Економија
ПЕРПЕТУУМОБИЛЕ СЕКЈУРИТИ е еден од добитниците на престижното признание за Македонски квалитет за 2022 година
Во организација на Сојузот на стопански комори на Македонија, а под покровителство на Претседателот Стево Пендаровски, на 23.12.2022 година, со свечен настан беа доделени овогодинешните награди – признанија за” Македноски квалитет 2022”, кои традиционално се доделуваат на национални компании кои придонесуваат кон развојот на домашната економија и го афирмираат националниот квалитет во земјата и пошироко.
ПЕРПЕТУУМОБИЛЕ СЕКЈУРИТИ оваа година имаше чест да биде една од десетте компании кои се здобија со ова престижно признание, кое согласно воспоставените критериуми, беа доделени во знак на промовирање на деловните успеси и претставување на национален бренд за тековната година.
ПЕРПЕТУУМОБИЛЕ СЕКЈУРИТИ е специјалирана компанија за обезбедување, која постои на пазарот веќе 29 години и зазема истакната позиција во индустријата за заштита и безбедност во Република Северна Македонија.

Воспоставувајќи и почитувајќи ги највисоките светски стандарди во областа на безбедноста, ПЕРПЕТУУМОБИЛЕ СЕКЈУРИТИ, денес е водечка компанија во областа на безбедносните системи и услуги во државата. Во својата долгогодишна практика, компанијата успешно работи на домашниот пазар, применувајќи системи и услуги за превентивна заштита во функција на остварување на интересите и правата на клиентите.
Почетоците на ПЕРПЕТУУМОБИЛЕ датираат од далечната 1994 година, како компанија која нуди услуги од областа на обезбедувањето, додека во текот на своето работење, компанијата ја проширува својата дејност и денес нуди широк спектар на производи и услуги од областа на безбедноста и тоа: услуги за физичко и патролно обезбедување, услуги за техничко обезбедување и услуги за транспорт пари и вредносни пратки.
Од 2015 година, компанијата формира прв центар за готовина во Република Северна Македонија, чија што дејност е подигање, чување, обработка и испорака на готовина на дневен промет превземен од компани.

Исто така, во 2018 година ПЕРПЕТУУМОБИЛЕ ја проширува својата дејност и во делот на услуги за одржување на хигиена. Денес, портфолиото на ПЕРПЕТУУМОБИЛЕ го сочинуваат повеќе странски застапништва и ексклузивни партнерства, кои претставуваат светски брендови во областа на безбедноста.
„Со речиси десетици илјади задоволни клиенти ширум земјава и пошироко, веќе ја заокружуваме третата деценија од нашата успешна приказна. Негувајќи ги своите вредности, континуираната посветеност и грижа за задоволување на барањата на клиентите, како и следење на сите трендови и технолошки иновации во дејноста се нашата движечка сила и мотивација кон уште поголеми успеси, а со тоа да го негуваме и афирмираме националниот квалитет“ – изјави Генерланиот директор Дејан Костов.
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Македонија добива можност да учи AI од Google, Microsoft, Amazon и IBM
AIatWork од денес овозможува 14-дневен целосно бесплатен пристап до својата платформа, со цел вештачката интелигенција да стане разбирлива, применлива и достапна за поширок круг корисници во Македонија.
Со бесплатниот 14-дневен пристап, корисниците добиваат можност практично да ја испробаат платформата и да користат водечки AI модели како ChatGPT, Gemini и Claude, над 50 практични AI алатки за пишување, анализа, дизајн и автоматизација, како и онлајн курсеви во живо, водени од AI практичари со искуство во глобални технолошки гиганти како Google, Microsoft, IBM и други.

Во Македонија вештачката интелигенција сè уште често се доживува како нешто нејасно и тешко совладливо за луѓето без ИТ позадина. Исто така AI често се поистоветува со една алатка, наместо да се разбере како поширок сет на практични решенија што веќе се користат во секојдневната работа низ светот. Голем дел од популацијата би сакала да знае да користи AI, но не знае кои алатки се навистина релевантни и како AI реално може да им помогне во работата.
Токму тука AIatWork се појавува како практичен одговор, нудејќи јасна насока за практична употреба на AI во секојдневната работа.
Во видеото што е дел од објавата, тимот на AIatWork објаснува дека изминатите месеци биле посветени на унапредување на корисничкото искуство и поддршката на платформата, со јасна цел: секој нов корисник уште од првиот момент да знае точно од каде да започне со изучување на вештините и алатките на иднината.
Само овој месец, на платформата се одржуваат 12 активни AI курсеви, во соработка со експерти и компании како Boeing, Google и Salesforce.
Во време кога AI станува составен дел од работата ширум светот, за земји како Македонија таа претставува можност за побрза дигитална трансформација и зголемена конкурентност. Бесплатниот пристап им овозможува на корисниците самите да проверат како AI може да им помогне во секојдневната работа, без ризик и без обврска.
Прашањето повеќе не е дали AI ќе стане дел од работата, туку дали ќе бидете подготвени кога тоа ќе се случи.
Пробајте AIatWork бесплатно – 14 дена, без обврска.
(ПР)

