Македонија
(Видео) Ѓорѓиевски: Кисела Вода со над 120 нови проекти за 2023 година
Годината што помина беше турбулентна, но сепак ги исполнивме вашите очекувања. Оваа година покажавме дека може поинаку и дека можеме да наметнеме ново темпо и нова динамика во исполнување на сето она што беше ветено во кампањата. Покажавме дека можело поинаку, без да се крадат парите на граѓаните и без да се ставаат под тепих проблемите. Заеднички со вас испишуваме нови стандарди во работењето и во креирањето на новиот буџет и проектите за идната година, истакна градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, при обраќањето во кампањата „Промените на дело“ .
Градоначалникот Ѓорѓиевски во текот на своето обраќање најави и проекти што се планирани за следната година.
„Дадовме приоритет на граѓаните и на нивните проблеми. Преку отворениот повик за проектирање на буџетот добивме одлични предлози, од кој голем дел се вклучени во буџетот за оваа година. Оливер Стојановски побара решавање на проблемот со водоснабдување во Стаклара. Со огромно задоволство можам да соопштам дека овој проект е дел од новиот буџет и оваа година ќе почне со реализација на ова барање. Жителите на Припор побараа асфалтирање на 7 улици и ова исто така ќе биде реализирано оваа година. Оваа година ќе направиме и многу други проекти. Целосна реконструкција на мостот ‘Киро Фетак’ во Драчево, реконструкција на патната инфраструктура во 11 Октомври – бараки. Реконструкција на улици и во другите населени места, но и уште една нова, трета по ред градинка во Кисела Вода, во Расадник, како и уште над 120 нови проекти за наредната година во нашата општина“, рече Ѓорѓиевски.
Градоначалникот Ѓорѓиевски им порача на граѓаните дека промените се случуваат и дека општина Кисела Вода ќе оди напред.
„Општина Кисела Вода ќе оди напред. Не ги забораваме проблемите на народот и со сите сили се бориме да создадеме заедничка иднина. Покажуваме разлика и решаваме децениски барања на нашите сограѓани. Промените се случуваат во Кисела Вода и вие го забележувате тоа. Промените на дело“, додаде тој.
![]()
Исто така, обраќање за кампањата „Промените на дело“ имаше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој порача дека во општина Кисела Вода ќе се реализираат многу проекти и ќе се решат многу проблеми на граѓаните. Претседателот Мицкоски потсети дека ВМРО-ДПМНЕ на секоја опструкција од власта одговара со многу работа заедно со народот.
„Кога ја баравме вашата доверба, ви ветив дека нема да бегаме од проблемите. Една година потоа ви велам дека заеднички ги решаваме проблемите. И покрај сите кочници и браници што ги поставува Владата, ние одиме напред и заеднички создаваме иднина. Изминатата година во општина Кисела Вода се инвестираа повеќе од 200 милиони евра. Оваа година следува офанзива во реализација на капиталните проекти во висина од 150 милиони денари. И, конечно, ќе почне да се гради нов мост на улицата Киро Фетак во населбата Драчево. Ќе се изградат многу други проекти, ќе се решат многу други проблеми. Има разлика. Ние на секоја опструкција одговараме со многу работа и секогаш заедно со народот, без поделби, без омраза, со многу посветеност и желба за заедничка иднина. Промените на дело“, вели Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Битола, Охрид и околината: епицентарот во Албанија
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 23 часот и 10 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Албанија, на околу 150 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.7
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Битола, Охрид и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
За потребите на сеизмолошките истражувања, доколку сте го почувствувале земјотресот, пополнете го прашалникот за почувствуваност достапен на линкот: https://seismobsko.pmf.ukim.edu.mk/prasalnici или јавете се на 112.
Македонија
Земјотрес во Охрид
Земјотрес со епицентар во Грција е почувствуван во Охрид и околината, вечерва во 19 и 50 часот.
„Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 19 часот и 50 минути регистрираа земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 100 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.7“, соопшти Сеизмолошката опсерваторија.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Охрид и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
За потребите на сеизмолошките истражувања, доколку сте го почувствувале земјотресот, пополнете го прашалникот за почувствуваност достапен на линкот: https://seismobsko.pmf.ukim.edu.mk/prasalnici или јавете се на 112.
Македонија
Андоновски на состаноци во Стејт департментот: Соработката во областа на сајбер безбедноста и дигитализацијата во фокусот
Во рамки на работната посета во Вашингтон, денеска се реализираат работни средби во Стејт департментот на САД. Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, утринава оствари работна средба со Russ Headlee, Senior Bureau Official (SBO), прв човек на Бирото за Сајбербезбедност и дигитални политики на Стејт Департментот на САД.
„На средбата беше потврдена заедничката определба за унапредување на билатералната соработка меѓу Република Македонија и Соединетите Американски Држави во областа на дигиталната трансформација и сајбер безбедноста. Разговорите се фокусираа на продлабочување на соработката во клучни области: сајбер безбедноста и дигиталните политики; привлекување на инвестиции од САД во областа на дигитализацијата и сајбер безбедноста; доверливо поврзување на институциите и безбедна инфраструктура; отпорност и доверба“, соопштија од Министерството.
Дополнително, во рамки на дискусијата биле опфатени и прашања поврзани со јакнење на капацитетите помеѓу партнерските влади, размена на експертиза, како и јавно-приватна соработка во доменот на сајбер безбедноста, со цел развој на безбедни и доверливи дигитални јавни услуги и заштита на критичната дигитална инфраструктура.
„Дигиталната трансформација мора да оди рака под рака со сајбер безбедноста и довербата во технологијата. Соработката со Стејт департментот и со Бирото за сајбер безбедност и дигитална политика е значаен чекор за зајакнување на нашите капацитети и за побрза модернизација на јавните услуги“, истакна министерот Андоновски.
Во продолжение на работната агенда, заедно со македонската делегација предводена од претседателот на Собранието, Африм Гаши, министерот Андоновски оствари средба и со Daniel J. Lawton, заменик помошник секретар во Стејт департментот.
Според Министерството, оваа средба претставува значаен чекор кон зајакнување на соработката, градење институционални капацитети, размена на експертиза и меѓусебна поддршка помеѓу Македонија и САД.
Средбите завршија со договор за наредни чекори, вклучително и утврдување приоритетни области за соработка и редовна комуникација меѓу тимовите, со цел подготовка и реализација на конкретни активности и проекти во претстојниот период.

