Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Мнозинството во СДС бара избори, Ковачевски и Зечевиќ знаат дека тоа би било крај на нивните криминални кариери и затоа се против
Две кариери, онаа на Димитар Ковачевски и таа на Миле Зечевиќ, ја држат Македонија во заложништво. Тие знаат дека предвремени избори ќе значат крај на нивните криминални кариери и почеток на промените за посигурна иднина на Македонија. Дури и мнозинството во СДС, членови, министри и дел од пратениците заговараат избори бидејќи не гледаат излез од ќор-сокакот во кој раководството на СДС, Ковачевски и Зечевиќ, ја втурнаа државата. Додека сите очекуваат избори, Ковачевски не сака избори за да продолжат тендерите и бизнисите на фирмите на неговиот кум, бизнисите на неговото најтесно семејство, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Додека Македонија е на колена, семејството Ковачевски врти милиони од власта што ја ползува. И додека Македонија тоне, Ковачевски си продолжува да биде верен калфа на Ахмети и да слуша пораки од Зајас, но и од Струмица. Таквата коалиција на хаосот надградена со поддршката на фолирантите од Левицата на локално ниво ја упропастува секоја иднина на секој еден граѓанин, додаваат од партијата.
Лекот и излезот се избори, а Ковачевски, ако ништо друго, нека го слушне гласот на народот и на своето членство. Македонија не смее да биде заложник на криминалните кариери на Зечевиќ и Ковачевски, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

