Црна хроника
Тешко повреден малолетен мотоциклист од Тетово
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/06/motociklist.jpg)
Во сообраќајна несреќа, која се случила во Тетово, малолетен мотоциклист добил тешки телесни повреди.
Според информациите од МВР, во СВР Тетово било пријавено дека на улицата Саво Тасевски во Тетово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „мерцедес“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ф. Б. (31) од Тетово, и мотоцикл, со тетовски регистарски ознаки, управуван од малолетник од с. Џепчиште, Тетовско.
Во несреќата малолетникот добил тешки телесни повреди констатирани во Клиничката болница во Тетово.
Извршен бил увид од екипа од СВР Тетово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Црна хроника
Три лица останале без пари по посета на спа центар во центарот во Скопје – грабеж во соблекувалната
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/spa.jpg)
Три лица пријавиле дека завчера во периодот од 19.00 до 21.30 часот од соблекувална на спа центар во хотел на подрачјето на Центар им биле одземени пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот полицски билтен.
Црна хроника
Грабеж во Чаир: искршени апарати за игри на среќа и украдени пари
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/04/340100298_727343369082993_245299473340502978_n.jpg)
Во скопската населба Чаир во текот на вчерашниот ден имало грабеж во спортска обложувачница.
„На 09.02.2025 во 06.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека со употреба на сила и погоден алат било влезено во спортска обложувалница на подрачјето на Чаир, биле оштетени неколку апарати за игри на среќа и биле одземени пари“, објави МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Тинејџер заврши на клиника – на излез од ноќен клуб во Скопје му ги украле патиките и јакната
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/04/policija-slika.jpg)
Тинејџер заврши на комплексот клиники во Скопје по инцидент што се случил синоќа по полноќ.
Според пријавата на мајката, момчето излегло од ноќен клуб на подрачјето на Центар, и му биле одземени патиките и јакната.
Од МВР велат дека тој бил однесен во Комплексот клини „Мајка Тереза“ кадешто му била укажана помош, иако нема посочено детали дали му биле нанесени повреди и од каква природа.
Се работи на расчистување на случајот, додаваат од полицијата.