Македонија
ДУИ: Годинава повторно ги зголемуваме минималната плата и пензиите
И во текот на оваа година ќе продолжат успешните економски мерки во земјата. Демократската унија за интеграција од секогаш како приоритетен фокус ја имала грижата за граѓаните, така што од март ќе продолжи реализацијата на нејзиниот политички објектив за зголемувањето на пензиите за приближно 7 % за речиси 330 илјади пензионери.
Заедно со пензиите создадени се услови за зголемување на минималната плата за 10 %, која нема да биде ни помалку ни повеќе од 20 илјади денари, што ќе се усогласи со зголемувањето на платите во сите сектори.
Демократската унија за интеграција активно работи на привлекување странски инвестиции, кои отвораат нови работни места, а со тоа процентот на невработеност во земјата автоматски се намалува, исто така предвидени се 250 милиони евра за нови антикризни мерки.
Во буџетот за 2023 година предвидени се 800 милиони евра за капитални инвестиции, што ќе резултира со голем економски раст, кој, според прогнозите на Европската банка за обнова и развој, ќе биде околу 2,3 %.
Демократската унија за интеграција се залага за активна и ефикасна заштита на стандардот на граѓаните и обезбедува континуирана поддршка за компаниите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Тошковски ќе го унапредува Центарот за обука во модерен центар за полициска обука
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вчера заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев и дел од раководството на МВР го посетија Центарот за обука на МВР. Тошковски, како што информираат од неговиот кабинет, потенцирал дека континуираната обука на вработените во МВР ќе донесе поголема безбедност за граѓаните.
Информираше дека во моментот се реконструираат дел од објектите на Центарот кои се во сопственост на Министерството за внатрешни работи, а во кои престојуваат и следат настава кандидатите за полициски службеници.
„Наша амбиција е да го унапредиме Центарот за обука во модерен центар за полициска обука, кој ќе прерасне во регионален центар за обука на кадри од областа на безбедноста. Во минатото не бил ставен доволен акцент на континуираноста на обуките и на тој дел посветено ќе се работи“, посочил Тошковски за време на посетата.
Тој нагласил дека ќе изградат систем на континуирана обука на полициските службеници и вработените во Министерството за внатрешни работи, со што ќе се зајакне стручноста и професионализмот на целата институција која е надлежна за безбедноста, како основа за подобар квалитет на живот на сите граѓани
Македонија
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
СДСМ денеска на вонредни внатрепартиски избори ќе избира нов лидер на партијата
СДСМ денеска на вонредни внатрепартиски избори ќе избира нов лидер на партијата. Гласањето ќе се одвива на 77 избирачки места ширум земјава, а своето право на глас ќе можат да го остварат околу 23 илјади акредитирани партиски членови.
Во трката за нов лидер на СДСМ остануваат поранешниот министер за здравство и актуелен пратеник Венко Филипче, директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски, како и поранешниот заменик министер во МИОА Александар Бајдевски, откако поранешната министерка за одбрана и актуелна пратеничка Славјанка Петровска, вчера, на еден ден пред изборите ја повлече кандидатурата.
Преку официјално писмо до Централната изборна комисија за претседателските избори во СДСМ, Петровска побара нејзиното име да не стои на избирачкото ливче, иако во изјава за медиумите рече дека таа сепак ќе се најде на избирачкото ливче, бидејќи материјалите биле веќе отпечатени.
Таа ги повика останатите тројца кандидати да се откажат од внатрепартиското гласање за избор на претседател на партијата, бидејќи, како што рече, изборниот процес бил нефер, односно еден од противкандидатите имал пристап до базата на податоци и ги злоупотребувал личните податоци на членовите на партијата. Посочи дека до неа стигнале информации дека во определени општински организации се појавиле одреден број гласачи, кои не побарале да бидат регистрирани, односно, како што рече, некој користејќи ги алатките во нивно име ги регистрирал.
Четворицата кандидати месецов водеа предизборна кампања, најавувајќи реформи во партијата, како и обединување на членството.
Претседателката на Централната изборна комисија за избор на претседател на СДСМ, Викторија Аврамовска-Мадиќ, рече дека Комисијата работела напорно за да спроведе транспарентен и демократски процес, затоа внатрепаритското гласање в недела ќе се одржи.
Во врска со вчерашните забелешки на Петровска, Мадиќ рече дека тоа е нејзино право. Нагласи дека дел од доставените приговори од страна на некои општински организации биле прифатени, дел не.
Избирачкиот список ќе брои вкупно 23.373 акредитирани членови на СДСМ.
Досега, на чело на партијата беа Бранко Црвенковски, Владо Бучковски, Радмила Шекеринска, Зоран Заев и Димитар Ковачевски.