Свет
Илон Маск најави побрза работа на „Твитер“
Американскиот претприемач и сопственик на „Твитер“, Илон Маск, денеска објави дека се направени промени на серверите со базата на податоци и дека ќе се забрза работата на мрежата.
„Направени се значителни промени во архитектурата на основните сервери. ‘Твитер’ треба да биде побрз“, напиша Маск на оваа социјална мрежа.
Вчера, беа забележани проблеми во работата на „Твитер“ и десетици илјади корисници во светот не можеа да пристапат до популарната медиумска платформа или да ги користат нејзините клучни елементи.
По неколкучасовен прекин, мрежата повторно стана достапна, објави „Ројтерс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Столтенберг им порачува на европските лидери да не се плашат од Трамп, туку да соработуваат со него
Шефот на НАТО во заминување Јенс Столтенберг им порача на европските лидери да не се плашат од републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп, туку да соработуваат со него.
Во интервју за Политико, ден пред заминувањето од функцијата, генералниот секретар на Алијансата рече дека скептичните европски влади „треба да направат сè што можат“ за да го убедат Трамп да ја продолжи американската поддршка за Украина, доколку победи на изборите во ноември.
„Кој и да победи на претседателските избори во САД во ноември, мислам дека е важно европските сојузници да се ангажираат за да обезбедат САД да продолжат да ја поддржуваат Украина“, рече Столтенберг.
Свет
Трамп: Јас сум единствениот американски лидер за време на чиј мандат Русија не ги нападна соседите
Поранешниот претседател на САД и кандидат на републиканците на претстојните претседателски избори, Доналд Трамп изјави дека тој е единствениот американски лидер во последните години за време на чиј мандат Русија не ги нападна своите „соседи“, вклучително и Украина.
Во интервју за „Вашингтон пост“, Трамп изјави дека рускиот претседател Владимир Путин никогаш немаше да започне војна против Украина додека е тој на власт.
„Ние би разговарале за тоа, тоа би било негов сон, но тој никогаш не би го направил тоа со мене на власт“, истакна тој.
Свет
Путин го унапреди својот поранешен телохранител во член на Советот за безбедност на Русија
Рускиот претседател Владимир Путин денеска го унапреди Алексеј Дјумин, неговиот поранешен телохранител, во член на рускиот Совет за безбедност.
„Да се вклучат следните лица како членови на Советот за безбедност на Руската Федерација: А. Г. Дјумин – помошник на претседателот, А. Л. Линка – шеф на ГУСП, Д. В. Мантурова – прв заменик претседател, В. И. Скворцова, шеф на ФМБА“, наведено е во декретот на претседателот на Русија, објави РИА Новости.
Путин го исклучи од Советот за безбедност вршителот на должноста секретар на Генералниот совет на Единствена Русија, Владимир Јакушев, кој минатата недела премина во Советот на Федерацијата.