Македонија
(Видео) Лефков: 365 дена скандали, дезертерот Ковачевски се повикал на трајна неспособност за војска

Ковачевски е дезертер затоа што со документ за трајна неспособност избегнал служење воен рок, документ што не го употребил ниту кога требало да биде именуван за директор во телекомуникациските компании во кои работел, ниту кога требало да стане заменик-министер за финансии ниту пред да биде избран за премиер, изјави на денешната прес-конференција, Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој додаде дека Ковачевски дезертирал и се вадел на неспособност само кога тој требал да даде до принос за слободата и независноста на државата, но не и кога требал да ги ужива плодовите од државата.
Премиер како Ковачевски, кој покажал дека не чувствува обврска кон државата, не може ниту да работи за државата. Затоа и имаме шеф на ЈО како Ислам Абази, непознат во фелата, но добро познат во политичките кругови на ДУИ, со чии челници бил во често друштво. Ваквиот избор за прв обвинител наиде и на шок кај нашите стратешки партнери.
Поради Ковачевски и неговата негрижа за државата, страдаат сите сегменти на системот. Здравството е целосно девастирано, пациентите едвај доаѓаат до термин кај специјалист, терапии често се набавуваат од Србија, Косово или некоја друга соседна држава, изјави Лефков.
Инфлацијата, која е на врвот на листата во Европа, го јаде стандардот на граѓаните. Цената на основните производи за една година е зголемена и повеќе од 30 %. Власта се однесува како маќеа кон сопствениот народ.
И додека удираат по народот, Ковачевски и СДС преку партиски штабови вработуваат професионални војници. Додека тендери се делат помеѓу функционерите, како што е примерот со тендерот од 630.000 евра во РЕК „Битола“, кој го добива сопругата на директорот на ТЕЦ „Неготино“.
СДС и ДУИ оваа година функционираат како досега, со криминал, корупција, борба за личен интерес и бенефит, додека народот тоне во сиромаштија, а Македонија губи. Затоа потребни се промени и нова влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, која ќе донесе подобра иднина за сите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Царински инспектори пронајдоа дрога во стан на студентка, државјанка на Турција

Психотропна дрога метилендиоксиметамфетамин, мефедрон и марихуана е пронајдена при претрес на дом во Гостивар во кој престојувала студентка, државјанка на Република Турција. При претресот, извршен по добиен налог од надлежното обвинителство, инспектори од Одделението за истраги, пронајдоа вкупно шест таблети од 0,29 грама прихотропна дрога метилендиоксиметамфетамин, 1,63 грама мефедрон, марихуана и десет семки од канабис, извести Царинската управа.
Во текот на предистражната постапка е утврдено дека студентката примила авионска пратка испратена од физичко лице од Белгија, заведена како „нотес“. По приемот на пратката, осомничената ја отворила и од неа ја извадила дрогата. Во истиот момент, царинските инспектори, со налог на јавен обвинител, извршија претрес, при што е пронајдена дрогата.
Со наредба на јавниот обвинител, запленетите супстанци се доставени на вештачење во МВР, каде е потврден нивниот хемиски состав.
Против осомничената, Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги, поднесе кривична пријава до ОЈО Гостивар за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, казниво по член 215, став 1 од Кривичниот законик.
Македонија
Мицкоски: Венко дури ни неговите пратеници од СДС не го поддржуваат и го оставаат сам да потоне

На вчерашниот народен митинг во Штип во рамките на изборната кампања за локалните избори со слоган „Вистинскиот избор! Tвојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој се осврна на улогата на Венко Филипче во СДСМ и дека никој не го поддржува.
Мицкоски посочи дека на Венко воопшто не му е лесно, затоа што во улогата што ја игра во СДСМ е многу осамен и никој не му верува, па затоа ни неговите пратеници не му веруваат и не му доаѓаат на митинзите и го оставаат сам да потоне, а не пак народот да го гласа на избори.
„Искрен да бидам, човек да не му е во кожата на претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Тој во таа улога е осамен, дури ни неговите пратеници од СДСМ не го поддржуваат, не му доаѓаат на митинзите. Сам се препотува и жилави, затоа што ниту тие не му веруваат во работите кои ги кажува и го оставаат сам да потоне. И навистина, човекот не може да ги убеди ниту неговите пратеници да го поддржат, а не па народ да го гласа на следните избори“, рече Мицкоски.
Мицкоски од митингот во Штип се наврати на она што е направено изминатите 15 месеци централна власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, како и наследена состојба во државата.
„Овие 15 месеци како Влада, дадовме сè од себе да ја нормализираме државата и помогнеме на многу граѓани. Затекнавме темели кои се разрушени, доверба која е ниска во системот кој пак е расипан и нефункционален на многу нивоа. Но и во едни такви услови постигнувавме резултати“, рече Мицкоски.
Мицкоски потенцираше дека едно од фундаменталните ветување на минатата изборна кампања, на парламентарните избори, беше линеарното покачување на пензиите на сите пензионери за 5000 денари и тоа се реализираше во првите девет месеци власт, додека во првите година и половина, пензиите ќе бидат за седум илјади денари линеарно зголемени.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 22 степени

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 11, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степена.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 20 степени.
Времето во наредните денови
До вторник ќе се задржи стабилно време со дневни температури малку под просекот за овој период од годината. Под влијание на влажни воздушни маси, од среда ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд. Дневната температура ќе опадне за неколку степени.