Македонија
25 години заедно, 25 години „Мебел-Ви“
Започнавме со едноставна идеја да внесеме свежина и да го подигнеме квалитетот на понудата на мебел во Македонија. И еве денес 25 години подоцна, како најголема компанија за мебел, заедно со Вас прославивме уште еден значаен јубилеј.
Задоволство ни е да соопштиме дека оваа јубилејна година ја заокружуваме со одличен резултат како на македонскиот пазар така и со зголемено присуство и континуиран раст и на поширокиот европски пазар.
![]()
Следејќи ги стратешките определби на компанијата, освен постојаното модернизирање на производниот процес, ставивме голем акцент и на зелената енергија. Започнавме и завршивме поставување на фотоволтаици на целокупната расположлива површина и со тоа нашата фабрика, магацини, како и сите продажни центри веќе користат зелена енергија и активно допринесуваат за зачувување на животната средина. Со ова сакаме да дадеме пример и да поттикнеме зголемено внимание кон овој сегмент и кај останатите компании од нашата индустрија.
Градежните активности на нашиот нов продажен центар во Струмица очекуваме да бидат готови во првиот квартал од следната година и со доаѓањето на пролетта, заеднички да го отвориме и нашиот 8ми продажен салон кој ќе биде еден од најголемите во државата. Со ова дополнитлно ќе ја доближиме нашата понуда до сите вас.
![]()
Јубилејниот 25ти роденден Мебел-Ви и вработените го прославија викендов на централен настан, со добра забава и многу дружење. На корпоративниот настан со сите 180 вработени, свое обраќање имаа сопствениците кои се заблагодарија на вработените и доделија признанија и бонус награди на сите оние кои се подолго време вклучени во развојот на компанијата и се дел од семејството на Мебел-Ви.
На настанот беа претставени и сите проекти кои ќе бидат во фокус во следен период и ќе овозможат и понатаму понуда на исклучителен и препознатлив квалитетен производ. Откриваме и сосема нови предизвици, заедно.
![]()
Најголема благодарност до сите наши клиенти и партнери со кои 25 години заедно создаваме, растеме и живееме! Ве покануваме на одлично дружење и супер празнични попусти во сите наши салони низ Македонија.
Квалитет на кој му верувате веќе 25 години.
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Гаши на Националниот молитвен појадок во САД
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, учествуваше на Националниот молитвен појадок (National Prayer Breakfast) во Вашингтон.
Се работи за традиционален и значаен настан што ги обединува политичките, верските и општествените претставници, истакнувајќи ги вредностите на дијалогот, взаемното почитување и моралната одговорност во лидерството.
На оваа церемонија се обрати и претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп.
Од Собранието велат дека учеството на Гаши претставува можност за зајакнување на пријателските односи и за афирмирање на улогата на Република Северна Македонија како активен, присутен и почитуван партнер во меѓународната соработка.
Македонија
Се оддалечуваме од Европа поради политиките на власта, му рекол Филипче на известувачот Томас Вајц
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска одржал состанок со постојаниот известувач на Европскиот парламент за Северна Македонија, Томас Вајц. На состанокот, како што информираа од партијата, станало збор за актуелната политичка состојба и за евроинтеграцискиот процес на државата.
Филипче изразил благодарност за ангажманот на ивестувачот на ЕП, Вајц, во следењето на процесот, како и за поддршката на Европската Унија и Европскиот Парламент за европската перспектива на нашата држава.
„На средбата, Филипче посочи дека статусот во кој се наоѓа евроинтеграцискиот процес на Македонија е сериозно загрижувачки, реформската агенда е закочена, реформите не се спроведуваат, а власта не покажува волја за продолжување на европскиот пат. Тој додаде дека наместо напредок кон европскиот пат, државата поради политиките на власта се соочува со стагнација, блокирани реформи и политики кои ја оддалечуваат државата од европските стандарди“, велат од СДСМ.
Филипче нагласил и дека европската интеграција за Македонија значи процес што го зајакнува владеењето на правото, гради функционални институции и обезбедува подобар живот за граѓаните, а Македонија заслужува да се движи напред, а не да губи време и да остане изолирана.
Воедно, Филипче порачал дека СДСМ останува цврсто посветена на европските вредности и реформи, бидејќи иднината на Македонија во Европската Унија, тоа е клучот за подобра, праведна, просперитетна и напредна држава, за подобра иднина за сите граѓани.
Македонија
За возачка дозвола доволно е завршено основно образование, рече Јаневска по протестите
Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека за полагање возачки испит е потребно најмалку завршено основно образование, нагласувајќи дека државата обезбедува можности.
„Образованието е бесплатно и за оние што ја надминале возраста, така што до 29 години тие преку Центарот за образование добиваат едукација. Сме имале и проекти со наши странски партнери преку кои Ромите што биле заинтересирани да го дополнат своето образование добиле некаква едукација соодветна на барањата на пазарот на трудот, нивните лични потреби итн“ рече Јаневска одговарајќи на новинарско прашање. Додаде и дека Министерството финансира околу 40 ромски медијатори со цел зголемување на опфатот и редовното присуство на ромските деца во училиштата.
Изјавата доаѓа по протестите на граѓани кои побараа ослободување од обврската за полагање возачки испит бидејќи немаат неопходен степен на образование, а автомобилите им се неопходни.

