Црна хроника
Штипјанец украл возило од мензата на Клинички центар и направил сообраќајка
19-годишен штипјанец е приведен денеска откако во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ одзел патничко возило, сопственост на мензата на болницата и со него удрил во бетонски столб информира Министерството за внатрешни работи.
„На 04.01.2023 во 02.45 часот на ул.„Козара“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Ј.(19) од Штип, затоа што околу 01.30 часот во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ одзел патничко возило, сопственост на мензата на болницата и со него удрил во бетонски столб“, соопшти МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Насилство во Скопје: жена нападната од поранешниот партнер, ја натепал и нејзината малолетна сестра и им го кршел инвентарот
Дваесет и петгодишна жена од Скопје пријавила дека на 27 септември, околу 13.30 часот, во семејниот дом на подрачјето на Драчево таа и нејзината малолетна сестра биле физички нападнати од нејзиниот поранешен партнер А. Ф. (34) од Скопје.
Притоа мажот искршил и дел од покуќнината.
Од МВР велат дека по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Во дневниот полициски билтен има уште неколку пријавени случаи на семејно насилство.
Денеска 34-годишна жена пријавила дека на 29 септември околу 18.00 часот во семејниот дом во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, била физички нападната од нејзиниот сопруг Ј.К. од Скопје.
Истиот ден, 29-годишна жена пријавила дека на подрачјето на општина Аеродром, била физички нападната од нејзиниот сопруг З.С.(34) од Скопје.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против С.С. (36) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ во врска со семејно насилство. На 31.08.2024 пред продажен објект во Гостивар, пријавениот физички ја нападнал својата партнерка, при што и нанел телесна повреда, објави МВР.
Црна хроника
Кривична пријава за 82-годишен прилепчанец поради полово вознемирување малолетници
Полицијата поднесе кривична пријава против П.Н.(82) од прилепско село, поради постоење основи на сомнение за полово вознемирување.
На 26 август во селото, пријавениот, полово вознемирувал три малолетници, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Татко со закана ги зел своите деца од прифатен центар за бездомници, каде што биле со мајката, полицијата го приведе
Синоќа, на подрачјето на Гази Баба, полицијата го приведе А. Ш. (24) од Скопје по претходна пријава дека околу 19.30 часот во прифатен центар за бездомни лица во селото Визбегово, Скопско, со закана со остар предмет и физичка сила, од својата 23-годишна вонбрачна сопруга ги одзел двете малолетни деца.
Известен бил Центарот за социјална работа, а малолетниците биле вратени на мајка им.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна кривична пријава, објави МВР.