Економија
Државна лотарија се придружува на глобалната кампања за подигање на јавната свест за ризикот од вклученост на младите под 18 години во игрите на среќа
Државна лотарија, како одговорен приредувач на игри на среќа, членка на Европска Асоцијација на лотарии и учесник во Кампања за одговорно дарување‒Gift Responsibly Campaign 2022 , се придружува кон организациите ширум Европа и светот со цел подигање на јавната свест за ризикот од дарување инстант лозови на деца. Кампањата е во организација на National Council on Problem Gambling (NCPG) и на International Center for Youth Gambling Problems and High-Risk Behaviors при McGill University.
Истражувањата покажуваат дека колку порано, во текот на детството, е личноста изложена на игри на среќа, и на коцка, толку е поверојатно дека подоцна во животот може да развие проблематична страст кон коцкањето. Изложеноста во периодот на детството е најчесто можна преку различни продукти подарени од страна на возрасните, несвесни за можниот ризик.
Државна лотарија е компанија чијшто фокус е придонес во заедницата со директно инвестирање во фонд за општествено корисни цели, преку учество во игрите на среќа од страна на граѓани на возраст над 18 години. Компанијата ја поздравува потребата од овој вид глобална кампања за одговорно дарување и ја имплементира локално во прилог на поздрава младина.
Државна лотарија како поддржувач на Gift Responsibly Campaign,2022, за време на празничниот периоддекември 2022 ‒ јануари 2023, работи на подигање на јавната свест за децата да не се вклучуваат во игрите на среќа, преку кампањата за дарување инстант лозови СРЕЌА ПЛУС. Низ рекламата кампања за дарување инстант лозови Државна лотарија потсетува дека инстант лозовите не се детска игра.
„Проблематичното коцкање меѓу младите стана значаен и брзорастечки здравствен проблем. Честитаме на Државна лотарија за посветеноста на јакнење на јавната свест за потребата од одговорно дарување игри на среќа преку Gift Responsibly Campaign“ рече Кејт Вајт(Keith Whyte), извршен директор на NCPG.„Нашата порака е едноставна: инстант лозовите никогаш не може да се соодветен подарок за деца“
Празниците се време за дарување, а еден од најзабавните подароци за блиските и пријателитена возраст над 18 години, полн со возбуда и шанси за поголеми и помали добивки, сеинстант лозовиспакувани во прекрасните коверти СРЕЌА ПЛУС.Избирањето подарок треба да се направи со одговорност и да се внимава на возраста на примателот ма подарокот. Одговорното дарување ќе е и дел од кампањата на социјалните медиуми, а пораката ќе биде истакната и на два вида празнични коверти СРЕЌА ПЛУС. Пораката е јасна и гласи: Инстант лозовите не се за детска игра. Ставот на Државна лотарија е декана лица на возраст под 18 години не треба да им се даруваат инстант лозови и не треба да се вклучуваат во игрите на среќа. Воедно и надвор од оваа празнична кампања Државна лотарија се придржува кон правилата за одговорно приредување игри на среќа, што е потврдено со сертификат за Responsible Gaming од Европска Асоцијација на лотарии, согласно што во континуитет се спроведуваат активности на ниво на компанија.
За National Council on Problem Gambling
The National Council on Problem Gambling (NCPG) е наутрална по прашањето за легално коцкање.
Со седиште во Вашингтон ДС, NCPGе единствената национална непрофитна организација којашто тежнее да ги минимизира економските и социјалните последици од зависноста од коцкање.
Доколку вие, или некој кого што го познавате, можеби, има проблеми со коцкање, контактирајте ја линијата за помош: National Problem Gambling Helpline, којашто нуди надеж и помоѓ без стигматизирање и срам. Call or text 1-800-GAMBLER or visit www.1800gamblerchat.org. Помошта е достапна 24/7 – бесплатно и дискретно.
За International Center for Youth Gambling Problems and High-Risk BehaviorsприMcGill University
Повеќе од 20 години„Интернационалниот центар за проблеми со коцкање кај младите и однесувања со висок ризик“, при Универзитетот Мекгил (International Centre for Youth Gambling Problems and High-Risk Behaviours at McGill University)предничи во најновите водечки истражувања со цел да се идентификуваат и разберат критичните фактори поврзани со проблемите од коцкање кај младите.
ПР-текст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
ФЕРОИНВЕСТ ги отвора своите електрани: Инвеститорите поканети да се уверат како изгледа функционален батериски систем
Со зголемениот интерес за батериски системи кај фотонапонските електрани, сè почесто се појавуваат сериозни проблеми поврзани со нивната имплементација. Дел од инвеститорите купуваат батериски системи кои воопшто не можат да се инсталираат бидејќи не се соодветни за македонскиот пазар и мрежа, додека во други случаи батериите се инсталираат, но поради недостаток на искуство и несоодветна опрема за програмирање на истите, тие никогаш не се пуштаат во комерцијална работа.
Тоа значи дека наместо батерискиот систем да носи поголеми приходи и заштеди, тој прави загуби.
Батерискиот систем не е обична батерија ниту опрема што може лесно да се приклучи. За разлика од фотонапонските електрани кои се релативно едноставни во својата имплементација и работа, батериските системи се сложен енергетски објект кој мора правилно да се проектира, софтверски да се интегрира, и да се усогласи со мрежните правила, регулативите и пазарните механизми.
ЗОШТО Е ВАЖНО ДА СЕ РАБОТИ СО ИСКУСЕН ПАРТНЕР?
ФЕРОИНВЕСТ нуди два типа проверени батериски системи:
· Кабинетски батерии
· Контејнерски батериски системи
Овие системи: ✔ со години совршено функционираат во Европа, со вкупен инсталиран капацитет од над 3.000 MWh.
✔ совршено функционираат и во Македонија, со вкупен инсталиран капацитет над 20MWh.
РЕАЛНИ, ФУНКЦИОНАЛНИ ПРИМЕРИ ВО МАКЕДОНИЈА
За разлика од многу теоретски решенија, батериските системи на ФЕРОИНВЕСТ се реално поставени, поврзани на мрежа, стекнати со сите дозволи, и веќе подолг период работат и се дел од комерцијална експлоатација без никаква техничка или административна пречка.

Дел од електраните на кои ФЕРОИНВЕСТ има поставено батериски систем кој веќе функционира се:
📍 Фотонапонска електрана Гиновци – 6,1 MWh/2,6MW, о. Ранковце, Крива Паланка
📍 Фотонапонска електрана Тркање – 10,5MWh/4,5MW, Кочани
Ги покануваме сите заинтересирани инвеститори лично да ги посетат локациите и од прва рака да се уверат во функционалноста, стабилноста и ефектите од правилно имплементиран батериски систем.
КОМПЛЕТНА УСЛУГА – ОД ИДЕЈА ДО ПРИХОДИ
ФЕРОИНВЕСТ нуди целосно заокружено решение, кое опфаќа:
· изработка на бизнис план (физибилити студија) за финансирање
· проектирање на батерискиот систем
· испорака на батерискиот систем и негово поставување на терен
· пуштање на батеријата во работа
· програмирање на батеријата и оптимизација на приходите и заштедите
· 24/7 мониторинг на батерискиот систем
· одржување на батерискиот систем
· приклучување во нашата балансна група
· откуп и пласман на произведената и складираната електрична енергија
ПОРАКА ДО ИНВЕСТИТОРИТЕ
Ако сакате батериски систем што навистина ќе работи, што носи техничка и финансиска сигурност, и оптимален поврат на инвестицијата –ФЕРОИНВЕСТ има реални проекти, реално искуство и докажани резултати.

За повеќе информации и закажување посета на активните локации со батерии на електраните на ФЕРОИНВЕСТ:
02/5122 809
075 277 354
ПР
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.

