Свет
Зеленски пристигна во САД

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, пристигна во САД, јавуваат американските медиуми.
Ова е прва посета на Зеленски на странска земја од почетокот на војната во Украина.
Се очекува украинскиот претседател да одржи говор пред членовите на Конгресот, а дел од агендата е и средба со американскиот претседател Џо Бајден во Белата куќа.
Претходно, лидерката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, објави писмена изјава во која ги охрабрува парламентарците да бидат физички присутни вечерва на седница „специјално посветена на демократијата“, каде што Зеленски ќе се обрати. Пелоси го опиша Зеленски како неуморен патриот кој го води светот во борбата за слобода
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Црвен крст: Враќањето на телата на заложниците од Газа може да потрае со недели

Предавањето на телата на мртвите заложници од Појасот Газа може да потрае со денови или недели, соопшти денес Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК).
„Со оглед на уништувањето на зградите и инфраструктурата во крајбрежната енклава, понекогаш е тешко да се лоцираат останките“, изјави денес во Женева портпаролот на МКЦК, Кристијан Кардон.
„Постојат јасни индикации дека ова може да потрае значително подолго поради тешкотијата во потрагата по останките во Газа што може да бидат под урнатините“, објасни Кардон.
Можноста некои тела никогаш да не бидат пронајдени не може да се исклучи, истакнува агенцијата ДПА.
МКЦК во сите дискусии нагласи колку е важно враќањето на останките за семејствата на жртвите, како и за евентуално помирување по завршувањето на војната.
Црвениот крст не знае однапред кога и каде ќе му бидат предадени телата во Појасот Газа. Како што беше случајот вчера, информациите за ова често пристигнуваат во последен момент. Хуманитарната организација не е вклучена во потрагата по безживотни тела.
Хамас вчера преку МКЦК му ги предаде телата на четворица од 28-те мртви заложници на Израел. Во Израел расте гневот и фрустрацијата поради предавањето само на неколку тела, за кои армијата денес соопшти дека се идентификувани.
Фото: ЕПА
Свет
Макрон ѝ се закани на Русија, доби одговор од Кремљ

Русија продолжува со специјална воена операција во Украина бидејќи нема други алтернативи, но останува отворена за мирно решавање на конфликтот, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесува ТАСС.
На брифинг за медиумите, Песков ја коментираше изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон, кој ја обвини Москва за „воинствена тврдоглавост“ и се закани со „одмазда“ ако Русија не се „врати на преговарачката маса“.
„Русија е подготвена за мирно решавање. Во овој момент, Русија, поради недостаток на алтернативи, ја продолжува специјалната воена операција“, нагласи претставникот на Кремљ, додавајќи дека Москва ја одржува својата отвореност и подготвеност за мирен дијалог.
Тој уверува дека Русија ќе ги обезбеди своите интереси без разлика што. „На еден или друг начин, Русија ќе ги обезбеди своите интереси и ќе го постигне исполнувањето на поставените цели“, рече Песков.
Свет
Шефот на НАТО: Толку сме посилни од Русија што не мора да ги соборуваме нивните авиони и беспилотни летала

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, вчера изјави дека алијансата нема да ги соборува руските авиони и беспилотни летала што повремено влегуваат во воздушниот простор на земјите членки ако не претставуваат директна закана. Тој нагласи дека НАТО ги има сите потребни овластувања да дејствува, но и дека не сака непотребно да поттикнува ескалација.
„Ако авионот претставува закана, имаме овластување да преземеме, доколку е потребно, екстремни мерки. Но, ако не претставува закана, нема да го собориме, само нежно ќе го испратиме надвор од нашиот воздушен простор“, рече Руте.
„Ние сме многу посилни од Русите. Не мора да ги соборуваме нивните авиони само затоа што влегле во нашиот воздушен простор. Да бевме слаби, можеби ќе требаше да покажеме сила. Но, бидејќи сме многу посилни, нашиот пропорционален одговор е, всушност, демонстрација на сила“, додаде генералниот секретар на НАТО.
Руте нагласи дека алијансата сè уште испраќа јасна порака до Москва дека ваквите упади се неприфатливи и дека секоја закана за териториите на членките ќе има последици.
Фото: ЕПА