Македонија
Мисајловски: Неминовни се предвремени парламентарни избори за излез од кризата
ВМРО-ДПМНЕ има комуникација со сите поголеми опозициски партии и секако дека поддржува секаква искрена иницијатива, која е во насока на рушење на оваа власт, која е рекордер по инфлација, сиромаштија и криминал, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, за тоа како го оценува предлогот на Билал Касами, прво, да има предвремени парламентарни избори, а потоа уставни измени.
Мисајловски истакна дека неминовно е да се одржат предвремени парламентарни избори бидејќи состојбата во државата станува сè поалармантна и подраматична бидејќи Македонија е заглавена во криминал, корупција, како што рече, најдобро би било Ковачевски сам да се повлече и да ѝ не прави дополнителни штети на државата.
За секое подетаљно сценарио што би било во таа насока, во овие моменти би се воздржале од јавно коментирање затоа што тоа содржи детали за тоа кои се сите политички фактори што посакуваат промени и треба сите да се согласни за ова да се случува, рече тој.
Сметаме дека вонредните избори во годината што следува се неминовност затоа што состојбите се алармантни и ќе бидат уште подраматични состојби. Имаме заглавена земја во корупција, криминал и економска криза, држава без преговори со ЕУ и со многубројни условувања да почнат. Најдобро ќе биде Ковачевски сам да си се повлече и да не ја загрозува дополнително државата. Наместо да ѝ слугува на ДУИ, добро е да почне да му служи на народот. Затоа би кажал дека неминовно е да има избори в година и тоа ќе се случи, изјави Мисајловски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Економијата и инвестициите во фокусот – работни средби на Муцунски во Литванија
Во рамки на вториот ден од работната посета на Вилнус, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски оствари одвоени средби со министерот за економија на Литванија, Едвинас Грикшас, и со претседателот на Конфедерацијата на индустријалци, Видмандас Јанулевичиус.
На средбите, Муцунски го претстави силниот ангажман на Владата за создавање поволна деловна клима преку атрактивни стимулации, современа регулатива и висококвалификувана работна сила. Тој истакна дека привлекувањето нови компании во клучни области како технологијата и иновациите, отворањето работни места и забрзувањето на економскиот раст и развој се врвен приоритет на економскиот ресор.
Разговорите беа насочени и кон можностите за интензивирање на економската соработка, како и кон конкретни иницијативи за унапредување на трговијата и инвестициите меѓу двете држави – на владинo и на компанискo ниво.
Македонија
Водата во ООУ „Димо Хаџи Димов“ е исправна и може непречено да се употребува, велат од „Водовод“ по труењето во училиштето
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје информираат дека по извршениот вонреден мониторинг, водата во ООУ „Димо Хаџи Димов“ во општина Карпош е целосно безбедна за употреба.
„ЈП Водовод и канализација – Скопје на ден 26.11.2025 година изврши вонреден мониторинг врз основа на пријава од ООУ Димо Хаџи Димов, општина Карпош.
Секторот за санитарна контрола зема 4 примероци од две локации (училница и кујна) од кои две за физичко-хемиска анализа и две за микробиолошка анализа.
Од добиените резултати сите примероци физичко-хемиски и микробиолошки одговараат на Правилникот за барање за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ бр.183/18), при што констатираме дека водата во ООУ Димо Хаџи Димов во општина Карпош е санитарно исправна и истата може непречено да се употребува“.
Македонија
(Фото) Отстранета дивоградба на улица „Орце Николов“, Герасимовски најави расчистување на бесправните објекти
Во рамките на обемната акција за отстранување дивоградби, Општина Центар ја урна нелегалната доградба на деловен објект на улица „Орце Николов“ бр. 139 во Дебар Маало, соопштија од Општината.
Конструкцијата била изградена без одобрение за градење и го узурпирала заедничкиот простор предвиден за граѓаните.


„Јавните површини во Центар им припаѓаат на сите граѓани и нема да дозволиме да се претвораат во приватни имоти поради самоволие на поединци. Секој бесправно изграден или незаконски поставен објект ќе биде санкциониран со соодветни решенија и постапки за негово отстранување”, порача градоначалникот Горан Герасимовски.
Градежниот инспектор издал решение со кое на инвеститорот „Екотон Дизајн“ му било наложено да ја отстрани нелегалната доградба. Бидејќи инвеститорот не постапил по решението и по неколкуте опомени, општинските служби ја отстранија бесправно изградената конструкција.


„Општина Центар спроведува континуирана акција за воспоставување ред на јавните површини, со засилени инспекциски контроли и активности за расчистување на нелегално поставени објекти. Целта е заштита на јавниот интерес и враќање на просторот на граѓаните, како дел од пошироката стратегија за уредување и подобрување на урбаниот простор во општината“, соопштија од Општина Центар.

