Свет
Путин му даде нова функција на Медведев

Рускиот претседател Владимир Путин отвори ново место на свој прв заменик во воено-индустриската комисија.
Според текстот на објавениот документ, новата функција ќе ја преземе Дмитриј Медведев, заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија.
Покрај тоа, во комисијата ќе биде и министерот за цивилна одбрана Александар Куренков. Претходно беше објавено дека Владимир Путин одржал проширен состанок на колегиумот на руското Министерство за одбрана.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Зеленски го отфрли официјално предложениот тридневен прекин на огнот на Путин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го отфрли официјално предложениот тридневен прекин на огнот на Владимир Путин за 9 мај. Зеленски, како што објави „Униан“, инсистира на 30-дневен прекин на огнот.
Тој истакна дека „Украина не може да ја гарантира безбедноста на светските лидери во Москва на 9 мај“.
За време на разговорот со новинарите, претседателот на Украина изјави дека „не сака да си игра со кратките примирја предложени од Путин“.
Според него, моделот на примирје од 30 дена е најоптимален, бидејќи е невозможно да се договори нешто за неколку дена.
„Се согласувам со Трамп дека 30-дневното примирје со Русија е вистинскиот прв чекор“, рече претседателот на Украина.
Свет
Загина жена при експлозија во Солун

Во експлозија на бомба што рано утрово се случи во центарот на Солун, животот го загуби 38-годишна жена, Како што пренесуваат грчките медиуми, жената веројатно загинала додека го пренесувала експлозивниот механизам.
Експлозијата се случи околу 5.30 часот утрово, предизвика штета на излозите на соседните продавници, како и на возилата паркирани во близина.
Очевидци за грчките медиуми рекоа дека експлозијата била многу силна.
Свет
Трамп ја отстрани Романија од програмата за безвизно патување во САД

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп објави дека ја отстранува Романија од програмата за безвизно патување во САД.
Претходната администрација на претседателот Џо Бајден на 9 јануари објави дека ја прифаќа Романија во програмата, нагласувајќи дека државата ги исполнила строгите безбедносни барања. Визите за романските граѓани требаше да бидат укинати околу 31 март.
Сепак, на крајот на март, Министерството за внатрешна безбедност објави дека ја замрзнува мерката со цел повторно да се разгледа одлуката за вклучување на Романија во програмата за безвизно патување во согласност со загриженоста на администрацијата на Трамп за безбедноста на земјата. Резултатот од повторната проценка е дека Романија е отстранета од програмата, јавија синоќа американските медиуми.