Црна хроника
Во Струга санкциониран возач со 4,07 промили алкохол

Денеска (26.12.2022), во 13.34 часот, полициски службеници од СВР Охрид – ОВР Струга, при сообраќајна контрола на патничко моторно возило „опел астра“, со охридски регистарски ознаки, во Струга го санкционираа возачот К. Б. бидејќи по извршеното алкотестирање, му биле измерени 4,07 промили алкохол.
Од МВР информираат дека лицето е исклучено од сообраќај, одземена му е возачката дозвола и поднесена е соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен 26-годишник кој се заканувал со нож и пиштол, a потоа нападнал со тврд предмет

Полициски службеници од СВР Скопје ноќеска, околу 2:10 часот, привеле 26-годишен маж во скопската населба Шуто Оризари, откако бил пријавен за закани и физички напад врз тројца членови на иста фамилија.
Како што информира МВР, уапсениот А.И. (26) од Скопје, по претходна расправија, упатувал закани со остар предмет и огнено оружје кон Џ.С. (32), неговиот брат и чичко. Според пријавата, инцидентот се случил вечерта на 19 април.
„По пријава поднесена од Џ.С. од Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.И. на подрачјето на Шуто Оризари. Според пријавеното, лицето се заканувало со остар предмет и огнено оружје, а потоа и физички го нападнало пријавителот со тврд предмет“, соопштија од МВР.
Полицијата информира дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава против осомничениот.
Црна хроника
Удрил во маж на тротинет, тешко го повредил и побегнал, полицијата го најде

Министерството за внатрешни работи соопшти дека е пронајден возачот кој денеска во Скопје со „фиат“ удри во тротинет управуван од 28 – годишен скопјанец, по што го напуштил местото на несреќата. Во сообраќајката мажот што го управувал тротинетот се здобил со тешки телесни повреди, а по укажаната итна медицинска помош бил пренесен на скопските клиники.
Како што се наведува во соопштението, денеска во 11.53 часот во СВР Скопје е пријавено дека се случила сообраќајна несреќа на ул. “Менделеева” во Скопје, во која учествувале патничко возило “фиат” со скопски регистарски таблици, управувано од С.А. (33) од Скопје и електричен тротинет, управуван од С.К. (28) од Скопје. По несреќата, С.А. со возилото го напуштил местото на настанот, а С.К. со возило на Итна медицинска помош е пренесен во КЦ “Мајка Тереза”, каде му се констатирани тешки телесни повреди.
-Додека траел увидот од страна на полициски службеници од СВР Скопје, на местото на настанот дошол А.А. со возилото “фиат” и појаснил дека возилото во моментот на несреќата го управувал неговиот брат С.А..
Подоцна С.А. е пронајден, известен е јавен обвинител и по негови насоки возилото е одземено за технички преглед, а против С.А. ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението.
Црна хроника
Се тепале две жени во кочанското село Мородвис

Вчера околу 13 часот во ОВР Кочани било пријавено нарушување на јавниот ред и мир во село Мородвис, откако дошло до физичка пресметка меѓу две жителки на селото.
Како што информира МВР, по претходна расправија дошло до конфликт помеѓу Л.П. (56) и Т.С. (74), при што постарата жена употребила тврд предмет.
Од полицијата додаваат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен под.