Економија
Ангелоски избран во највисокото тело на Светската коморска федерација

Претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија Трајан Ангелоски е избран за член на Генералниот совет на Светската коморска федерација (ICC – World chаmber of federation) со седиште во Париз. Изборот беше направен по пат на електронско гласење од страна на стопанските комори од повеќе од 100 земји во светот.
Ангелоски истакна дека ангажманот во највисокото тело на Светската коморска федерација нуди можности за остварување на поблиски соработки за влез на нови инвестиции во земјата и регионот, изградба на сигурни партнерства за домашните деловни субјекти и вклучување во глобални иницијативи за развој на економијата.
„Интернационализација е тренд кој мора да се следи за да се постигне и одржи солиден раст и развој во бизнисите. Поради тоа како дел од Генералниот совет максимално ќе работиме на отворање на нови пазари за нашите компании, привлекување на странски инвестиции, јакнење на нашата економската позиција преку поврзување со другите комори и поддршка на микро, малите и средни компании. Со изборот во највисокото тело на Светската коморска организација покажуваме дека е препознаен нашиот капацитет за придонес кон стратегија за развој и зајакнување на нашата економија како дел од светската економија “, изјави Трајаноски.
Ангелоски е единствен претставник на коморска организација од регионот на Југо-источна Европа во Генералниот совет, кој раководат со Федерацијата, каде членуваат и претставници на коморските организации од САД, Јапонија, Велика Британија, Турција, Индија, Италија, Германија, Франција, Канада, Данска, Бразил, Германија, Австрија.
Светската коморска Федерација како единствен глобален форум кој ги обединува стопанските комори од целиот свет, делува на зајакнување на врските меѓу коморите, но го претставува и гласот на бизнис заедницата во најрелевантните светски организации како Организацијата на обединети нации – ООН, Г20, Светската трговска организација, Светска банка како и Европската банка за обнова и развој.
Советот на Светската коморска федерација секоја година организира глобален годишен самит на различен континент. Оваа година настанот беше во Париз, а следната година во февруари ќе се одржи самит во Богота, Колумбиjа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Исплатени над 340 милиони денари субвенции за обележани говеда

Денеска се исплатени 341.536.000,00 денари кон 4.144 земјоделци, извести Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Исплатата е извршена по основ на дополнителни директни плаќања за обележани женски грла говеда постари од 12 месеци од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Се реализираше исплатата на подмерка 2.2 Дополнителни директни плаќања од подмерки 2.1, 2.4 и 2.5 за обележани женски грла говеда постари од 12 месеци од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои се корисници на подмерката 2.1. од Уредбата за 2024 година и сопственото производство на млеко го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко како корисници на подмерката 2.4. од Уредбата за 2024 година или продале или заклале говеда во преработувачки капацитети запишани во Регистар на одобрени објекти за производство на храна од животинско потекло како корисници на подмерката 2.5. од Уредбата за 2024 година, се наведува во соопштението на МЗШВ.
Економија
Одлука на Народната банка: Стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот ќе изнесува 1,75 отсто и во третото тримесечје од 2026 година

Извршниот одбор на Народната банка донесе одлука да се задржи висината на стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот за изложеностите на банките кон клиенти од земјава на 1,75% од активата пондерирана според ризиците и во третото тримесечје од 2026 година.
Ваквата одлука е заснована на повеќе клучни показатели коишто не упатуваат на остварување на позначителни системски ризици. Беше заклучено дека банкарскиот систем според сите показатели е стабилен, со добра солвентност и ликвидност, ниска стапка на нефункционални кредити и солидна профитабилност. Во исто време се забележува одредено повторно забрзување на растот на цените на недвижностите и на станбените кредити, а понагласени се и ризиците од надворешното окружување. При вакви ризици, но при добра подготвеност на банкарскиот сектор за справување со евентуални шокови, се оцени дека стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот од 1,75% засега е соодветна на макрофинансиските услови и на состојбите во банкарскиот сектор, велат од НБ.
Народната банка и натаму внимателно ќе ги следи системските ризици и ќе ја оценува висината на стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот на редовна квартална основа. Макропрудентната политика на Народната банка, како и досега, ќе биде насочена кон зачувување на отпорноста на банкарскиот систем и спречување или намалување на системските ризици, се додава во соопштението на НБ.
Економија
„Распад на енергетскиот систем: управата со измислени саботажи за РЕК ја покрива сопствената неспособност!“, велат од СДСМ

„После 10 дена од испаѓањето на РЕК Осломеј од мрежа, и најавите на неспособното раководство на ЕСМ дека истиот во рок од 48 часа ќе биде вратен на мрежа, сведоци сме дека РЕК Осломеј сеуште не произведува струја, а неспособното раководство прави неуспешни обиди од неуспешните обиди“, велат од СДСМ.
„Денес, сведоци сме дека после нецела година, неспособното раководство на ЕСМ, секојдневно го упропастува енергетскиот систем со несоодветно управување, цела РЕК Битола не е на мрежа, поради пожар во командниот ормар од нередовно чистење и не одржување, и за да го оправдаат своето неспособно раководење, прават сензации со наводни саботажи и заплашување на вработените.
Може слободно да заклучиме дека токму поради неспособноста на раководството на ЕСМ, оставка си даде и претседателот на надзорниот одбор на ЕСМ и директорот на правниот сектор, не сакаат да бидат дел од бродот што тоне.
Ги повикуваме и останатите членови на Управниот Одбор на чело со Лазо Узунчев да бидат совесни и разумни и навремено да си поднесат оставки, да не го упропастуваат ЕСМ, бидејќи за истото ќе одговараат“, соопшти СДСМ.