Македонија
(Видео) Митева: За службени трошоци Владата лани потрошила пари колку за 5 амбулантни возила
„За службени трошоци Владата минатата година потрошила пари колку за 5 амбуланти возила или за реновирање на цело училиште. 270.000 евра за една година се потрошени за скапи летови, услуги по вип салони, гоштевања по кафеани и ресторани во земјата и во странство од страна на министрите и премиерот. Премиерот и министрите потрошиле 270.000 евра за луксуз, во ек на постковид, економска и енергетска криза“ рече на прес-конференција портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.
Таа посочи дека „само во ек на Ковид кризата десетици наши сограѓани ги загубија животите поради недостатокот на соодветна опрема на голем број на здравствени институции. Сите се сеќаваме на случајот од Кратово пред една година, кога лекарите носеа човек на раце до здравствен дом затоа што возилото на брзата помош не можело да се пробие низ снегот. Да, овие пари наместо за гозби по вип салони можеле да се пренаменат за купување на соодветни амбулатни возила, повеќе од 5 амбулатни возила можело да се купат, доколку министрите и премиерот се откажеле од своите привилегии“.
„Со 270.000 евра колку што за една година потрошиле министрите и премиерот можеле да се обезбедат и 3 противпожарни возила, за пожарникарите наместо со возила стари 40 години да можат својата работа да ја вршат со нови функционални возила. 270.000 евра доколку не се потрошеле за патувања на владините функционери, би биле сосема доволни целосно да се реконструира училиште или можеби пак учениците ќе ги имаа потребните учебници на време. Со 270.000 евра владата можела да изгради систем од фотоволтаични панели на некој од претпријатијата кои тонат во долгови за струја“ рече Митева.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.

