Македонија
Пендаровски се обрати на годишниот амбасадорски совет

Претседателот Стево Пендаровски денеска преку видеоврска се обрати пред амбасадорите и шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија во странство во рамките на годишниот амбасадорски совет, кој се одржува во организација на Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија.
Претседателот Пендаровски во своето обраќање направи кус осврт на состојбите на внатрешнополитички план оваа година посочувајќи на економските предизвици и енергетската криза, како и борбата против корупцијата.
Во контекст на надворешнополитичките аспекти, претседателот говореше за почетокот на преговорите со ЕУ, обидите за враќање на довербата во евроинтеграцијата и зголемување на поддршката за членство во Унијата, како и за натамошните чекори во преговорите.
Претседателот се осврна и на војната во Украина и ситуацијата во регионот од безбедносен аспект, при што го нагласи позиционирањето на Северна Македонија во поширокиот регион и засилениот фокус на Европската Унија кон регионот.
Претседателот говореше и за претстојното македонско претседавање со ОБСЕ, како и потребата од зајакнување на билатералните соработки со земјите во кои се акредитирани шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Зелен хуман град“ почнува со собирање потписи за основање партија

Граѓанската иницијатива Зелен хуман град почнува процес на собирање 1.000 потписи за да основа партија.
„Драги луѓе, Зелен хуман град ја формира првата партија во Македонија која во срцето на својата политичка агенда ги позиционира социјалната правда, заштитата на животните и животната средина. ЗХГ е воедно и првата партија во историјата на Македонија што ја основаат долгогодишни волонтери, а не спонзори. Ја основаат луѓе што со години во континуитет ги вложуваат своето знаење, време, енергија, како и финансии, за да создадат здраво и функционално општество за сите – и за луѓето и за животните. Иако сме принудени да ја основаме партијата само за да имаме право да се кандидираме на избори – нашето делување останува идентично како и до сега – хоризонтално, со директна демократија и активизам, отворено за секој што ги дели нашите вредности“, велат од иницијативата.
Од таму велат дека втора изборна година по ред ја отвараат вратата на секој што смета дека има доволно знаење и ентузијазам да се придружи на нивната листа за Совет на Град Скопје.
Во изминатите 4 години, велат од таму, како дел од Советот на Град Скопје со само 2 од 45 советника успеавме да постигнеме неколку преседани.
Македонија
За една недела „пајакот“ кренал 74 возила во Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 28.07. до 02.08.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 74 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.
Македонија
Бизнисменот Душко Чифлиганец загина во несреќа со мотор

Младиот бизнисмен Душко Чифлиганец загина на 32-годишна возраст во несреќа со мотор во Брно, Чешка.
Тој е син на познатиот стопанственик и универзитетски професор Ванчо Чифлиганец и беше заменик-претседател на „Адора бизнис-групацијата“.
Чифлиганец беше љубител на спортскиот мотоциклизам.