација од Израел, откако утринава САД и Израел го нападнаа Иран, соопштија од Министерството за...

Свет5 часа

ОН свикаа итна седница на Советот за безбедност по нападите врз Иран

Советот за безбедност на ОН свика итна седница по американските и израелските напади врз Иран и одмаздничките напади од страна...

Свет10 часа

Четири американски воени бази на Блискиот Исток нападнати од Иран

Иранската војска вели дека започнала напади врз четири американски воени локалитети во Катар, Бахреин, Кувајт и Обединетите Арапски Емирати како...

Свет11 часа

Се откажуваат летови до Израел и други земји од Блискиот Исток

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ ги суспендира летовите до и од Тел Авив, Бејрут и Оман до 7 март, откако САД и...

Македонија12 часа

Македонските државјани кои се наоѓаат во Израел да побараат помош, воздушниот сообраќај е затворен за цивилни летови

Во врска со последните информации за влошената безбедносна состојба во Израел, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до...

Свет12 часа

Трамп потврди дека САД започнале напади врз Иран

Претседателот на САД, Доналд Трамп, потврди дека САД започнале напади врз Иран во осумминутно видео објавено на неговиот профил на...

Свет13 часа

САД и Израел започнаа заеднички напад врз Иран

САД учествуваа во нападите утрово во Иран заедно со Израел, потврди американски функционер за „Тајмс оф Израел“. Според израелски безбедносен...

Свет13 часа

Израел го нападна Иран и прогласи вонредна состојба

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека Израел започнал превентивен напад врз Иран за да ги отстрани заканите за...

Македонија1 ден

Движење ЗНАМ: Иницираме кратење на пратеничкиот состав од 120 на 90 во новото решение на Изборниот Законик

Потпретседателката на Движење ЗНАМ за Наша Македонија, Весна Бендевска, на првата конститутивна седница на работната група за реформи во изборното...

Македонија1 ден

Уапсен тетовец: осомничен за лажни дојави за поставени бомби во образовни институции

Утрово во 09:10 часот во с.Палатица, тетовско, полициски службеници од одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството...

Топ1 ден

Сиљановска-Давкова – Бегај: Нема поголема инвестиција во стабилноста на Западниот Балкан од членството во ЕУ

Во рамки на официјалната посета на албанскиот претседател, денеска беше одржана заедничка прес-конференција на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и претседателот Бајрам...

Македонија1 ден

(Видео) 73,2% ученици пушачи не биле спречени да купат цигари поради возраста, ИЈЗ спроведе истражување на 7,8 и 9-одделенци  

Од 2002 година, откога се прават истражувања за пушење меѓу учениците, во 2024 година е забележан највисок процент на ученици...

Македонија1 ден

Откриен обид за криумчарење на 4.800 пакувања никотински ќесички вредни 1,2 милиони денари

Царинската управа откри и спречи обид за криумчарење на 4.800 пакувања со никотински ќесички со вредност од 1,2 милиони денари....

Топ1 ден

Уапсена лихварка од Струмица: дала 2.700 евра, а барала да се вратат 15 илјади евра, фатена кога ја примала каматата

Вчера во 12:00 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ја лишија од слобода 53-годишната Ј.Т. од Струмица. Според...

Македонија1 ден

10.000 денари субвенција за млади возачи за првпат во Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров воведува субвенција од 10.000 денари за дел од трошоците за полагање возачки испит – Б категорија, наменета...

Свет1 ден

(Фото) Епстин сакал да купи вила во земја без договор за екстрадиција со САД еден ден пред апсењето

Само еден ден пред апсењето во 2019 година, Џефри Епстин се обидел да купи вила вредна повеќе милиони долари во...